Култура
(ВИДЕО) Духовен подвиг во Манастир Пречиста – сестра Текла и нејзиниот монашки завет

Со радост го споделуваме ова возвишено видео, кое ги доловува светите моменти од прославата во Манастирот Пречиста Кичевска, при монашењето на сестра Текла, на празникот Рождество на Пресвета Богородица (20/21 септември 2024). Овој духовен настан, исполнет со небесна благодат, го означи почетокот на новиот живот на сестра Текла во Христа, посветувајќи го своето битие на монашкиот пат.
Видеото содржи величествени кадри од манастирската слава и светиот чин на монашењето, умешно монтирано од Александар Пауновски, кој истовремено е и главен снимател на видеото. Во снимањето учествуваше и Дарко Цветаноски, чии дополнителни кадри ја збогатуваат атмосферата, а воздушните снимки се дело на Никола Наумовски, кој користеше дрон за да ги прикаже манастирот и неговата околина од височина. Музичката придружба е дело на Петар Христов, кој свири на критска лира и кларинет, со клавирска поддршка од Симон Облешевски, додека музичката продукција и обработката беа реализирани од Горан Трајковски – Готра.
Фотографите на овој значаен настан беа Давор од Порта.мк, Дарко Цветаноски, Никола Наумовски, Томе Љушев и Јован Ангелески, кои со своите фотографии дополнително ја доловија атмосферата и убавината на монашкиот чин. Нивните фотографии, заедно со видеото, ги пренесуваат најдлабоките моменти на радост и духовност што ги доживеа монашката заедница и присутните верници.
Во целото видео се чувствува тивка радост и духовен мир, додека сестра Текла, под духовното раководство на својот отец, епископот г. Партениј, ги положува заветите и го добива светото име на првата маченичка и рамноапостолна света Текла. Монашкиот постриг беше извршен од пастирските раце на Високопреосвештениот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој со својата благодат ја воведе сестра Текла во монашкиот живот, благословувајќи го нејзиниот нов духовен пат.
Погледнете го целосното видео тука: Монашење во Пречиста – монахиња Текла
Ве повикуваме да бидете сведоци на овој благословен момент, кој сведочи за живата традиција на православното монаштво, каде љубовта, смирението и посветеноста кон Бога го водат верниот народ. Нека патот на сестра Текла во служба на Христа биде инспирација и светлина за сите кои ја бараат вистинската смисла на христијанскиот живот.
Кредити за продукцијата:
🎬Видео монтажа: Александар Пауновски
📽️ Видео: Александар Пауновски, Дарко Цветански
🚁 Дрон: Никола Наумовски
⛪ Продукција: Бигорски Манастир
🎼 Музика: Петар Христов
🎺 Критска лира: Петар Христов
🎹 Клавир: Симон Облешевски
🎚️ Музичко студио и обработка: Горан Трајковски – Готра
Не го пропуштајте ова духовно сведоштво за верата и посветеноста!
Култура
Денес се празнува „Откривањето и преносот на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан“, еден од четирите празници посветени на овој светец.

На денешен ден, односно 15 август, православните христијани го празнуваат „Откривањето и преносот на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан“, еден од четирите празници посветени на овој светец.
Свети Стефан е првиот маченик што пострадал за христијанската вера, поради што неговиот култ е широко распространет кај нашиот, но и кај други православни народи. Иако најмногу се чествува на 9 јануари, и овој летен празник се одбележува со богослужби и молитви.
Како и апостолите, и Стефан бил исполнет со Светиот Дух и правел многу чуда, за кои се сведочи во Новиот завет.
Празникот се однесува на пронаоѓањето и свечениот пренос на неговите мошти. Според преданието, откако бил убиен со камења, неговото тело било оставено без погреб, но Бог не дозволил да биде осквернавено. По два дена, Гамалиил — таен следбеник на Христос и учител на апостол Павле — го зел телото и чесно го погребал во својата пештера.
Со тек на време, местото на погребот било заборавено, сè до 415 година, кога Гамалиил му се јавил во сон на свештеникот Лукијан и му го открил гробот. Моштите потоа биле пренесени на Сион, а подоцна и во Цариград, при што многумина биле исцелени од нив.
Во чест на светецот, во охридското село Шипокно, во пештера, постои една од најстарите цркви посветени на Свети Стефан, датирана од XIX век.
Култура
Денеска се слави Преподобната маченичка Параскева, позната меѓународот како Св.Петка

Денес се одбележува споменот на Преподобната маченичка Параскева, која во народот е позната и како Света Петка.
Таа е родена во Рим во христијанско семејство и уште од мали нозе била воспитана во духот на христијанската вера. Со голема посветеност ги исполнувала Божјите заповеди и преку својот живот исполнет со доблести, влијаела и на другите луѓе да тргнат по патот на спасението.
По смртта на нејзините родители, го разделила целиот имот на сиромашните и се замонашила. Како монахиња, уште поревносно ја ширела христијанската вера, иако во тоа време таа била строго забранета и жестоко гонета од римските власти.
Првата тужба против неа ја поднеле злобни луѓе, кои ја пријавиле заради проповедање на верата во Христа. Ја изведоа пред римскиот цар Антонин, кој се обиде со убеди и ласкања да ја натера да се откаже од верата, но без успех. Потоа ја изложиле на страшни маки – ѝ ставиле врел метален шлем на главата, но Господ чудесно ја заштитил и таа останала жива. По ова чудо, побегнала од Рим.
Продолжила да патува од град во град, обраќајќи го незнабожечкиот народ кон христијанството. И во други градови била судена и мачена, но со Божја сила извршувала чуда и чудесно се опоравувала од маки.
Незнабошците ги припишувале тие чуда на магија, а нејзиното заздравување на нивните идоли. Еден кнез, мачител, ѝ рече дека нејзиното спасение се должи на неговите богови, но светицата му возврати: „Не ме спасија твоите богови, туку мојот Христос – вистинскиот Бог“.
На крај, кнезот Тарасиј ја погубил со меч. Така заврши животот на Света Петка – со маченичка смрт, но и со голема слава. Нејзините свети мошти подоцна биле пренесени во Цариград. Таа го претрпе мачеништвото во вториот век, оставувајќи силен белег во историјата на христијанството.
Култура
122 години „Илинден“ – Честит именден на сите кои го носат името Илија, Илчо, Илинка, Илина, Иле…

Големиот македонски празник, 122 години „Илинден“ најмногу го асоцира македонскиот народ на славното Илинденско Востание и на Крушевската Република, сепак, во својата основа го има свети Илија, лик од христијанската религија кој има значајно место и во народните верувања.
Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици.
Пророк кој пали и гаси на небото и земјата. Именден празнуваат: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо.
Македонските граѓани денеска го прославуваат Денот на Републиката, 2 август. Чествувањата на големиот празник на македонската борба за слобода.
-
Кичево3 часа
ОВР Кичево лиши од слобода кичевчанка која вчера на „Магистрален пат“ возела со брзина 107 км/ч
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за понеделник (18 август)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (17 август)
-
Временска прогноза2 дена
Утре попладне најава за локален пороен дожд и дестабилизација, додека во понеделник дожд и грмежи речиси на секаде во Македонија
-
Македонија2 дена
„Центарот за Безбедност на Вода на Црвен Крст Охрид“, денес по силниот ветер спаси оддалечени луѓе од брегот на охридско езеро!
-
Скопје1 ден
Ноќеска скопјанец предизвикал сообраќајка, пијан 3,30 промили алкохол во крвта
-
Кичево30 минути
Играорците на КУД „Бисер“ од Кичево во Полска, се натпреваруваат за најубава македонска носија на меѓународен фестивал
-
Македонија19 часа
Во Штипската болница вчера бил донесен работник од Бангладеш, се повредил при работа