Спорт
Канатларовски ги истакна избраниците за мечевите против Молдавија и Грузија

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Драги Канатларовски го објави списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари против Молдавија (11. октомври) и против Грузија (15. октомври).
На списокот на селекторот Канатларовски за двата гостински меча се наоѓаат следните 24 фудбалери:
Марко Алчевски Хапоел Јерусалим, Израел
Андреј Јовчевски Пелистер
Љупче Џеков Силекс
ОДБРАНА:
Стефан Деспотовски Шериф Тираспол, Молдавија
Решат Рамадани Шкендија
Имран Фетаи Беса
Малик Хамзиќ Гостивар
Ерен Алиевски Трелеборг, Шведска
Ерион Алији Хорн, Австрија
Ѓорѓе Џеков Силекс
СРЕДЕН РЕД:
Иван Николов Сондеријске, Данска
Алекс Златков Шкупи
Хамза Рамани Шкупи
Беким Камбери Струга Трим Љум
Димитар Тодоровски Работнички
Бехар Фета Домжале, Словенија
Бесар Гуџуфи Шкупи
Лука Станковски Раднички, Србија
Матеј Ангелов Черкаси, Украина
Ване Крстевски Шкендија
НАПАД:
Михаил Талевски Пелистер
Фитон Адеми Шкендија
Филип Трпчевски
Спорт
За прв пат, во ист ден тројца кичевски судии ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови

Историски ден за кичевскиот спорт, во водите на професионалните фудбалски судии. Тројцата арбитри под нашето фудбалско поднебје кои буквално животот го посветија во фудбалскиот свет во ист ден ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови.
Имено, во среда на мечевите во рамки на „UEFA“ младинската лига до 19 години помеѓу „Австрија Виена“ со „Макаби Хаифа“ – судии ќе бидат Јован Качевски, Даниел Василевски и кичевчанецот Давор Цветаноски, додека на мечот во „Nordragota“ – „Викингур“ со „Генк“ правдата ќе ја делат Влатко Илиовски и кичевчаните Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.
Благодарение на Фудбалската федерација на Македонија на чело со претседателот Масар Омерагиќ и комесарот Јосип Бартон се дава можност на национални докажани судии да судат интернационални натпревари кои достојно ќе ја претсават Македонија во Европа, подвиг кој е за сите почести.
Мечот во Виена ќе започне од 15:30 часот, додека истиот ден мечот во Фарски Острови ќе започне од 20:00 часот.
Спорт
Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз

Избраниците на Благоја Милевски сега ќе имаат клучен дуел со следната селекција, кој ќе реши кој тим ќе го заземе второто место. Со ова реми, фудбалската репрезентација на Македонија го предаде врвот на табелата на Белгија, која успеа да го совлада Велс по драматичен пресврт.
Велс во наредното коло ќе се сретне со Лихтенштајн, а евентуална победа би им донела можност да ја поминат Македонија на табелата. Судирот меѓу овие две репрезентации ќе се одигра токму во последната рунда, што дополнително ја зголемува неизвесноста.
Со победа во овој натпревар, Македонија ќе можеше да остане во трката за првата позиција, иако Белгија би била во пол-поволна ситуација. Сепак, по актуелниот расплет, македонските фудбалери ги очекува исклучително тежок ноемвриски предизвик.
Дуелот беше крајно израмнет и двата состави создадоа неколку добри прилики во првото полувреме, но мрежите мируваа до паузата. Казахстан прв стигна до водство во 54-тата минута преку Динмухамед Караман, но Енис Барди успеа да врати баланс во 74-тата минута со прецизен удар.
Иако нашите имаа уште неколку обиди да направат целосен пресврт, сепак не успеаја повторно да ја затресат мрежата и да си обезбедат полесен финиш на квалификациите.
Голот на Барди од слободен удар ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“
Спорт
(ВИДЕО) „Бомба“ од слободен удар на Енис Барди носи израмнување на мечот со Казахстан, одиме на победа!

Енис Барди го „матираше“ противничкиот голман на Казахстан. Од слободен удар максимално прецизен и силен донесе израмнување на мечот 1:1 по примениот „несреќен“ гол предмалку од гостите.
Одиме на победа!
Голот ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (19 октомври)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за понеделник (20 октомври)
-
Без категорија2 дена
Неколку родителски работи, кои вашето дете ќе го направат посреќно
-
Македонија22 часа
МВР: Гласањето се одвива мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонски броеви 192 или 112
-
Социјални мрежи2 дена
„Мeta“ ја гаси оваа верзија на „Messenger“
-
Временска прогноза2 часа
Пред нас период на суво време и значително топло
-
Магазин1 час
Apple го претстави првиот M5 чип
-
Магазин1 час
Сакате Windows 11? Microsoft го направи достапен за сите!