Кичево
Во ЈЗУ Општа Болница Кичево недостигал ехо апарат, случајот бил пријавен во МВР
На 21.10.2024 во 11.45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во Општа болница во Кичево, недостига ехо апарат, кој за време на ковид пандемијата во 2021 година во болницата бил дониран од Министерството за здравство.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, за медиумите информира портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
Кичево
Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево.
Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри.
По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“. Предводник на оваа манифестација, заедно со здружението е Алексо Тришоски.
Музичкиот настан е закажан со почеток од 18:00ч (сабота) 25.10.2025 г, додека влезница за овој настан ќе чини симболични 100 денари.
Бидете дел, да бидеме хумани, да помогнеме!

Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“
Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
-
Кичево1 денВчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (26 октомври)
-
Спорт1 денФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско
-
Култура13 часаУтре е голем празник, се слави Св.Петка, за многу години „Петковден“ – честита домашна слава на сите кои чекаат гости вечерва и утре
-
Временска прогноза1 денОд утре доаѓа бура од дождови во западниот регион од Македонија
-
Временска прогноза8 часаОд ноќеска засилен бран на дожд, грмежи и ветер особено во западниот регион од Република Македонија, ова се информациите
-
Магазин1 денВидео и аудио платформата „Јутјуб“ постави нов рекорд во исплати за нивните креатори
-
Хороскоп2 минутиХороскоп за понеделник (27 октомври)
