Временска прогноза
Попоски: Снег на Балканот кон стартот на месец ноември

Според најновото денешно ажурирање на Европскиот метеоролошки модел (ECMWF), почнувајќи од 2 ноември, па во деновите потоа, територијата на целиот Балкан ќе биде зафатен од многу ладен бран кој ќе се спушти од северот и од североистокот на Европскиот Континент.
Во ваква ситуација, над Италија и јужен Јадран ќе се формира секундарен циклонски систем кој во склоп со ладниот воздух во многу предели од Балканот ќе ги донесе првите снегулки во многу градови за оваа сезона.
Во поголем дел од Балканот барем со информациите кои располагам моментално ќе се формира и снежна покривка (од 5 до 10 cм, додека локално, и најпогодена од овој снежен бран би била погодена Босна и Херцеговина каде се очекува од 15 до 20 cm снег во градовите, а над 30 cm снег на планинските места).
Со овој ладен бран очекуваме и минусни температури, па така со ова го очекуваме и првиот сериозен мраз за оваа сезона, пишува Попоски.
НАПОНЕМА: Состојбата околу ова постојано ќе ја следам, и секако навремено ќе ве информирам околу секоја ново – настаната временска состојба. Ако ова остане вака, а моделите се искрено упорни за сериозно зимско сценарио на самиот почеток од ноември на Балканот, да се спремаме за невообичаенбо ниски температури за првата декада од ноември, и за многу рано пристигнување на зимата оваа година.
Временска прогноза
Брз продор на ладен воздух од север, додека само утре услови за слаб локален дожд

Поради брз продор на ладен воздух од север, утре и задутре (среда и четврток 17/18 септември) во Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Времето ќе биде претежно стабилно и суво, а само утре (среда 17 септември) ќе има малку повеќе облачност и ќе има услови за сосема слаб локален дожд.
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, повремено и локално со брзина од над 60 км/час.
Што се донесува до температурите, тие особено наутро ќе бидат многу пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 12 степени, а на повисоките места и на планините тие ќе бидат пониски со што ќе има услови дури и за појава на слаб мраз и на слана.
Максималните дневни температури исто така ќе бидат значително пониски и ќе биде посвежо и преку ден и тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околи 8/9 степени, а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 23/24 степени.
Временска прогноза
По ладни утра проследени со ладен воздух од северен правец

Под влијание на стабилна, сува и посвежа воздушна маса од север, во текот на оваа седмица времето во Македонија ќе биде претежно сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Особено свежо ќе биде наутро кога минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат до околу па и под 10 степени, а во делови од нашата Македонија, особено на повисоките и на планиснките места температурата ќе се спушти и под 5 степени, или близу 0 степени.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 28 степени, а повремено во југоисточните предели таа ќе се искачува до околу 30 степени. Во Скопје температурата наутро во текот на оваа седмица ќе се спушти до околу 10 степени а максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 25 и 30 степени.
Утре и задутре (вторник и среда 16/17 септември) ќе дува засилен, повремено и силен ветер од северен правец, повремено и локално со брзина од над 60 км/час. Наутро и тоа како ќе ни биде потребна потоплата облека поради очекуваните многу пониски минимални утрински температури на воздухот, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Од денес ќе дува засилен ветер од северен правец, додека времето ќе биде стабилно

Под влијание на значително поладен воздух од север,денес понеделник (15 септември) во Македонија ќе дува засилен до силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Времето ќе биде стабилно, суво и со сончеви периоди. И во Скопје и околината денес понеделник (15 септември) ќе дува засилен ветер од северен правец, повремено ветерот ќе биде и силен и во делови од котлината ќе достигнува брзина од над 60 км/час).
Што се однесува до температурите денес понеделник (15 септември) тие ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 28 степени.
Особено свежо па дури и ладно утро ќе имаме во вторник (16 септември) кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 14 степени, а во Скопје и околината во вторник наутро температурата ќе се спушти до околу 11 степени.
Поради продорот на ладен воздух од север, особено во вторник наутро и тоа како ќе ни биде потребна топлата облека, информира Славчо Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (16 септември)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за среда (17 септември)
-
Македонија2 дена
Од ноќеска цените на горивата се намалуваат
-
Скопје1 ден
(ВИДЕО) Снимка од подметнувањето на пожарот во Пинтија, каде ние човечноста?!
-
Македонија23 часа
Министерството за одбрана, петта година по ред ги задржа максималните 100 % активна транспарентност и е практично најтранспарентна институција во државата
-
Здравје и убавина2 дена
Единствен рецепт за појак имунитет
-
Временска прогноза1 ден
По ладни утра проследени со ладен воздух од северен правец
-
Скопје2 дена
(ВИДЕО) Уништени над 4 тони и 18 илјади стебла марихуана и повеќе од 21 килограми друга дрога