Временска прогноза
И оваа седмица релативно стабилно време со ниски утрински температури, додека пак месец ноември ќе биде постуден за разлика од лани

Под влијание на стабилна, сува и релативно топла воздушна маса од југ, која условува натпросечно високи максимални дневни температури на воздухот, ќе се задржи и во текот на оваа работна недела. Времето ќе биде сончево, повремено со појава на мала локална облачност.
Само во среда попладне ќе има услови за слаб локален и краткотраен дожд. Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во утринските часови пак по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и на ниска облачност.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени, додека во југоисточните предели, особено денес и утре максималната температура ќе се искачи околу 26, 27 степени.
Во Скопскиот регион ќе имаме слично време како и во останатиот дел од Македонија. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 22 и 26 степени.
Што се однесува до температурите наутро, тие до средината на неделава ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 2 и 8 степени, а потоа постепено ќе опаѓаат, известува Славчо Попоски.
Имено, судејќи барем според моменталните долгорочни анализи и изгледи на времето за Ноември месец, во кои секако голема е веројатноста да има промени во истата, поради што станува збор за доста долг период, укажуваат на тоа дека Ноември оваа година ќе биде постуден и посув за разлика од изминатите неколку години.
Во поголем дел од месец Ноември очекуваме потпросечни температури на воздухот, особено во првата половина од месецот. Врнежите како што претходно кажав ќе бидат значително потпросечни, што значи не очекува доста сушно и студено време, особено во утринските часови кога очекуваме во многу делови од Балканот и во Македонија и појава на мраз, кој во делови од Балканот и Македонија ќе биде поизразен.
Во првата половина од месец Ноември можни се утрински температури дури и до околу -10 степени, а дневните на многу места би биде околу, па дури и под 10 степени, што значи очекуваме особено постудено време и преку ден, за разлика од она кое го имаме сега, кога имаме далеку попријатни температури на воздухот.
Се на се, зимата првиот свој посилен удар ќе ни го приреди многу наскоро, уште од почетокот на месец Ноември.
Временска прогноза
Вчерашната и претстојната ноќ значително по свежи со слаб северен ветер

Во текот на претстојната ноќ во Македонија времето ќе биде ведро со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Исто така оваа ноќ ќе биде значително посвежа за разлика од изминатите ноќи, а и утрешното утро (недела 15 јуни) ќе биде свежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 15 степени.
Во Скопје и околината минималната температура до утре (недела 15 јуни) ќе се спушти до околу 14 степени.
Попоски додава: Најава за екстремно топол бран и понатаму немам, што значи продолжува умерениот топол бран од Африка, со попријатни температури преку ден кои ќе бидат без поголеми промени, но и свежи ноќи и утра со пониски температури, заврши Славчо Попоски
Временска прогноза
Денес во Македонија продор на свежина од север, ова се метео информациите

Поради продор на посвежа воздушна маса од север, во Македонија ни следуваат многу попријатни температури на воздухот, како и намалување на интензитетот на топлиот бран од Африка кој овие денови ја зафати нашата Македонија.
Сето ова ќе услови повремено да дува засилен ветер од северен правец, најизразен во Повардарието. Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе имаме локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Појава на некое големо невреме овој пат за среќа не очекуваме, што значи дека се работи за значително помала нестабилнот за ралика од минатиот пат, кога беше многу нестабилно.
Температурите во следните денови ќе бидат многу попријатни и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33/34 степени, додека во Скопје максималната температура на воздухот ќе се искачува до околу 32/33 степени, утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Алармот е вклучен, денес ќе имаме најтопол ден од почеток на 2025-та година!

Денес (недела 8 јуни) во Македонија топлотниот бран од Африка ќе го достигне својот максимум и температурите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени. Во Скопје максималната дневна температура ќе се искачи до околу 37 степени.
Времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
УВ ИНДЕКСОТ ќе има многу висока вреднот и ќе изнесува коефициент 8.
Денешниот ден ќе биде и најтоплиот ден досега оваа 2025 година, доцна вечерва истакна метеорологот Славчо Попоски од Метеоаларм.
-
Кичево18 часа
(ФОТО) Од понеделник во Кичево започнува наплата на зонско паркирање во три зони
-
Кичево17 часа
(ФОТО) Денес по пријава ТППЕ Кичево безбедно отстрани змија од возило
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (14 јуни)
-
Спорт1 ден
Македонија до 14 години ќе одигра два контролни натпревари против Албанија, кичевчаните Матески и Димоски ќе бидат на списокот на селекторот Станковски
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за недела (15 јуни)
-
Македонија2 дена
Возел мотор со 2,02 промили алкохол во крвта и удрил деветгодишно дете
-
Хроника2 дена
Лице на 76-годишна возраст пронајдено починато во дебарско, претходно бил пријавен за исчезнат
-
Спорт2 дена
Белгискиот интернационалец Кевин Де Брујне е новото засилување на италијанскиот фудбалски клуб „Наполи“