Временска прогноза
Какво време во месец ноември ќе имаме?
Судејќи барем според моменталните долгорочни анализи и изгледи на времето за ноември месец, во кои секако голема е веројатноста да има промени во истата, поради што станува збор за доста долг период, укажуваат на тоа дека ноември оваа година ќе биде постуден и посув за разлика од изминатите неколку години.
Во поголем дел од месец ноември очекуваме потпросечни температури на воздухот, особено во првата половина од месецот.
Врнежите како што претходно кажав ќе бидат значително потпросечни, што значи не очекува доста сушно и студено време, особено во утринските часови кога очекуваме во многу делови од Балканот и во Македонија и појава на мраз, кој во делови од Балканот и Македонија ќе биде поизразен.
Во првата половина од месец ноември можни се утрински температури дури и до околу -10 степени, а дневните на многу места би биде околу, па дури и под 10 степени, што значи очекуваме особено постудено време и преку ден, за разлика од она кое го имаме сега, кога имаме далеку попријатни температури на воздухот, пишува Славчо Попоски.
Се на се, зимата првиот свој посилен удар ќе ни го приреди многу наскоро, уште од почетокот на месец ноември.
Временска прогноза
Дополнително заладување, повремени врнежи од дожд и нова снежна покривка на повисоките места
До крајот на оваа работна недела во Македонија ќе имаме студено време, со значително потпросечни температури на воздухот за овој период од годината, и тоа особено во четврток и во петок кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 12 степени, а наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 5 степени.
Исто така, особено во четврток и во петок повторно во Македонија на повеќе места ќе има нови повремени врнежи со променлив интензитет. Врнежите ќе бидат од дожд на ниските, и од снег на повисоките места и на планините, каде ќе има формирање на нова снежна покривка. Сепак поради дополнителното заладување на времето, врнежи од снег ќе има понекаде и на местата со помала надморска височина (населените места), особено во северните и во западните предели од Македонија.
Во четврток и во петок ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието.
И во Скопскиот регион, особено во четврток и во петок ќе има повремен дожд и повремено засилен ветер од северен правец. На повисоките места, односно на околните планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег.
Поради ваквата состојба, на возачите им препорачуваме да бидат крајно внимателни како управуваат со своите возила, особено вои четврток и петок кога очекуваме нови врнежи од дожд и снег, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Се очекува снегот да продолжи со умерен интензитет – ова се последните метео вести
Снегот кој од утрово паѓаше во делови од централните, источните и од североисточните предели од Македонија, ќе продолжи до крајот на денот, а ќе го има и во текот на ноќта кон утрешниот ден (вторник), истакна Славчо Попоски.
Врнежите ќе бидат претежно со слаб до умерен, локално и со умерен интензитет. Снег ќе врне понекаде и во градовиоте во овие делови од Македонија.
Се очекува формирање на нова снежна покривка со висина од 1 до 5 cм, локално и до 10 cм снег. На повисоките места снежната покривка би можела да биде и поголема.
И во деновите кои се пред нас ќе имаме уште постудено време, исто така ќе има нови повремени врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег. Повторно можна е појава на повремен снег понекаде и на местата со помала надморска височина (во населените места), заврши Попоски
НАПОМЕНА: Доколку патувате во овие предели од државава, препорачуваме крајно внимателно да управувате со своите возила, и тоа поради очекуваните нови врнежи од снег.
Временска прогноза
Од денес уште постуден бран, а следуваат поројни дождови и снег на планините
Под влијание на уште постуден воздушен бран од север и од североисток, од денес, па и во почетокот на следната седмица температурите ќе опаднат за 4 до 8 степени во однос на сегашните, а облачноста ќе се зголемува и ќе има појава на повремен локален дожд, додека на планините повремено ќе врне снег, со што е можна појава и на првата снежна покривка за оваа сезона таму, иако истата ќе биде тенка.
Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец.
И во Скопскиот регион следува значително постудено време во следниот период, а облачноста ќе се зголеми, и ќе има услови за повремен локален дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Наутро, особено денес, како и во понеделник температурите повторно ќе бидат особено ниски и на повеќе места низ Македонија ќе се спуштаат под нулата, додека особено во Беровскиот регион температурата се очекува да се спушти до околу -7, -8 степени.
Што се однесува до максимални дневни температури, денес (недела), како и во почетокот на следната седмица ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -2 и 1 степен, додека максималната дневна ќе се искачува до околу 14 степени, истакна Славчо Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (12 ноември)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за среда (13 ноември)
-
Македонија1 ден
Што дишам? Од денес повторно активен графичкиот приказ за квалитет на воздух застапен во Кичево, во „ПМ10 и ПМ2,5“ честички
-
Хроника11 часа
Трагедија во Охрид: Во сообраќајка ноќеска загина тинејџер, додека неговиот сопатник е тешко повреден
-
Македонија1 ден
Плинот денеска се продава по нова покачена цена за литар
-
Временска прогноза1 ден
Дополнително заладување, повремени врнежи од дожд и нова снежна покривка на повисоките места
-
Македонија4 часа
СВР Охрид вчера одржа состанок со надлежни субјекти по повод зимската сезона
-
Магазин1 ден
Нова ера на сервисирање? Сега можете сами да ги поправате iPhone 16 и 16 Pro