Спорт
(ГАЛЕРИЈА) Фудбалски викенд во Кичево, исполнет со маестрални голови, динамична игра и меѓусебен респект помеѓу играчите
Фудбалска сабота во Кичево. Денес се реализираа вкупно две утакмици за нашите екипи од ФК Кичево. Едната беше против екипата на ФК Ускана во генерацијата 2012, последната со ФК Велешта Јунајтед од Струга на генерација 2014.
Во првиот меч временските услови не беа пречка на почеток да ги совладаме ФК Ускана, по една апсолутна динамична игра, каде резултатски триумфиравме со 2:0. Стрелец на двата погодоци беше одличниот Исмаиловски Мухамед, и тоа на својот деби настап за нашата екипа, што ветува многу.
Нешто по еден час од првиот меч, игравме против ФК Велешта Јунајтед каде гостите флексибилно ги искористија шансите, но зачувавме бод, таа утакмица заврши без победник, односно 2:2 што ни дава поинаква димензија да ги согледаме грешките и да одиме понатаму.
Стрелци на двата гола за нашиот тим беа, Лукијан Трајкоски и Дамјан Спасеноски од слободен удар.
* Ја користиме оваа прилика да им посакаме многу среќа и успех во новата спортска опрема Macron, брендирана со нашето лого и на момчињата од генерација 2014, токму денес беше нивната промоција.
Фотографии преку нашиот објектив од генерација 2012 против ФК Ускана:
Фотографии од завршниот меч на генерација 2014 против екипата на ФК Велешта Јунајтед:
Спорт
(ФОТО) У17: Русија поуспешна од Македонија во вториот контролен меч, одигран денес во Струмица
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години загуби на домашен терен во Струмица од своите врсници со резултат 0:2. Резултатот гостите го отворија уште во 6-тата минута, додека вториот погодот беше реализиран во второто полувреме во финишот на мечот, односно во 80-тата минута од натпреварот.
– Селекторот Влатко Колев може да биде задоволен од прикажаната игра, иако пријателскиот меч беше со негативен резултат, затоа што од она што го видовме на терен момците покажаа карактер и верба, се разбира и мотив, додека пријателските контролни мечеви се токму еден тест за големите очекувања.
Претходниот контролен меч кој се играше пред 2 дена во Турново, заврши со резултат 1:1, каде стрелец на единствениот гол од слободен удар беше охриѓанецот Давид Лиотоски
Да потсетиме, нашето момче од Кичево, Стефан Војчески кој ги брани боите на „АП Брера“ од Струмица одигра одлични 45 минути, исто така беше дел и од претходниот меч.
Спорт
(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав
Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години од 12ч го игра својот втор контролен меч против Русија.
Првиот меч заврши без победник, односно 1:1. Стрелец на голот за нашата селекција беше одличниот Давид Лиотоски, додека нашиот кичевчанец Стефан Војчески одлично се покажа. Поради тој факт, денес сме присутни и очекуваме уште подобра подготвеност.
Натпреварот во живо проследете го во продолжение:
Спорт
Дриблинг атракции, фудбалски надигрувања и фер плеј. Фудбалски викенд во Кичево, дечињата на „ФК Кичево“ активни во сите генерации
Во рамки на денешниот ден нашите момчиња од „ФК Кичево“ одиграа првенствени натпревари во детската лига. Најголемо внимание предизвика натпреварот помеѓу двете талентирани генерации од 2014 година против екипата на „ФК Влазрими“. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Дамјан Спасеноски од слободен удар, после низа пропуштени шанси.
Свој натпревар одигра и генерацијата 2016/2017 која што за прв пат со големи амбиции се натпреварува оваа година. Во овој натпревар им подадовме рака на противниците за подобрата игра, стрелец на голот за нашата екипа беше Тадеј Станковски.
* Нашите најмали надежи од 5 и 6 години исто така одиграа фудбалски натпревар за пофалба. Таму стрелецот на голот беше Јован Дојчиноски
Во прилог погоре, се поставени фотографии од генерација 2014, на „ФК Кичево“ преку нашиот објектив. Додека останатите фотографии од другите генерации ќе бидат објавувани на официјалната фан страница од ФК Кичево и нивниот инстаграм профил во текот на денешниот и утрешниот ден.
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (16 ноември)
-
Скопје1 денЦУК: Двете жени се пронајдени во црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци и се во добра здравствена состојба, истите биле државјанки на Македонија
-
Спорт1 денДриблинг атракции, фудбалски надигрувања и фер плеј. Фудбалски викенд во Кичево, дечињата на „ФК Кичево“ активни во сите генерации
-
Спорт13 часа(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав
-
Временска прогноза1 денОд вторник следува промена на времето во Македонија
-
Хороскоп2 часаХороскоп за понеделник (17 ноември)
-
Спорт6 часа(ФОТО) У17: Русија поуспешна од Македонија во вториот контролен меч, одигран денес во Струмица
-
Временска прогноза54 минутиПопоски: Доаѓаат обилни врнежи од дожд кои ќе предизвикаат поплави, ќе има засилен ветер, западниот дел од државата ќе наврнат до 200 литри/м³ дожд










































































