Кичево
Официјално! Мега спектакуларен концерт на виртуозот Лука Лазарески во најава, гости Игор Џамбазов и многу други
Официјално е! Големиот концерт што го очекувавте е тука! 🎶 На 7 декември 2024 година, ќе имате можност да бидете дел од уникатно музичко патување кое ќе ги обедини класичната, модерната и народната музика, сè на едно место. За прв пат во нашиот град, подготвивме концерт кој ќе ги надмине жанровските граници и ќе биде наменет за сите генерации.
Во придружба на Камерниот Оркестар Битола, заедно со специјалниот гостин Игор Џамбазов, оваа вечер ќе биде исполнета со изненадувања, емоции и музика која ќе ве остави без здив.
Водител на настанот е нашиот познат глумец Владо Дојчиновски.
– Наши гости ќе бидат: Марко Лазарески, Бојан Трајкоски , Теодора Матеска и Тамара Грујеска нашата Тамара која ја претсавуваше 🇲🇰 Македонија на детска евровизија .
Генерален спонзор на настанот е „Казино 77777“, кој секој ден наредните 30 дена ќе одвои 7 % од својата заработувачка за да го збогати овој прекрасен настан, додека како генерални медиумски покровители ќе бидеме токму ние Порта.мк
Не го пропуштајте ова незаборавно искуство што ќе го разубави нашиот град! 🎼
Локација: Атва Резиденс Кичево
🗓️ Датум: 7 декември 2024
⏰ Време: 21:00 часот
– Не го пропуштајте овој спектакуларен концерт кој ќе го одбележи музичкиот календар на годината!
Кичево
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“. Предводник на оваа манифестација, заедно со здружението е Алексо Тришоски.
Музичкиот настан е закажан со почеток од 18:00ч (сабота) 25.10.2025 г, додека влезница за овој настан ќе чини симболични 100 денари.
Бидете дел, да бидеме хумани, да помогнеме!

Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“
Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
Кичево
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес
Храмот „Св. Петар и Павле“ во с.Србјани кичевско мора да го добие вистинскиот сјај. Имено, во оваа прилика преку нашиот медиум упатуваме апел и се приклучуваме во хуманитарната акција и Ве повикуваме сите оние кои сакаат и можат да придонесат еден од најстарите храмови во Македонија да се возобнови и доизгради истото можат да го направат преку донација.
Изграден пред 530 години е од голема историска и културолошка важност за Македонија и градот Кичево.
Донациите можат да се уплатат наменски на МПЦ-ОА Дебарско-Кичевска Епархија, жиро сметка: 200002846337340, Стопанска Банка АД-Скопје, цел на дознака: Донација за црква „Св.Петар и Павле“ во село Србјани – Кичево.
Контакт за информации повеќе: Бобан Илиески (претставник на ЦО на Храм „Св.Петар и Павле“) тел бр. 078/212-771
Да бидеме хумани, ова место да заживее, како што доликува и да стане вистинско духовно светилиште кое ќе биде посетено од многу гости.
-
Кичево9 часаУтре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (23 октомври)
-
Хороскоп21 часХороскоп за петок (24 октомври)
-
Временска прогноза1 денПериодот пред нас со нови врнежи деновиве и силен ветер до 70 км/час
-
Македонија2 денаДенеска е 23-ти октомври, ден на Македонската Револуционерна Организација
-
Македонија10 часаВо недела наутро започнува зимското сметање на време, со тоа што стрелките се враќаат еден час поназад
-
Македонија9 часаАМСМ: Поради излетано тешко товарно возило, патот Скопје-Куманово кај Хиподром (обиколница) е во прекин
-
Мобилни уреди4 часа„Samsung Galaxy S26 Ultra“, се очекува да биде презентиран кон почеток на јануари идната година, супер моќен и елегантен мобилен телефон

