Кичево
Рекапитулар на сработеното во „ЈЗУ Општа Болница“ – Кичево, по првите шест месеци од новото раководство, кичевчани заслужуваат подобро!
Утрово бевме во посета на кичевската Општа Болница, каде остваривме средба со управата на истата, односно Директорката на „ЈЗУ Општа Болница“ – Кичево, Д-р Маја Цветановска-Трајкоска, каде според времето кое ни беше на располагање на кратко поставивме неколку прашања и почекавме одговори за нејзината досегашна 6-месечна раководна работа во Болницата, што е ново и што може кичевчани да очекуваат понатаму од нивната работа и нивниот колегиум.
– Пред се ви благодарам што дојдовте и се заинтересиравте како претставници на јавноста за новостите во нашата Болница. Задоволна сум од досегашниот напредок, во периодот што измина, односно првите 6 месеци од новото раководство во „ЈЗУ Општа Болница – Кичево“, како В.Д. Директор можам да истакнам повеќе позитивни промени и новини во нашата установа. Имено, покрај почетокот со работа на комисијата за туѓа нега и новостите во лабараторија кои претходно ги споменавме во вашиот медиум, имаме нова опрема во повеќе одделенија, а ќе ги издвоиме најзначајните:
* Отоскоп на детско одделение

* Холтери за постојана употреба на интерно одделение

* Најнов фибероптички ларингоскоп за ORL амбуланта

* Нов акушерски стол после 30 години и аспиратори за потребите во одделенија

* Спирометар на интерно одделение и соодветна обука за него

* Повеќе сетови, најнов интрументариум во салата за киретажи

* Обновени сите сетови во гинекологија (пораѓај), сетови за епизиотомија, сетови за ревизија на цервиксот
* Инфузиомати за интерно, детско и акушерско одделение, со завршена соодветна обука за истите.

* После повеќе години успеавме да возобновиме возен парк со санитетско возило и патничко моторно возило за потребите на установата.


Порта.мк: Како се справувате со финансиската состојба која кажавте дека не беше во поволна состојба кога ја презедовте функцијата прв човек на кичевската Болница и што може дополнително да очекуваат пациентите во понатамошниот период од вас, како ново раководство:
– Како што веќе истакнавме долговите на Болницата кои ги наследивме, благодарение на ФЗОМ и новата влада се намалени повеќе од двојно, што е за секоја почит, додека во следниот период ќе работиме уште по посветено, се во интерес на нашиот град и нашите граѓани и сите пациенти кои заслужуваат подобар третман, нега и услови. Исто така морам да напоменам дека во функција е ставен и „УЗ“ (ултра звучен) апарат кој беше мистериозно исчезнат.
– Во лабараторијата дополнително е набавен нов микроскоп, центрифуга со поголем обем, како и нов апарат за брза крвна слика со „CRP“ од капиларна крв (наменет за најранливите категории „дечиња“)
Уште еднаш Ви благодариме што ја следите нашата работа, така што во периодот кој следи Ве уверуваме дека правиме напори да се опреми и унапреди работата и во операционата сала, како и возобнова на сите апарати кои ќе значат услов за работа во истата, за Порта.мк во краткото интервју истакна Директорката Цветановска-Трајкоска.
Д.Б.
Кичево
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ ќе се одржи целовечерен концерт на Ансамблот „Македонија“, бидете дел и уживајте
Ансамблот „Македонија“ претставува репрезент на македонската традиционална култура при Музичката Академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Единствен во државата, од ваков тип, ансамблот работи со кадар професионалци кои се едуцираат низ споменатите институции.
Со него раководат врвни професионалци и стручен кадар од областа на Традиционална игра, традиционалните инструменти и пеење.
Репертоарот на Ансамблот Македонија е категоризиран според орските и музичките стилски карактеристики обработувајќи сценски адаптации од сите играорни подрачја во Македонија: Западно; Југозападно; Јужно; Источно и Северно играорно подрачје.
За сценско презентирање, ансамблот располага и со автентични традиционални носии од различните етнички предели во Македонија, нагласени преку различни социјални атрибути и реквизити, прикажувајќи ги различните социјални статуси во културата на живеење.
Облековниот инвентар на Ансамблот „Македонија“ се презентира и преку различни модни стилови карактеристични за историското минато на македонската култура. Модни стилови карактеристични за градските центри како ала Турка од крајот на XIX и поч. На ХХ век со турско-ориенталното влијание во облековната култура, како и ала Франга – западноевропскиот градски моден стил од почетокот на ХХ век.
Нацеловечерниот концертот на Ансамблот „Македонија“, насловен како ансамбл „Македонија“ со вас, ќе имате прилика да уживате во звуците на чалгијата од градските центри: Тетово, Битола, Скопје, Велес, Струга и Охрид, претставувајќи ни ги Градските игри и песни.
Проект поддржан од Министерството за Култура на Република Македонија.
04.11.2025 г. (вторник) / 19:00ч
НУЦК „Кочо Рацин“
Влез: Слободен
Кичево
Д-р Јовановски е новиот градоначалник на град Кичево, човек кој ќе ја врати довербата во заедништвото и меѓуетничкото разбирање
Вчера на локалните избори во втор круг победи Д-р Александар Јовановски. Кандидатот кој водеше граѓанска кампања на локалните избори се покажа дека токму тоа е потребно на кичевчани, така што со 14,228 гласови за разлика од опонентот кој го водеше градот три мандати кој освои 2020 гласови помалку, г-дин Јовановски стана нов гратски татко, поддржан дефинитивно од сите политички субјекти, неопределени и определени.
Популарниот „Док“, г-дин Александар Јовановски (49 год) е доктор по општа медицина, вработен во сопствена приватна здравствена установа „Драга-Медика“ во Кичево, која го носи името на неговата покојна мајка. Сопруг е на албанката Линдита Лимани Јовановска (39), среќно оженет во 2014 година. Таа е магистер, професор по англиски јазик. Татко е на три деца Јана, Живко и Дафина.
Во својата богата кариера, владее одличен рејтинг, а сега народот му дава нова улога – градоначалник на град Кичево. Мултиетничка средина, во која Јовановски сигурно ќе постигне позитивни резултати.
Од нашата редакција упатуваме честитки, за успешна и плодна работа, работа која дефакто мора да стартува час поскоро. Сигурни сме во мнозинскиот избор на кичевчани, дека Докторот ќе биде со фокус на единство, прекугранично меѓуетничко разбирање, и ќе биде човек кој не гледа националност, ќе гледа работа и просперитет.
Кичево
Поради градежни активности на автопат Охрид-Кичево кај Подмоље ќе се врши пренасочување на сообраќај до среда
СВР Охрид ги известува граѓаните дека поради изведување на градежни работи во делот на автопатот Охрид-Кичево, кај клучката Подмоље, во наредните денови, односно до среда – 05.12.2025 ќе се врши пренасочување на сообраќајот и тоа возачите кои ќе се движат од Охрид кон Струга, од Струга кон Скопје и од Скопје кон Струга ќе треба да се движат исклучиво преку клучката кај Св. Еразмо, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (5 ноември)
-
Хроника1 денД-р Лазаров: Страшна и трагична сообраќајка на Плетвар, внимавајте по патиштата луѓе, две лица загинаа, другите се борат за живот
-
Lifestyle2 денаКако брзо да го отпушите одводот без хемикалии: трик со топла вода и течност за садови
-
Кичево2 денаВечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ ќе се одржи целовечерен концерт на Ансамблот „Македонија“, бидете дел и уживајте
-
Социјални мрежи15 часаВнимавајте, се шири „спам“ порака преку „Viber“, не одговарајте на пораката, бидејќи може да бидете измамени
-
Магазин2 денаApple Maps наскоро ќе прикажува реклами – нов начин на монетизација
-
Спорт2 денаВо „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил
-
Македонија19 часаЛишени од слобода возачи од Битола и Прилеп, управувале возила со скоро 100 км на час повеќе од дозволеното и под дејство на алкохол
