Македонија
(ФОТО) СВР Охрид реализираше едукативно-превентивна кампања „Не пиј кога возиш“, додека ОВР Кичево ја спроведе „Паркирај совесно, паркирај одговорно” за сите учесниците во сообраќајот

Изминатиов викенд, Отсекот за превенција при СВР Охрид, на подрачјето на Охрид, ја реализираше едукативно-превентивната кампања – „Не пиј кога возиш“. Целта на кампањата е насочена кон подигнување на степенот на безбедносна култура и на свеста кај граѓаните за зголемена внимателност и будност кај сите учесници во сообраќајот а пред се кај возачите на моторни и други возила што треба да придонесе за повисока безбедност во сообраќајот.
Притоа, полициските службеници од Отсекот за превенција, во соработка со полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид и со Републичкиот совет за безбедност на сообраќај на патиштата, на повеќе пунктови во градот и во приградските населби, на возачите на моторни возила и другите учесници во сообраќајот, низ непосредна комуникација им укажуваа на доследно придржување кон правилата и прописите во сообраќајот, почитување на поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сигнализација, исклучиво придржување кон дозволената брзина на движење со моторни возила и некористење мобилни телефони во текот на возењето.
Посебно беше посочено дека, управување моторно возило под дејство на алкохол нема да биде толерирано и дека законските санкции, во такви случаи, ќе бидат доследно и неселективно применувани. На возачите на моторни возила, им беа поделени летоци и друг едукативен материјал со низа практични совети кои водат кон јакнење на личната, но и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
Истовремено и полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата при ОВР Кичево, на подрачје на Кичево ја спроведоа едукативно-превентивната кампања „Паркирај совесно, паркирај одговорно”. Полициските службеници во непосредните контакти со возачите на моторни возила како учесници во сообраќајот, укажуваа на потребата и законската обврска за одговорно придржување до законските одредби за безбедност во сообраќајот. Воедно, на возачите им беа делени едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП, известува Министерството за внатрешни работи.
Македонија
Вчера во Битола се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу малолетник со електричен тротинет и пмв „цитроен“ со демирхисарски регистарски ознаки

На 15.10.2025 во 17:28 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Благојче Силјановски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(76) од Демир Хисар и електричен тротинет, управуван од 13-годишник од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола, информираше МВР.
Македонија
18 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – утрото на кобниот 16.10.2007

Цели 18 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – кобниот 16.10.2007. Тодор „Тоше“ Проески (25 јануари 1981 – 16 октомври 2007) беше познат македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што беше доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнува со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победува изведувајќи ја песната Yesterday од Битлси.
Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998).
Има блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во неговата кариера започнува по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година.
Во меѓувреме Тоше станува дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останува се до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година е прогласен за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.
Загина на денешен ден 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија.
Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на Национална Жалост.
Вечна слава ГОЛЕМ ЧОВЕКУ!
Македонија
Од вечерва поевтинуваат горивата, ова е новата цена за литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ 1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 67,50 ден/лит.
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за четврток (16 октомври)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (15 октомври)
-
Временска прогноза2 дена
Доаѓа нов бран на дождови на планините снег, и тоа над 2000 нмв – ова се најновите метео вести
-
Хроника1 ден
Почина лице кое било сведок на судење во Основниот граѓански суд – Скопје
-
Храна1 ден
Совет од експерти: Како правилно да складирате компири во текот на есента
-
Магазин1 ден
Instagram тестира нов изглед на апликацијата со нови табови за Reels и пораки
-
Македонија20 часа
18 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – утрото на кобниот 16.10.2007
-
Автомобили1 ден
(ВИДЕО) „Tuning Car Show“ во Прилеп доби нова димензија со видеата на тимот од „Autodonia“