Кичево
Утре во Кичево се организира бесплатен преглед на очен притисок, бидете дел и спречете го „тивкиот убиец на видот“ – Глауком

Утре 11-ти март (вторник) со почеток од 09:00 до 14:00ч на градскиот плоштад во Кичево по повод „светската недела на Глаукомот“ ќе се реализира Бесплатен преглед на очен притисок, како и оддавање на инструкции во случаеви за понатамошно лекување.
Настанот во соработка со општината е во организација на Универзитетската клиника за очни болести – Скопје и Општата Болница – Кичево, со своите претставници Д-р Дарко Дабески и Д-р Анита Божиноска.
Имено, брзото и навременото дијагностицирање на Глаукомот, како и третман е неопходно за најдобар исход при лекувањето.
Единствениот начин да проверите дали имате глауком е да одите на редовни очни прегледи. Настанот на утрешниот ден е токму таков преглед.
Бидете дел!
Кичево
(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол

Предмалку благодарение на брзата интервенција од ТППЕ Кичево, беше спречена пламната огнена стихија на сува трева да дојде до далековод и до населените куќи.
За среќа нема штети, нема повредени. На терен беше и ОВР Кичево кои го обезбедија местото.
Кичево
(ФОТО) По работната акција, светнаа трибините на градскиот стадион од ФК Напредок

Во текот на денешниот ден се одржа работна акција со цел расчистување на трибините на Градскиот стадион.
Западна трибина е очистена и спремна за новата сезона. Се очисти и влезот и дел од Источната трибина.
Во периодот што доаѓа управата на Ф.К.Напредок ќе организира уште работни акции за комплетно средување на стадионот.
Огромна благодарност на сите што дадоа допринос и несебична работа, истакна управата на клубот.
Кичево
(ФОТО) Во близина на с.Зајас кичевско, тешко товарно возило излетало од коловоз

Предмалку во близина на кичевското с.Зајас на магистралниот пат Кичево-Гостивар се случила сообраќајна несреќа, каде според неофицијални информации, тешко товарно возило изгубило контрола и излетало надвор од коловоз.
Подетални информации за здравјето на возачот или евентуално други учесници во сообраќајката немаме.
Увид на лице место напавила екипа од ОВР Кичево, додека за време на увидот на сообраќајната делница се создал сообраќаен метеж.
Повеќе информации очекуваме во дневниот билтен на СВР Охрид.
-
Кичево6 часа
(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол
-
Кичево1 ден
(ФОТО) По работната акција, светнаа трибините на градскиот стадион од ФК Напредок
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (септември 2025)
-
Временска прогноза2 дена
Попоски предмалку истакна важни информации околу временската состојба
-
Македонија15 часа
Од денес започнува новата учебна година, вештачката интелигенција дел од наставата, образовни асистенти и за средношколците
-
Автомобили1 ден
Американските анализи покажуваат дека автоматските менувачи доминираат на нивниот автомобилски пазар
-
Мобилни уреди1 ден
„WhatsApp“ одстранил сериозен безбедносен пропуст за „iPhone“ уредите
-
Скопје1 ден
СВР Скопје: Телефонската линија 192 повторно е во функција