Хроника
Мартин Атанасовски „Буцо Битбокс“ и тонецот Игор Велков на групата „ДНК“ долги години соработници меѓу загинатите во трагичната несреќа во Кочани

За жал лоши вести доаѓаат после идентификација на телата. Имено, Битбоксерот Мартин Атанасовски, познат како „Буцо Битбокс“ е една од жртвите на трагедијата која ја зави Македонија во црно при ноќешниот пожар кој избувна во клубот „Пулс“
Иако преку ден мала надеж се влеваше дека ќе се пронајде, но ни трага ни глас, така што информациите до кои дојдовме се најлоши – Мартин за жал се придружи на починатите.
Неговите пријатели, колеги и обожаватели со неверување ја примија веста за неговата смрт, споделувајќи пораки со сочувство на социјалните мрежи.
„Буцо, брате!“, напиша музичарот Бојан Стојанов, познат како „Бока Конга“, споделувајќи фотографија со „Буцо Битбокс“.
Во меѓувреме пристигна дополнителна информација дека и Игор Велков, тонецот на групата „ДНК“ го загуби животот во огнената стихија! Ахх!
Господ нека им подари царство небесно, нека почиваат во мир!
Хроника
Почина лице кое било сведок на судење во Основниот граѓански суд – Скопје

На 14.10.2025 во СВР Скопје е пријавено дека во Основен граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, известува МВР.
Хроника
ТАЖНА ВЕСТ: Панчо ја загуби животната битка како последица од пожарот во Кочани, почивај во мир наш „Шорти“

По долгата и тешка борба со последиците од повредите здобиени во трагедијата во Кочани, почина Владимир Блажев – Панчо. Тој ја загуби животната битка во болницата каде што беше на лекување.
Од несреќата наваму, Панчо извесен период беше во кома, а за неговата психичка состојба се грижеше тим составен од психолози и психијатри. Задоби сериозни изгореници на лицето и на рацете.
Панчо, познат на јавноста и како диџеј Шорти, беше дел од музичкото дуо ДНК. Судбоносната ноќ на 16 март, заедно со својот колега Андреј, настапуваше во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Андреј трагично го загуби животот во пожарот што избувна во локалот, на 43-годишна возраст.
Владимир Блажев – Панчо е роден на 29 јули 1979 година во Скопје. И тој и Андреј беа познати и докажани хуманисти, сакани од своите пријатели и пошироката јавност.
Зад себе Панчо остави два сина Андреја и Марјан.
Хроника
Во Битола на „Партизанска“ удрен пешак со своето куче. На пешакот му се констатирани тешки телесни повреди, додека кучето било усмртено

На 07.10.2025 во 18:26 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул. „Партизанска“ и ул.„Север Југ“ во Битола, патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(49) од Битола, удрило во пешакот Ѓ.Х.(45) од Битола и неговото куче.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола, а кучето било усмртено.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола, информира МВР.
-
Спорт2 дена
За прв пат, во ист ден тројца кичевски судии ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (18 октомври)
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за недела (19 октомври)
-
Македонија2 дена
Нов случај со измама за наводно случена сообраќајка, каде побарана била изнуда од висока сума на пари за итна операција
-
Без категорија16 часа
Неколку родителски работи, кои вашето дете ќе го направат посреќно
-
Социјални мрежи14 часа
„Мeta“ ја гаси оваа верзија на „Messenger“