Македонија
Од ноќеска поскапуваат нафтените деривати, ова е новата цена!
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.04.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,50 ден/лит, додека малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.04.2025 година и со тоа, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 65,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,375 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.04.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот
М-1 НС изнесува 37,155 ден/кг, известуваат од РКЕ.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
Македонија
РЦ „Запад“ и СВР Охрид на охридскиот аеродром учествуваа на симулирана показна вежба „Воздухоплов со запален мотор на полетување“
Денеска, полициски службеници од СВР Охрид и граничната полиција Регионален центар „Запад“, учествуваа на симулирана показна вежба „ Воздухоплов со запален мотор на полетување“ што се одржа на охридскиот аеродром „ Св.Апостол Павле“.
Притоа, полициските службеници, ги увежбуваа и ги спроведоа предвидените мерки согласно безбедносните протоколи и постапија по план за преземање активности за реакција и поддршка во услови на појава на безбедносни инциденти на воздухоплов.
Целта на оваа вежба беше подигнување на степенот на оперативност на предвидените тактичко технички мерки на сите служби во насока на брза и ефикасна реакција при случаи на појава на безбедносен инцидент со воздухоплов, ажурирање на координативните мерки , меѓусебната комуникација и информирање за инциденти и сл.
– Во вежбата учество зедоа ТАВ „Аеродром“- Охрид, АКЛ, противпожарни екипи од „ТАВ“ и ТППЕ „Охрид“ и ТППЕ „Струга“, медицински екипи од „ТАВ“ и амбуланта „Охрид“ и „Струга“, „Црвен Крст“. Вежбата успешно заврши со покажана висока ефективност во реализацијата на предвидените безбедносни мерки, за Порта.мк соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Кичево1 денЈовановски: „Ние во Кичево не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубре“
-
Култура1 денУтре е голем празник, помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава, за многу години!
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (3 декември)
-
Хороскоп23 часаХороскоп за четврток (4 декември)
-
Временска прогноза1 денДождот продолжува, на планините кои се над одредена надморска височина ќе се формира снежна покривка
-
Технологија2 дена„Sony“ го лансира најновиот супер моќен продукт „Sony A7 V“, опремен со нов сензор и „partial stacked“ архитектура
-
Спорт1 денБлагоја Милевски се заблагодари на сите досегашни претседатели на ФФМ, сите наши фудбалери, стручен штаб, медицински лица и логистика
-
Здравје и убавина13 часаСамо со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија
