Хроника
АМСМ: Од 14:30 патниот правец Дебар-Струга во двата правци затворен поради случена сообраќајка, неофицијално станува збор за трагична сообраќајка со мотоцикл

Од 14:30 часот сообраќајот патниот правец Дебар – Струга е во прекин во двата правци, поради случена сообраќајна незгода, информираат од АМСМ.
Од наши извори на терен добивме информација дека станува збор за тешка сообраќајна несреќа во која учесник бил мотоцикл.
– Неофицијалната информација е дека станува збор за трагичната сообраќајна несреќа со фатални последици, но останува да ги почекаме првичните вести од МВР во текот на денешниот ден, евентуално утре во дневниот билтен за медиуми на СВР Охрид.
Хроника
Почина лице кое било сведок на судење во Основниот граѓански суд – Скопје

На 14.10.2025 во СВР Скопје е пријавено дека во Основен граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, известува МВР.
Хроника
ТАЖНА ВЕСТ: Панчо ја загуби животната битка како последица од пожарот во Кочани, почивај во мир наш „Шорти“

По долгата и тешка борба со последиците од повредите здобиени во трагедијата во Кочани, почина Владимир Блажев – Панчо. Тој ја загуби животната битка во болницата каде што беше на лекување.
Од несреќата наваму, Панчо извесен период беше во кома, а за неговата психичка состојба се грижеше тим составен од психолози и психијатри. Задоби сериозни изгореници на лицето и на рацете.
Панчо, познат на јавноста и како диџеј Шорти, беше дел од музичкото дуо ДНК. Судбоносната ноќ на 16 март, заедно со својот колега Андреј, настапуваше во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Андреј трагично го загуби животот во пожарот што избувна во локалот, на 43-годишна возраст.
Владимир Блажев – Панчо е роден на 29 јули 1979 година во Скопје. И тој и Андреј беа познати и докажани хуманисти, сакани од своите пријатели и пошироката јавност.
Зад себе Панчо остави два сина Андреја и Марјан.
Хроника
Во Битола на „Партизанска“ удрен пешак со своето куче. На пешакот му се констатирани тешки телесни повреди, додека кучето било усмртено

На 07.10.2025 во 18:26 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул. „Партизанска“ и ул.„Север Југ“ во Битола, патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(49) од Битола, удрило во пешакот Ѓ.Х.(45) од Битола и неговото куче.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола, а кучето било усмртено.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола, информира МВР.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (20 октомври)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за вторник (21 октомври)
-
Временска прогноза1 ден
Пред нас период на суво време и значително топло
-
Македонија1 ден
Дизелот со намалена цена од ноќеска, додека бензините остануваат со иста цена
-
Lifestyle1 ден
5 причини да јадете тиква: Ако сакате да ослабете, подгответе ја вака
-
Магазин4 часа
(ФОТО) По 25 години во „Бигорскиот манастир“ се враќа копаничарската колонија
-
Lifestyle1 ден
Со топол леб или палачинки: Овој џем од јаболка ќе стане вашето омилено есенско откритие
-
Магазин1 ден
Apple го претстави првиот M5 чип