Хроника
Кај Дебар во страотна сообраќајка со мотор загина млад жител на Кичево
Неофицијалните информации кои ги објавивме пред повеќе од два часа дека трагичен крај има сообраќајката во Дебар, за жал се потврдија за точни.
Предмалку портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски истакна информации за трагичната сообраќајка.
Соопштението за јавноста гласи:
– На 04.05.2025 година во 14.30 часот, на магистралниот пат Дебар-Струга во близина на дебарското село Отишани, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Пежо-406“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(43) од Скопје и моторцикл „Дукати“, со кичевски регистарски ознаки, управуван од Б.Р. (33) од Кичево.
Притоа, на местото на сообраќајната незгода, животот го изгуби мотоциклистот, а неговата смрт е констатираана од екипа на Итната медицинска помош од Дебар додека, со телесни повреди се здобила М.Г.(42) од Скопје, сопатничка во првото возило, констатирани во Општата болница во Дебар.
Увид на местото извршија јавен обвинител и полициски екипи при што, патниот правец Дебар-Струга беше во прекин.
По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатиот, ќе биде извршена обдукција.
– Во меѓу време АМСМ исто така последно истакна дека од 17:55 часот патниот правец Дебар – Струга е нормализиран.
– Апелираме за внимателно управување на секаков вид на возила кои учествуваат во сообраќај, придржување и почитување на поставената сигнализација за ограничување на брзина. Речиси и да нема нов месец без трагедија која зема човечки животи.
Доста е, да внимаваме!
– Порта.мк упатува сочувство до фамилијата, нека почива во мир нашиот сограѓанин! 🙏
Хроника
Почина лице кое било сведок на судење во Основниот граѓански суд – Скопје
На 14.10.2025 во СВР Скопје е пријавено дека во Основен граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, известува МВР.
Хроника
ТАЖНА ВЕСТ: Панчо ја загуби животната битка како последица од пожарот во Кочани, почивај во мир наш „Шорти“
По долгата и тешка борба со последиците од повредите здобиени во трагедијата во Кочани, почина Владимир Блажев – Панчо. Тој ја загуби животната битка во болницата каде што беше на лекување.
Од несреќата наваму, Панчо извесен период беше во кома, а за неговата психичка состојба се грижеше тим составен од психолози и психијатри. Задоби сериозни изгореници на лицето и на рацете.
Панчо, познат на јавноста и како диџеј Шорти, беше дел од музичкото дуо ДНК. Судбоносната ноќ на 16 март, заедно со својот колега Андреј, настапуваше во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Андреј трагично го загуби животот во пожарот што избувна во локалот, на 43-годишна возраст.
Владимир Блажев – Панчо е роден на 29 јули 1979 година во Скопје. И тој и Андреј беа познати и докажани хуманисти, сакани од своите пријатели и пошироката јавност.
Зад себе Панчо остави два сина Андреја и Марјан.
Хроника
Во Битола на „Партизанска“ удрен пешак со своето куче. На пешакот му се констатирани тешки телесни повреди, додека кучето било усмртено
На 07.10.2025 во 18:26 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул. „Партизанска“ и ул.„Север Југ“ во Битола, патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(49) од Битола, удрило во пешакот Ѓ.Х.(45) од Битола и неговото куче.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола, а кучето било усмртено.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола, информира МВР.
-
Македонија2 денаМВР истакна дека пристигнале регистрирани настани, видеа и фотографии во текот на предизборниот молк, три се на територијата од СВР Охрид
-
Хороскоп22 часаХороскоп за понеделник (3 октомври)
-
Кичево7 часаД-р Јовановски е новиот градоначалник на град Кичево, човек кој ќе ја врати довербата во заедништвото и меѓуетничкото разбирање
-
Технологија1 ден„Google Maps“ има нова корисна функција
-
Хороскоп1 часХороскоп за вторник (4 ноември)
-
Lifestyle14 часаКако да препознаете вистинско маслиново масло – едноставен трик што секој може да го направи дома
-
Магазин14 часаGalaxy S26, S26+ и S26 Ultra ќе донесат подобри камери и поголеми батерии
-
Магазин14 часаXiaomi 17 Ultra пристигнува наскоро – спецификации, цена и прв поглед на дизајнот

