Следете не

Спорт

Албанија и Латвија одиграа без победник во натпревар од квалификациите за СП

Објавено пред

на

©porta.mk

Албанија и Латвија одиграа нерешено 1:1 во Рига во натпревар од квалификациите за Светското првенство, во истата група каде што игра и Србија. За Албанија ова беше четврти натпревар во циклусот – досега имаат една победа против Андора и две нерешени, вклучително и оваа со Србија.

По разочарувачкиот резултат во Рига, нивните шанси за пласман се значително намалени. Латвија повторно покажа дека е тврд противник за Албанија – ова беше нивен шести меѓусебен дуел и сите завршиле без победник.

– Натпреварот беше исполнет со драматични моменти, особено пред голот на Летонците. Тие имаа шанса да поведат во 21-та минута од пенал, но голманот на Албанија, Стракоша, го одбрани ударот на Јанис Икауниекс. Набргу потоа, домаќините си постигнаа автогол преку Черномордијс, кој несреќно ја смести топката во сопствената мрежа додека се обидуваше да го спречи Манај.

Сепак, Черномордијс се реваншираше во судиското продолжение на првото полувреме, кога погоди со глава по центаршут и го совлада Стракоша, поставувајќи го конечниот резултат.

Во второто полувреме, Албанците беа поактивни и доминираа во обидите да постигнат победнички гол, но не успеаја да ја пробијат латвиската одбрана, и покрај неколкуте опасни ситуации пред нивниот гол. Натпреварот заврши без победник.

Спорт

За прв пат, во ист ден тројца кичевски судии ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови

Објавено пред

на

©porta.mk

Историски ден за кичевскиот спорт, во водите на професионалните фудбалски судии. Тројцата арбитри под нашето фудбалско поднебје кои буквално животот го посветија во фудбалскиот свет во ист ден ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови.

Имено, во среда на мечевите во рамки на „UEFA“ младинската лига до 19 години помеѓу „Австрија Виена“ со „Макаби Хаифа“ – судии ќе бидат Јован Качевски, Даниел Василевски и кичевчанецот Давор Цветаноски, додека на мечот во „Nordragota“ – „Викингур“ со „Генк“ правдата ќе ја делат Влатко Илиовски и кичевчаните Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.

Благодарение на Фудбалската федерација на Македонија на чело со претседателот Масар Омерагиќ и комесарот Јосип Бартон се дава можност на национални докажани судии да судат интернационални натпревари кои достојно ќе ја претсават Македонија во Европа, подвиг кој е за сите почести.

Мечот во Виена ќе започне од 15:30 часот, додека истиот ден мечот во Фарски Острови ќе започне од 20:00 часот.

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз

Објавено пред

на

©porta.mk

Избраниците на Благоја Милевски сега ќе имаат клучен дуел со следната селекција, кој ќе реши кој тим ќе го заземе второто место. Со ова реми, фудбалската репрезентација на Македонија го предаде врвот на табелата на Белгија, која успеа да го совлада Велс по драматичен пресврт.

Велс во наредното коло ќе се сретне со Лихтенштајн, а евентуална победа би им донела можност да ја поминат Македонија на табелата. Судирот меѓу овие две репрезентации ќе се одигра токму во последната рунда, што дополнително ја зголемува неизвесноста.

Со победа во овој натпревар, Македонија ќе можеше да остане во трката за првата позиција, иако Белгија би била во пол-поволна ситуација. Сепак, по актуелниот расплет, македонските фудбалери ги очекува исклучително тежок ноемвриски предизвик.

Дуелот беше крајно израмнет и двата состави создадоа неколку добри прилики во првото полувреме, но мрежите мируваа до паузата. Казахстан прв стигна до водство во 54-тата минута преку Динмухамед Караман, но Енис Барди успеа да врати баланс во 74-тата минута со прецизен удар.

Иако нашите имаа уште неколку обиди да направат целосен пресврт, сепак не успеаја повторно да ја затресат мрежата и да си обезбедат полесен финиш на квалификациите.

Голот на Барди од слободен удар ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) „Бомба“ од слободен удар на Енис Барди носи израмнување на мечот со Казахстан, одиме на победа!

Објавено пред

на

©porta.mk

Енис Барди го „матираше“ противничкиот голман на Казахстан. Од слободен удар максимално прецизен и силен донесе израмнување на мечот 1:1 по примениот „несреќен“ гол предмалку од гостите.

Одиме на победа!

Голот ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево16 минути

Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов

На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево. Претходно, во атарот...

Временска прогноза2 часа

Од утре доаѓа бура од дождови во западниот регион од Македонија

Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, денот (недела 26 октомври) ни носи променливо време со локални врнежи...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за сабота (25 октомври)

ОВЕН Денот е идеален за решавање на сите незавршени работи како и за дискусии поврзани со финансиски проблеми со личност...

Македонија17 часа

Високи претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар

Заменик министерот Исени во работна посета на ОВР Дебар и Граничниот премин Блато Како дел од работните активности на Министерството...

Мобилни уреди24 часа

„Samsung Galaxy S26 Ultra“, се очекува да биде презентиран кон почеток на јануари идната година, супер моќен и елегантен мобилен телефон

Samsung подготвува силен старт за 2026 година со својата следна генерација на флагшип уреди – Galaxy S26 серијата. Најистакнатиот модел,...

Кичево1 ден

Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!

Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во...

Македонија1 ден

АМСМ: Поради излетано тешко товарно возило, патот Скопје-Куманово кај Хиподром (обиколница) е во прекин

На 24.10.2025 година од 09.00 часот на патниот правец Скопје – Куманово, на клучка Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, поради...

Македонија1 ден

Во недела наутро започнува зимското сметање на време, со тоа што стрелките се враќаат еден час поназад

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги информира граѓаните дека, согласно Одлуката на Владата на Република Македонија од 28...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за петок (24 октомври)

ОВЕН Важно е да ја оставите гордоста настрана и да и приоѓате на личност што ви се допаѓа долго време....

Временска прогноза2 дена

Периодот пред нас со нови врнежи деновиве и силен ветер до 70 км/час

Длабок циклонски систем со центар над централна и над северозападна Европа и истиот од северозапад ќе се преместува кон северните...

НАЈЧИТАНИ