Технологија
По последните ажурирања на „Windows“, некои корисници наводно критикуваа една од новите функции

По последните ажурирања на „Windows“, многу корисници наводно почнале да се жалат дека функцијата за препознавање лице – „Windows Hello“ – не функционира добро во темни услови. Проблемите започнале од април годинава, кога многумина забележале дека системот не го препознава нивното лице доколку нема доволно светлина.
Иако првично се мислеше дека станува збор за софтверска грешка, подоцнежни информации покажаа дека „Microsoft“ намерно го променил начинот на кој работи „Windows Hello“, со цел да ја подобри безбедноста. Со ажурирањето KB5055523, системот сега бара камерата јасно да го „види“ лицето на корисникот, што значи дека при темна околина, препознавањето не е можно.
Порано, „Windows Hello“ користеше инфрацрвена технологија за „3D скенирање“, што овозможуваше работа и при слаба осветленост. Но, „Microsoft“ открил дека постојат потенцијални безбедносни ризици – иако сè уште не се забележани вистински напади. Поради тоа, компанијата решила да ја намали функционалноста на системот за препознавање лице како превентивна мерка.
Сè уште не е познато дали „Microsoft“ повторно ќе ја активира старата функционалност кога ќе се реши безбедносниот проблем. Во меѓувреме, некои корисници откриле начин да го вратат препознавањето во темно, така што ја оневозможуваат стандардната веб-камера преку „Device Manager“ во „Windows 11.“
Извор: benchmark.rs
Магазин
YouTube укинува Premium Family сметки надвор од заедничко домаќинство

YouTube го следи примерот на Netflix и Disney+, воведувајќи построги правила за користење на Premium Family пакетите. Компанијата почна да испраќа известувања до корисници кои го користат планот од различни локации, со што практично се ограничува споделувањето на сметки надвор од исто домаќинство.
Известувања и рок од 14 дена
Корисниците кои не се на иста адреса со „менаџерот на семејството“ (лицето што го активирало планот) добиваат известување дека нивното членство ќе биде паузирано за 14 дена. Во пораката јасно е наведено дека оваа практика е во спротивност со условите за користење.
Иако ова правило отсекогаш постоело, YouTube сега за прв пат почнува сериозно да го спроведува. Целта е очигледна – да се намали споделувањето на сметки и да се зголеми бројот на индивидуални претплати.
Нема „средна опција“ како кај Netflix
За разлика од Netflix, кој понуди можност за додавање на дополнителни членови за мала доплата, YouTube засега нема вакво решение. Исклучените корисници имаат само две опции:
-
да преминат на индивидуална Premium претплата, или
-
целосно да се откажат од услугата.
Што следува?
Не е познато дали YouTube во иднина ќе воведе поблаги модели или нови пакети за корисници кои сакаат да останат дел од истото „семејство“ без да делат ист дом. Во моментов, условот е јасен – сите членови на Premium Family мора да живеат во исто домаќинство.
Извор: Streberi
Социјални мрежи
Корисниците во повеќе европски земји, како и кај нас пријавија потешкотии при користење на „Google, Gmail“ и останатите сервиси

Корисниците во повеќе европски земји, особено во Југоисточна Европа, Турција и Кавказ, се соочуваат со сериозни потешкотии при користење на услугите на „Google“, како што се „Gmail, YouTube, пребарувачот, Google Maps“ и други.
Првичните пријави за проблеми почнаа да се појавуваат на „Downdetector“ и социјалните мрежи од земјите од Југоисточна Европа, а набрзо потоа стигнаа извештаи и од Турција и Кавказкиот регион. За среќа овој проблем се чини дека е веќе надминат и се е вратено во нормала.
Прекини беа забележани во вкупно 24 држави, меѓу кои Македонија, Србија, Турција, Грција, Бугарија и Романија. Сепак и во САД и Западна Европа се регистрирани помали потешкотии.
Причината за прекинот засега останува непозната, а од Google сè уште нема официјален коментар.
Магазин
Google Play Games добива нови профили со статистика и социјални функции

Google најави големо ажурирање на својата услуга Play Games за Android уредите. Новите промени ќе донесат поинформативни кориснички профили, детална статистика и социјални алатки за поврзување на играчите.
Што носи ажурирањето?
-
Детална статистика – корисниците ќе можат да го следат својот напредок во игрите.
-
Достигнувања – профилите ќе прикажуваат отклучени награди и успеси.
-
Социјални функции – нови опции за градење заедница и полесно поврзување со други играчи.
-
Персонализација – можност за прилагодување на корисничкиот профил.
Датум на достапност
-
23 септември 2025 – ажурирањето започнува автоматски во повеќето региони.
-
1 октомври 2025 – корисниците во Европската Унија и Обединетото Кралство ќе ја добијат надградбата.
-
Google ќе извести преку е-пошта за сите промени.
Интеграција со Google Play Store
-
Новите профили ќе бидат директно интегрирани во Google Play Store, што значи дека нема повеќе потреба од користење на посебни апликации за управување со гејмерскиот идентитет.
-
Ова унифицирано решение ќе создаде централизирано место за сите гејмерски активности на мобилните уреди.
Сличности со други платформи
-
Концептот е сличен на начинот на кој Steam со години ги прикажува профилите, историјата на игри и достигнувањата на играчите.
-
Целта е полесна интеракција меѓу корисниците и поттикнување на споделувањето на успеси во игрите.
Извор: Bug
-
Музика2 дена
(ВИДЕО) Кичевчани во полн ефект до достигнувања на соништата, „Men Of Silver Soul“ на „Marbled In Stone“ ќе ви стане омилена веднаш!
-
Спорт2 дена
(ФОТО) На пауза во Кичево, полека финишира 34-то издание на мото-рели „Независност Македонија 2025“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (9 септември)
-
Македонија1 ден
МВР со детали за тешката сообраќајка со мотоцикли на магистралниот пат Гостивар-Кичево вчера
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за среда (10 септември)
-
Македонија2 дена
Прекинат сообраќајот на патот Мавровска крстосница-Гостивар поради сообраќајна несреќа, возилата се пренасочуваат по споредните патишта
-
Временска прогноза1 ден
Стабилно и суво, од четврток нова промена на времето и услови за локално невреме проследено со дожд, засилен ветер и грмежи
-
Спорт1 ден
Англиската репрезентација со четири победи вечерва со фаворитски статус во Белград пред Србија