Кичево
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која веднаш се упатила на терен и сеуште дејствува.
Апелираме за поголемо внимание додека се движите во шумски предели во овој период од годината.
За нашиот медиум од ТППЕ Кичево известуваат дека дејствуваат врз запалена ниска шума и дива депонија.
Кичево
Кичево на нозе: Да помогнеме во потрагата утре во с.Белица кичевско за исчезнатата баба Велјанка

Преку одборот на МЗ Белица се приклучуваме кон апелот за потрага, така што Ве повикуваме сите хумани луѓе кои можат и сакаат да помогнат во потрагата по исчезнатата Велјанка Штерјоска, тоа да го направат утре.
Имено, собирот ќе се одржи утре (понеделник) во 7:00 часот наутро од пред црквата „Св. Ѓорѓија“ во Белица, потоа ќе се следат насоки и распоредување за трагањето.
Ви благодариме однапред за солидарноста и човечноста! 🙏
Кичево
Апел за изгубено лице од Кичево, доколку имате било какво инфо известете

Апел за изгубено лице, Велјанка Штерјоска. Последен пат била видена пред својата куќа до црквата во Белица, вчера наутро, околу 9 часот
Висина: 155 см
Коса: кафена
Очи: кафени
Доколку имате било каква информација или сте ја виделе, веднаш јавете се на:
📞 072 304 091
🙏 Вашата помош е од огромна значење, истакнаа од МЗ Белица.
Кичево
Започнува „Наше театарче“ на „Intellect Education“ место каде најмилите ќе го развијат својот талент, ќе ја откријат својата креативност и ќе блеснат на сцената!

Од најдобрите и најкреативни програми, овој пат ви го претставуваме новото, кичевско „Наше театарче“ – магично место каде што вашите деца ќе го развијат својот талент, ќе ја откријат својата креативност и ќе блеснат на сцената! 🎭
👉 Уписите се во тек – резервирајте го вашето место, бројот е ограничен!
Нашата едукативна понуда опфаќа:
• 🎭 Наше театарче – драмска програма за деца
• 🇬🇧 Англиски јазик – за сите возрасти и нивоа
• 🇩🇪 Германски јазик – за сите нивоа и возрасти
• 🧒 Претшколска програма
• ✏️ Подготовка за првачиња
• 📖 Индивидуални часови по македонски јазик (пишување, читање)
• 🗣️ Логопедски, дефектолошки и психолошки услуги и советување
• 💻 IQUP STEM програми со програмирање
📌 Проверете ја нашата целосна програма и следете нè за повеќе новости!
Intellect Education
За повеќе инфо: ☎️ 071/777-939
/ПР
-
Кичево15 часа
Апел за изгубено лице од Кичево, доколку имате било какво инфо известете
-
Кичево12 часа
Кичево на нозе: Да помогнеме во потрагата утре во с.Белица кичевско за исчезнатата баба Велјанка
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (7 септември)
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за понеделник (8 септември)
-
Кичево21 час
Започнува „Наше театарче“ на „Intellect Education“ место каде најмилите ќе го развијат својот талент, ќе ја откријат својата креативност и ќе блеснат на сцената!