Хроника
МВР со детали за трагичниот настан на Дебарско езеро

На 28.06.2025 година во ОВР Дебар е пријавено дека, во водите на Дебарското езеро во близина на пумпната станица- Дебар, на околу два метри од брегот на езерото, почината е пронајдена С.А. (27) од Дебар.
По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршија полициски екипи, а лекар од Општата болница во Дебар, констатирал смрт без траги на насилство, по што телото е дадено за обдукција, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Хроника
Млад скопјанец пронајден починат во домот на подрачјето на Кисела Вода

На 24.09.2025 во 18:16 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје починал К.К.(38) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, известува МВР.
Хроника
Комбе со работници паднало од експресниот пат Штип – Радовиш, неофицијално има жртви и повредени

Во утринските часови се случила тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш, кога комбе што превезувало работници излетало од мостот над Балатилиска Река. Според првичните податоци, во несреќата има жртви, како и повеќе повредени лица, информира 4NEWS.mk.
На самото место веднаш интервенирале екипи на Брза помош со две возила, противпожарната служба од ТППЕ-Штип, како и полициски екипи од штипската станица.
Се очекува во текот на денот Министерството за внатрешни работи да објави дополнителни детали за причините и последиците од трагичниот настан.
Хроника
Трагедија во Кавадарци: Млад жител од Кина додека извршувал работни задачи во фабрика бил удрен од кран, починал на самото место

На 10.09.2025 во 12:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека Г.Х.(38) од Кина, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, бил удрен од кран и од здобиените повреди починал на местото. Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт, а увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, извести МВР.