Следете не

Македонија

Цената на бензините се намалува, додека на дизелот се покачува

Објавено пред

на

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваа за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.06.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,00 ден/лит

Извор: РКE

Македонија

ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија

Објавено пред

на

©porta.mk

Екипа на ТППЕ Кичево на барање на Општина Македонски Брод со сите расположливи средства сеуште се борат со огнената стихија во с.Самоков, потточно во фаб. за муниција.

ЦУК предмалку го истакна следново:

Денес до 18:00 часот има вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни

АКТИВНИ: 8

1. Општина Прилеп: с.Бешиште (приземен во мешана шума);

2. Општина Македонски Брод 1: с.Црешнево (деградирана дабова шума и грмушки);

3. Општина Чашка: под Солунска глава помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка каде нема активен пламен, само чад во карпест дел (шумски пожар);

4. Општина Чучер Сандево: помеѓу селата Блаце и Чучер (мешана шума и ниска вегетација).

5. Општина Македонски Брод 2: нас.Самоков во фабриката за муниција и оружје “Сувенир” (Опожарен е магацин /хала со гуми и палети )

6. Општина Македонски Брод 3: с.Слатино (лисната постелка и ниска вегетација)

7. Старо Нагоричане: с.Белаковце ( гори шума)

8. Општина Дојран с.Николич (нискостеблеста шума)

Прочитај повеќе...

Македонија

Поради пожар целосно е прекинат сообраќајот кон Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.

Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.

МВР апелира до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за сите дополнителни информации соодветно ќе ја информираат јавноста.

Прочитај повеќе...

Македонија

Земјотрес почувствуван денеска, епицентарот бил во подрачјето на Валандово

Објавено пред

на

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, преку сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес со епицентар во подрачјето на Валандово, на 123 км југоисточно од Скопје, со локална магнитуда ML 2.9 според Рихтеровата скала.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово, Струмица и нивната блиска околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Извор: ЦУК /Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт1 час

(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец

Денес беше завршниот ден на големиот турнир во с.Староец Кичево по повод Иванден. По одиграните натпревари кои завшрија со следните...

Македонија3 часа

ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија

Екипа на ТППЕ Кичево на барање на Општина Македонски Брод со сите расположливи средства сеуште се борат со огнената стихија...

Спорт4 часа

Класата е вечна! Ѓоковиќ го победи Де Минаур и обезбеди четвртфинале со италијанскиот „ас“ Коболи!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ избори пласман во четвртфиналето на Вимблдон, откако во осминафиналето го победи Австралиецот Алекс де Минаур со...

Македонија5 часа

Поради пожар целосно е прекинат сообраќајот кон Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот...

Македонија6 часа

Земјотрес почувствуван денеска, епицентарот бил во подрачјето на Валандово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, преку сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет...

Македонија8 часа

РЦ Запад и Капетанија викендов спроведоа засилени акциски мерки согласно законот за внатрешна пловидба

Викендов (05/06/07), полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ при регионалниот центар „Запад“, како и инспектори од...

Македонија10 часа

Цената на бензините се намалува, додека на дизелот се покачува

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Кичево10 часа

Нова самопослужна автоперална „Fi-Go“ во Кичево: Брзо, практично и достапно решение за чисто возило

Љубителите на чисти и уредни автомобили во Кичево отсега имаат нова, модерна опција за миење и одржување на своето возило....

Lifestyle10 часа

Дали патувате со авион на одмор? Еве како да спакувате сè што ви е потребно во рачниот багаж

Патувањето со авион често значи предизвик околу пакувањето, особено ако сакате да носите само рачeн багаж. Но, со неколку практични...

Магазин10 часа

Windows 11 конечно го надмина Windows 10 како најдоминантен оперативен систем

Windows 11 официјално стана најпопуларниот оперативен систем, откако за првпат го надмина Windows 10 по бројот на инсталации. Овој успех...

НАЈЧИТАНИ