Македонија
(ФОТО) МВР: Фатени тројца малолетници, со бензин, петарди и запалка
Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера (09.07.) на подрачје на ЕВР Гази Баба, поточно во близина на месноста Ајватовски рид кај населбата Илинден во 23:40 часот полициски службеници при преглед на три малолетни лица, странски државјани, во ранец пронашле две шишиња со по 1,5 литри бензин, две петарди, запалка и течен лепак, по што истите се лишени од слобода. Во присуство на дежурен тим на Јавна установа центар за социјални работи и адвокат обавен е службен разговор, по што со потврда за предавање на лица истите се предадени на ЈУМЦСР.
Исто така, вчера околу 10:50 часот во отпад за хаварисани возила и старо железо во Визбегово кој се наоѓа помеѓу хотелски објект и објект на правно лице од страна на две лица извршено е кривичино дело – „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ врз двајца медиумски работници од национална медиумска куќа, при што едно од лицата извршило и нарушување на ЈРМ и „непочитување наредба на овластено службено лице или државен орган“, за што истите се лишени од слобода и во координација со Јавен обвинител од ОЈО Скопје се задржани за понатамошна постапка. Воедно, во близина на Раштански пат, поточно на стариот пат кон езерото Смилковци, вчера околу 22:00 часот по настанатиот пожар и по преземени мерки и дејствија на опожарениот дел пронајдени се жици од запалена гума, една ракавица и дел од ракавица, по што од страна на ЕУМНА при СВР Скопје истите се подигнати за вештачење.
Она што, исто така, е битно да се нагласи е дека вчера со директно вклучени над 170 полициски службеници од неколку полициски станици од општа надлежност, како и над 80 полициски службеници од крим полицијата, СВР СКопје преку координација на Посебен оперативен штаб формиран за таа цел, учествуваше во гаснењето и локализирањето на 28 пожари пријавени на подрачјето на главниот град. Всушност, освен на подрачјето на надлежност на ПСОН Центар и ПО Арачиново, вчера сите други подрачја на останатите организациони единици при СВР Скопје беа зафатени со пожари.
Најмногу регистрирани пожари имаше на подрачјето на ПСОН Ѓорче Петров – седум, каде што се опожарени сува трева, жито, три куќи и 2 помошни простории, потоа на подрачјето на ПСОН Гази Баба четири регистрирани пожари, на подрачјето на ПО Мирковци, ПО Петровец и ПО Шуто Оризари по три пожари, на подрачјето на ПО Шуто Оризари е изгорен еден простор со отпад во целост, а на останатите подрачја е изгорена сува трева. На подрачјето на ПСОН Кисела Вода и ПСОН Чаир регистрирани се по два пожари каде што е изгорена сува трева, а на подрачјата на ПСОН Аеродром, ПСОН Драчево, ПСОН Карпош и ПО Сарај регистрирани се по еден пожар каде што е изгорено сува трева и нискостеблеста шума.
Практично, вчера Секторот за внатрешни работи Скопје (вклучувајќи ги и Единицата за Интервенции и команда при СВР Скопје и Сектор за известување и координација на состојби при БЈБ) во содејство со Дирекција за заштита и спасување, Центар за управување со кризи, Бригада за противпожарна заштита, Итна медицинска помош, ЈП Водовод и Канализација, ЈП Улици и патишта, постапувајќи во рамките на своите надлежности превзеде низа мерки и активности а учествуваше и во активности за евакуација на жителите кои живеат во близина на опожарените предели, давање помош на БППЗ и на жителите на опожарените предели за локализирање на пожарите во целост. Така во селото Орман и во Шуто Оризари направена е евакуација на население на потесен периметар од пожарот.
Од страна на СВР Скопје сеуште се преземаат мерки и активности со цел за расчистување на причините на настанување на пожарите. За пожарот на подрачјето на ПСОН Аеродром утврдено е дека истиот настанал поради спој на електрични кабли предизвикан од силен ветер.
Министерството за внатрешни работи покрај конкретните секојдневни активности во гаснење на пожарите и континуираното превентивно присуство на терен, ќе продолжи со интензивни оперативни активности на расчистување на причините за избувнување на пожарите крајно одговорно и ригорозно со цел правно санкционирање на сите евентуални сторители на ваквиот вид кривични дела.
Македонија
Високи претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар
Заменик министерот Исени во работна посета на ОВР Дебар и Граничниот премин Блато
Како дел од работните активности на Министерството за внатрешни работи, заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, денес оствари работна посета на ОВР Дебар и Граничниот премин Блато.
Во рамки на посетата, заменик министерот Исени се запозна со тековните активности, со предизвиците со кои се соочуваат службите, како и со начинот на нивно надминување.
На средбата се разговараше и за актуелната безбедносна состојба во регионот, при што беа презентирани најновите трендови на криминалитетот и мерките што се преземаат за негово спречување и навремено откривање.
„Безбедноста и владеењето на правото остануваат врвен приоритет на Министерството за внатрешни работи на целата територија на државата,“ истакна заменик министерот Исени.
Со оваа посета, МВР уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон унапредување на безбедносните стандарди, поддршка на локалните полициски структури и континуирана работа на терен за поголема заштита на граѓаните и јавниот ред и мир, истакна МВР на социјалните мрежи.
Македонија
АМСМ: Поради излетано тешко товарно возило, патот Скопје-Куманово кај Хиподром (обиколница) е во прекин
На 24.10.2025 година од 09.00 часот на патниот правец Скопје – Куманово, на клучка Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, поради излетано тешко моторно возило на патот, сообраќајот е во прекин, известува АМСМ.
Македонија
Во недела наутро започнува зимското сметање на време, со тоа што стрелките се враќаат еден час поназад
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги информира граѓаните дека, согласно Одлуката на Владата на Република Македонија од 28 март 2025 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 68, летното сметање на времето за оваа година ќе заврши во недела, на 26 октомври 2025 година.
Со прекинот на летното сметање, во недела наутро, точно во 03:00 часот, часовниците ќе треба да се вратат еден час наназад, така што времето 03:00 ќе се смета како 02:00 часот.
Оваа одлука е донесена во согласност со редовната годишна процедура за прилагодување на сметањето на времето и е во насока на усогласување со стандардите и регулативите што важат во земјите од Европската Унија.
-
Кичево2 денаВчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (26 октомври)
-
Спорт1 денФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско
-
Култура19 часаУтре е голем празник, се слави Св.Петка, за многу години „Петковден“ – честита домашна слава на сите кои чекаат гости вечерва и утре
-
Временска прогноза2 денаОд утре доаѓа бура од дождови во западниот регион од Македонија
-
Хороскоп6 часаХороскоп за понеделник (27 октомври)
-
Временска прогноза13 часаОд ноќеска засилен бран на дожд, грмежи и ветер особено во западниот регион од Република Македонија, ова се информациите
-
Магазин2 денаВидео и аудио платформата „Јутјуб“ постави нов рекорд во исплати за нивните креатори
