Хроника
МВР: Детали за грозоморното убиство во Прилеп на 13-то годишно дете, неговиот татко и самоубиството на сторителот
Во врска со кривично правниот настан -Убиство и самоубиство, случен на 12.07.2025 година во Прилеп, според првичните сознанијата со кои во моментот располага СВР Битола-ОВР Прилеп се следните:
на 12.07.2025 година околу 15:00 часот П.Ѓ.(62) од Прилеп телефонски му се јавил на неговиот внук од сестра П.Ч.(43) од Прилеп, при што истиот го поканил да оди во неговиот дом во Прилеп, но инсистирал со себе да го поведи и неговиот малолетен 13 – годишен син, односно внук од сестра на П.Ѓ.
Според првичните сознанија, П.Ч. по поканата од неговиот вујко го зел со себе малолетниот син, по што и кажал на неговата сопруга К.Ч. (43) дека неговиот вујко инсистира да оди во негова посета заедно со неговиот син, при што истите заминале .
Според првичните информации и сознанија од очевидци кои ги има ОВР Прилеп во околу 15:30 -16:00 часот во непосредна близина на куќата на сега починатиот П.Ѓ. се слушаат истрели од огнено оружје, (најверојатно тоа бил моментот на убиството во кое П.Ѓ. ги застрелува внукот и неговиот малолетен син) но, до тој момент нема никаква пријава во ОВР Прилеп за било какво пукање на подрачјето на Прилеп.
Според сознанијата до кои дојдоа полициските службеници од ОВР Прилеп, на фејсбук профил за кој се претпоставува дека е креиран и припаѓа на вујкото П.Ѓ. во 17:10 часот, поставен бил статус со сомнителна содржина каде истиот ја прозива неговата сестра и внукот ( според времето на објавување се претпоставува дека статусот е објавен по убиството на внукот и неговиот малолетен син).
Сопругата на сега убиениот П.Ч. според сознанијата, по извесно време пробала да ги добие телефонски сопругот и синот, но откако истата не ги добила , се упатила кон куќата на вујкото на нејзиниот сопруг, по што истата видела дека влезната врата е затворена и никој не се одзвива на нејзините довикувања, а надвор пред куќата го забележала паркирано патничкото возило на нејзиниот сопруг.
Истата, по одредено време во 21:20 часот го пријавува настанот во ОВР Прилеп каде пријавува дека истиот ден од домот се оддалечил нејзиниот сопруг заедно со нивниот малолетен син и посочува дека најверојатно се наоѓаат во домот на вујкото на нејзиниот сопруг.
Откако во 21:20 часот истата го пријавува настанот во ОВР Прилеп. Веднаш полициски службеници се упатуваат кон куќата на ул „Стеван Апостолоски” во Прилеп и по пристигнувањето на наведената адреса да извршат проверка по пријавата, во домот на П.Ѓ. никој не ја отворил вратата. Веднаш било стапено во контакт со јавен обвинител, по што била издадена наредба од јавен обвинител, полициски службеници со употреба на сила да ја отворат вратата. Кога влегле во куќата П.Ѓ. фрлил бомба кон нив која почнала да чади, но не експлодирала. Откако полициските службеници излегле од куќата, од страна на П.Ѓ. било пукано кон нив, при што полициските службеници возвратиле со пукање од службено оружје кон куќата и известиле по радио врска дека во 22:40 часот према нив пукано е од огнено оружје на ул.„Стеван Апостолоски“, за да по кратко време П.Ѓ. со огнено оружје се самоубил. На местото на настанот пристигнала екипа на Итна медицинска помош Прилеп каде од страна на доктор била констатирана смрт како последица од огнено оружје кај П.Ч, П.Ѓ. и 13-годишен малолетник.
На 13.07.2025 во 01:20 часот од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп во присуство на јавен обвинител бил извршен увид на ул.„Стеван Апостолоски “ во Прилеп при што од увидот констатирано било дека во куќа со приземје и кат со дворно место пред влезната врата како и во домот беа пронајдени чаури од огнено оружје , како и влезно излезни траги од проектили. Во ходникот на подот пронајдена била и една рачна бомба М93. Исто така на влезот од собата пронајден бил пиштол калибар 9 мм и пиштол калибар 7,65 мм , документи, парични средства како и договори за имот и останати документи.
Од страна на јавен обвинител била издадена наредба врз телата на починатите да се изврши обдукција, истакна МВР.
Хроника
Почина лице кое било сведок на судење во Основниот граѓански суд – Скопје
На 14.10.2025 во СВР Скопје е пријавено дека во Основен граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, известува МВР.
Хроника
ТАЖНА ВЕСТ: Панчо ја загуби животната битка како последица од пожарот во Кочани, почивај во мир наш „Шорти“
По долгата и тешка борба со последиците од повредите здобиени во трагедијата во Кочани, почина Владимир Блажев – Панчо. Тој ја загуби животната битка во болницата каде што беше на лекување.
Од несреќата наваму, Панчо извесен период беше во кома, а за неговата психичка состојба се грижеше тим составен од психолози и психијатри. Задоби сериозни изгореници на лицето и на рацете.
Панчо, познат на јавноста и како диџеј Шорти, беше дел од музичкото дуо ДНК. Судбоносната ноќ на 16 март, заедно со својот колега Андреј, настапуваше во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Андреј трагично го загуби животот во пожарот што избувна во локалот, на 43-годишна возраст.
Владимир Блажев – Панчо е роден на 29 јули 1979 година во Скопје. И тој и Андреј беа познати и докажани хуманисти, сакани од своите пријатели и пошироката јавност.
Зад себе Панчо остави два сина Андреја и Марјан.
Хроника
Во Битола на „Партизанска“ удрен пешак со своето куче. На пешакот му се констатирани тешки телесни повреди, додека кучето било усмртено
На 07.10.2025 во 18:26 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул. „Партизанска“ и ул.„Север Југ“ во Битола, патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(49) од Битола, удрило во пешакот Ѓ.Х.(45) од Битола и неговото куче.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола, а кучето било усмртено.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола, информира МВР.
-
Кичево21 часВчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
-
Хороскоп1 денХороскоп за сабота (25 октомври)
-
Спорт14 часаФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско
-
Хороскоп12 часаХороскоп за недела (26 октомври)
-
Македонија2 денаВисоки претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар
-
Временска прогноза22 часаОд утре доаѓа бура од дождови во западниот регион од Македонија
-
Мобилни уреди2 дена„Samsung Galaxy S26 Ultra“, се очекува да биде презентиран кон почеток на јануари идната година, супер моќен и елегантен мобилен телефон
-
Магазин19 часаВидео и аудио платформата „Јутјуб“ постави нов рекорд во исплати за нивните креатори
