Магазин
Samsung Galaxy S26: Поголема батерија и потенок дизајн

Се појавуваат нови детали за наредната генерација на Samsung телефони, Galaxy S26, кои треба да се појават следната година.
• Моделот S26 Ultra се очекува да биде најмоќниот досега. Според извештаите, ќе има:
-
Батерија од 5.000 mAh
-
Брзо полнење до 60W, што би било најбрзо во историјата на Samsung
-
Потенок и полесен дизајн од претходниот S25 Ultra
• Galaxy S26 Edge исто така ќе добие важни подобрувања:
-
Ќе биде потенок од S25 Edge
-
Ќе има поголема батерија, иако ќе биде физички послаб
• Според нови гласини, Samsung планира да ги спои моделите S26 и S26 Plus во еден уред наречен Galaxy S26 Pro.
• Очекувани модели во серијата:
-
Galaxy S26 Pro
-
Galaxy S26 Edge
-
Galaxy S26 Ultra
• Спецификации според протечени информации:
-
S26 Pro: батерија од 4.175 mAh (маркетирана како 4.300 mAh)
→ Голем скок во однос на S25 кој има 4.000 mAh -
S26 Edge: батерија од 4.078 mAh
→ Подобрување во споредба со тековниот модел кој има 3.900 mAh
• Засега брзината на полнење за Pro и Edge моделите не е позната.
Иако информациите звучат ветувачки, треба да се има предвид дека не се официјални. Повеќе детали ќе бидат објавени како што се приближува датумот на претставување.
Извор: B92
Хороскоп
Хороскоп за сабота (4 октомври)

ОВЕН
Можно е денес да бидете под голем притисок и да не ви биде лесно сите задачи да ги извршите како што треба. Ве очекуваат недоразбирања со саканата личност. Денот е поповолен и со помала тензија доколку не сте во врска. Можна е главоболка.
БИК
Можно е да се загрижите за својата иднина и да не ви биде лесно да донесете некои важни деловни одлуки кои ве ќекаат. Ве очекува период во кој ќе имате потреба да бидете повеќе со вашиот партнер. Можна е несоница.
БЛИЗНАЦИ
Можно е да дојде до одложување на плановите кои сте ги имале на ова поле, сѐ се движи полека и тоа ве прави незадоволни. На некој начин сте се затвориле во себе и не ви е лесно да ги покажете своите емоции. Без проблеми со здравјето.
РАК
Можни се мали финансиски проблеми и да не ги добиете парите кои ги очекувате, или да доживеете мало разочарување на работното место. Со партнерот се наоѓате во моменти на важни одлуки. Кичмата ви е осетлива. Доаѓа време повеќе да се посветите на своето здравје.
ЛАВ
Прилично сте загрижени за своето работно место па важно е на време да ги сфатите проблемите. Пред вас е ден за флерт и нови познанства, судбината ви е наклонета и се појавува некој нов. Избегнувајте внесување на алкохол.
ДЕВИЦА
Ова не е поволен ден за почнување нова работа и генерално потрудете се да избегнувате носење на било какви важни одлуки. Саканата личност не покажува доволно нежност и вие полека се оддалечувате од неа. Можни се проблеми со бубрезите.
ВАГА
Забележувате промени кај опкружувањето на работното место и не ви е лесно да се адаптирате на нив. Влеговте во фаза на монотонија со саканата личност. Лесно би можело да ви се укаже прилика за некој флерт. Подложни сте кон проблеми.
СКОРПИЈА
Пред вас е ден во кој ќе се занимавате со нови работни задачи и проекти кои се многу важни. Доколку сте слободни, можно е да дојде до шанса да се смирите со некој/а поранешен партнер/ка. Можни се проблеми со тахикардија.
СТРЕЛЕЦ
Доколку се занимавате со приватен бизнис, пред вас е многу добар период во кој ќе заработувате добро. Потребно ви е време да одлучите дали ќе менувате некои работи на оваа поле или не. Поведете сметка за градниот кош.
ЈАРЕЦ
Можно е да не ги остварите плановите кои ги имате. Засега потрудете се да не форсирате нови настани. Променете го својот пристап во контактот со партнерот ако сакате ситуацијата во вашата врска да се поправи. Проблеми со дишните патишта.
ВОДОЛИЈА
Не влегувајте во ризични зделки и не позајмувајте пари некому. Ова не е поволен ден за тоа. Се чувствувате моќно и дека можете да промените сѐ што ќе посакате, а гледате дека вашата врска не оди во добар правец. Осетливи заби и непца.
РИБИ
Можете лесно да направите грешка на работното место, која ќе ја забележат луѓето околу вас. Внимавајте на својата концентрација. Пред вас е можност да обновите контакт со некоја личност од вашето минато. Денес совршено ќе ви одговара одмор.
Lifestyle
Трикот за совршено сварени јајца

Варените јајца се едни од наједноставните и најхранливи оброци – богати со протеини, витамини и минерали. Но, речиси секој барем еднаш се сретнал со непријатната сиво-зелена жолчка или со лушпа што тешко се лупи.
За среќа, постои едноставен метод во четири чекори кој гарантира совршени резултати секој пат.
1. Почнете со студена вода
Јајцата најпрво се ставаат во тенџере, а дури потоа се прелеваат со ладна вода. Ако се додадат во веќе зовриена вода, многу полесно можат да се скршат.
2. Кратко вриење
Ставете го тенџерето на силен оган и почекајте водата да зоврие. Штом ќе почне да врие, тргнете од оган и веднаш покријте. Тајната е во тоа што јајцата не остануваат долго на висока температура, што ја спречува жолчката да добие зелена нијанса.
3. Времето е клучно
Должината на „стоење“ во топлата вода зависи од текстурата што ја посакувате:
-
4–5 минути → меко варени јајца
-
7–8 минути → средно варени
-
10–12 минути → тврдо варени
4. Ладна водена бања
Веднаш по варењето, исцедете ја топлата вода и јајцата потопете ги во сад исполнет со многу ладна вода и коцки мраз. Овој „шок“ ја прекинува термичката обработка и ја зачувува совршената текстура на жолчката и белката. Ако планирате да ги излупите, нежно потчукнете ги за да ја испукате лушпата и оставете ги во водата подолго време – потоа ќе се лупат лесно и рамномерно.
Извор: Nezavisne
Lifestyle
Никогаш не ставајте ја оваа храна во замрзнувач

Замрзнувачот често е „спасител“ кога сакаме да зачуваме остатоци од јадење или да го продолжиме рокот на траење на храната. Но, не секоја намирница е погодна за замрзнување – кај некои целосно се менува вкусот, текстурата и дури и хранливата вредност.
Пржена храна
По одмрзнувањето, пржената храна ја губи крцкавоста и станува мека и мрсна. Маслото се распределува нерамномерно и го уништува вкусот.
Јајца
Варените јајца стануваат густи и гумени, а нивниот вкус се менува на непријатен начин.
Зеленчук со многу вода
Краставици, зелена салата и слични зеленчуци ја губат цврстината и стануваат како каша. Доматите, исто така, го менуваат изгледот и вкусот по одмрзнувањето.
Компири
-
суров компир – никогаш не замрзнувајте! По одмрзнувањето станува чуден, со сладок вкус.
-
преработен компир (помфрит, крокети) – може да се замрзне без големи промени.
Млечни производи
Јогуртот и павлаката стануваат воденести или зрнести. Меките сирења (како крем сирење, бри) ја губат мазноста и добиваат грд изглед. Дури и тврдите сирења не остануваат исти ако подолго се чуваат во замрзнувач.
Тестенини и ориз
Варени тестенини и ориз после замрзнување стануваат лепливи и ја губат формата.
Извор: SD
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (3 октомври)
-
Кичево2 дена
Граѓаните на Кичево денес ја покажаа својата хуманост на дело и доброволно даруваа крв, во организација на „РЦУК Кичево“ во соработка со „ОО Црвен Крст“ и „Институтот за трансфузиона медицина“ Кичево
-
Кичево2 дена
ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и кичевските села Вранештица, Цер и Црско, Кладник, Велмевци и Прострање.
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за сабота (4 октомври)
-
Македонија2 дена
МВР: Над 100 лица се лишени од слобода во месец септември поради поседување на наркотични средства, запленета поголема количина дрога
-
Спорт2 дена
Милевски го истакна составот за квалификациските натпреварувања за СП, со Белгија и Казахстан, Ќамили и Митровски повредени, додека во составот се враќа Бабунски
-
Lifestyle1 ден
Никогаш не ставајте ја оваа храна во замрзнувач
-
Lifestyle1 ден
Трикот за совршено сварени јајца