Македонија
Во среда времен застој на ГП “Делчево” поради градежни работи

Регионалниот центар за гранични работи „Исток“ ја информира јавноста дека задутре (06.08.) ГП и ГН „Делчево“, односно од бугарска страна ГКПП „Станке Лисичково“ целосно ќе бидат затворени за секаков сообраќај во периодот од 08:00 до 14:00 часот.
Причина за тоа, според официјалното известување добиено од бугарските гранични полициски служби, се градежните работи на патната делница кај ГКПП „Станке Лисичково“.
По завршувањето на работите сообраќајот и функционирањето на граничните премини ќе продолжи непречено да се одвива, информира МВР.
Македонија
Предмалку земјотрес регистриран во западна Македонија, кај Тетово

Предмалку земјотрес регистриран во Македонија, според информациите на ЕМСЦ лоциран е околу град Тетово, со јачина од 2.9.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 31 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/lXZ7ajrO5Y— EMSC (@LastQuake) August 4, 2025
🔔#Earthquake (#земјотрес) M2.9 occurred 9 km S of #Tetovo (Republic of North Macedonia) 2 min ago (local time 16:14:06). More info at:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/S80VoODDuQ
🖥https://t.co/PCBUEIynlz pic.twitter.com/s3baNhFnOS— EMSC (@LastQuake) August 4, 2025
Македонија
МВР: Изминатиот викенд 1077 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 314 за брзо возење

Во деновите од празничниот викенд (02./03.08.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1077 издадени платни налози дури 163 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено 48 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 156 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитен шлем.
Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата најмногу прекршоци во текот на викендот 314 се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 82 за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани уште 57 лица кои некористеле сигурносен појас, 24 заради користење мобилен телефон при возење, а четворица минале на црвено светло.
Исто така, а согласно Законот за возила, 44 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, истакна МВР.
Македонија
Кичево, 122 година од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година, симбол на храброст и пожртвуваност

Денес се одбележуваат 122 години од една од најславните и најкрвави битки во Илинденското востание – битката кај Ѓурѓејца во кичевскиот крај. Овој историски настан се одиграл на просторот меѓу селата Карбуница и Кладник, каде востаниците извојувале една од ретките победи во тој период.
Овој ден е потсетник на храброста и жртвите на нашите предци, кои во битката кај Ѓурѓејца ја покажале својата решителност за слобода и непокор.
Битката кај Ѓурѓејца – симбол на храброст и пожртвуваност
На 22 јули (4 август по нов календар) 1903 година, во раните утрински часови, османлиската војска (аскерот) заедно со башибозукот тргнала во напад врз селото Карбуница, каде што биле сместени востаниците предводени од војводата Арсо. Оваа борба, позната како битката кај Карбуница, се смета за една од најжестоките пресметки во рамки на Илинденското востание.
Нападот започнал околу 8 часот наутро со сила од околу 800 османлиски војници, додека востаниците броеле само 200. И покрај нееднаквите сили, борбата била силна и решителна. По четири бранувања на напади, востаниците морале да се повлечат, а османлиската војска влегла во селото. При тоа, загинале двајца востаници, а дополнително бил убиен и еден старец и повредени две жени. Селото било ограбено, но не било запалено.
Повлечените востаници се засолниле кај месноста Ѓурѓејца, меѓу селата Кладник и Карбуница. Таму им се приклучиле нови 350 востаници од регионот на Долна и Горна Копачка. Свесен за тежината на ситуацијата, Арсо побарал помош од борците од Демир Хисар. За кратко време пристигнала засилување од околу 150 востаници, меѓу кои и четата на познатиот Јордан Пиперката.
Востаниците ја зазеле Ѓурѓејца и ги подготвиле позициите за одбрана. Битката повторно се разгорела кога пристигнал аскерот предводен од Сефер ага. Иако турската војска била побројна и поискусна, востаниците храбро се спротиставиле. Клучниот момент во судирот се случил кога Сефер ага се обидел да го предводи нападот од прва линија, но бил погоден од востаникот Пено со еден прецизен куршум. Смртта на аската ги деморализирала Османлиите, кои почнале да се повлекуваат.
Во оваа тешка и крвава битка животот го загубиле 16 борци од разни села – Цер, Големо и Мало Црско, Прострање, Кладник и други. Меѓу нив биле и храбриот Пено од Одрин, Марко Ангелов, Блаже Алексов, Спиро Бурев, Ангеле Зеленков и Мате. На едно крило, кога муницијата им снемала на двете страни, борбата продолжила со ножеви во директен судир. По жестоката пресметка, двете страни се повлекле.
Вкупно загинале 30 востаници, но и покрај големите загуби, оваа битка овозможила формирање на слободна територија која останала под контрола на востаниците цели 30 дена – симбол на нивната решителност и пожртвуваност.
– Слава им на хероите – вечно да ги паметиме!
-
Хроника21 час
ЖАЛНА ВЕСТ: Душко Чифлиганец ја загуби битката за својот живот откако настрада во фатална сообраќајна незгода на мотоциклистичка трка во Чешка
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (3 август)
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за недела (4 август)
-
Кичево3 часа
Викендов во Кичево СВР Охрид и ОВР Кичево реализираа „Соседска патрола“
-
Македонија1 ден
СВР Охрид истакна детали за приведувањето на српскиот пејач
-
Македонија1 час
Предмалку земјотрес регистриран во западна Македонија, кај Тетово
-
Македонија8 часа
Кичево, 122 година од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година, симбол на храброст и пожртвуваност
-
Спорт1 ден
Во петок започнува новата сезона на првата македонска фудбалска лига, првото дерби ќе се одигра во Тетово, подоцна Вардар го дочекува Пелистер