Скопје
Примил 10 000 евра за наводно да влијае врз судски постапки, кривична пријава против лице од Скопје

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против П.Г. (59) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ од член 359 став 7 во врска со став 2 од Кривичниот законик.
Од април до август годинава, П.Г. примил награда од 10.000 евра за да интервенира со искористување на своето претпоставено влијание да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши, односно наводно да влијае врз одлуки во граѓански судски постапки пред Основниот граѓански суд Скопје и пред Апелациониот суд Скопје.
Сведок-пријавител во постапката е управител на правно лице, кој најпрво почнал да добива информации дека спротивната страна во судски спор врши сериозно влијание врз судиите кои одлучувале во првостепените и второстепените постапки, давајќи поткупи за да се донесат одлуки во нивна полза. Сакајќи да ги провери таквите информации, од свој познаник-пензиониран судија добил контакт од обвинетиот, кој му бил претставен како “лице кое ги познава состојбите во судовите и е близок со судии од Апелациониот суд Скопје”.
Сведокот и неговиот брат се сретнале со осомничениот, кој директно им побарал 16.000 евра за да се завршел спорот во корист на правното лице – семејната фирма на сведокот. Ги уверувал дека другата страна давала многу повисоки износи, но судиите не сакале да се нафатат за да пресудат нешто што не било правно основано.
Бидејќи сведокот му кажал дека не може да обезбеди толку пари наеднаш, се договориле за исплата на три рати. На 30 април, чувствувајќи дека нема друг избор, сведокот му дал на осомничениот 5000 евра.
Осомничениот го уверил да не се грижи за исходот, па целиот период биле во комуникација во врска со постапката. Во тој период сведокот решил да ја пријави трговијата со влијание и при следната исплата на 5000 евра, осомничениот е лишен од слобода веднаш по приемот на парите, информира МВР.
Скопје
МВР: Старец во с.Љубин бил пронајден починат во неговиот дом, лекар на итна медицинска помош констатирал смрт

На 22.09.2025 во 17:43 часот во СВР Скопје е пријавено дека во неговиот дом во с.Љубин, скопско бил пронајден починат Ф.Ш.(79), а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, известува МВР.
Скопје
АМСМ: Од утре започнуваат градежни активности – санација на потпорни ѕидови кај подпатник на Државен пат А2 – обиколница Скопје, ќе трае четири месеци

Од утре 24.09.2025 год, ќе се започне со градежни активности – санација на потпорни ѕидови кај подпатник на Државен пат А2, обиколница Скопје на км 21+840,00 до км 21+987,00, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај во времетраење од 4 (четири) месеци, известува АМСМ преку ВИАДУКТ Трејд Гостивар.
Скопје
МВР поднесе кривична пријава за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе кривична пријава против М.Д (56), Л.Д. (26), В.М. (43) и З.С.(59), како и против правно лице со седиште во Трубарево за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Првопријавениот и второпријавената, како соизвршители, постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на прописите за заштита на животната средина вршеле повеќекратно оставање, фрлање, собирање и транспортирање на една или повеќе поврзани пратки од отпадоци и остатоци од електронска и електрична опрема, отпадни батерии и акумулатори и отпадни тонери, како опасен отпад. Отпадот го складирале на катастарска парцела во Трубарево и со тоа предизвикале значително оштетување на квалитетот на почвата и воздухот односно предизвикале опасност за животот и здравјето на луѓето во поголеми размери. Третиот пријавен е овластено лице – раководител на подружница кој постапувал по насоките на првиот осомничен и ги распоредувал работните задачи на вработените при складирањето и обработката на електричниот отпад. Четвртиот пријавен, иако немал формален акт за засновање на работен однос во правниот субјект, сепак преземал дејствија со кои го организирал понатамошното одлагање на електронскиот отпад. Тој го примал, складирал, сортирал и механички обработувал и електричниот отпад надвор од објектите за кои била издадена дозвола за управување со отпад.
На 13 септември, објектот со непрописно складиран отпад се запалил. Поради обемот и опасноста, пожарот не можел да се стави под контрола и зафатил најголем дел од складираниот електричен отпад како и објектите на подружницата за рециклирање.
Согорувањето предизвикало масовно испуштање чад, пепел и гасови во амбиенталниот воздух. Како последица на тоа, со извршените мерења на Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата на РС Македонија и на Државниот инспекторат за животна средина утврдена е висока загаденост, информира МВР.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (3 октомври)
-
Кичево6 часа
(ФОТО) Директорот на БЈБ Јанев денес во посета на Кичево, Осломеј и Зајас
-
Кичево2 дена
ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и кичевските села Вранештица, Цер и Црско, Кладник, Велмевци и Прострање.
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за сабота (4 октомври)
-
Lifestyle1 ден
Никогаш не ставајте ја оваа храна во замрзнувач
-
Lifestyle1 ден
Трикот за совршено сварени јајца
-
Автомобили1 ден
Ferrari неприкосновен: Профит од 118.000 евра по автомобил
-
Магазин1 ден
YouTube тестира нов мобилен изглед – корисниците поделени