Спорт
ФФМ донесе значајна одлука, клубовите на „ВМФЛ“ нема да плаќаат котизација, „ФК Преспа“ доаѓа на местото од „ФК Беса“ која се откажа од натпреварувањата

Фудбалската федерација на Македонија донесе значајна одлука – клубовите кои се натпреваруваат во Втората македонска фудбалска лига повеќе нема да имаат обврска да плаќаат котизација за учество во сезоната.
По речиси 15 години, ова е првпат второлигашите да бидат ослободени од оваа финансиска давачка. Одлуката е резултат на иницијатива на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, со цел да се подобрат условите за функционирање на клубовите, да се намалат трошоците и да се поттикне развојот на натпреварувањето.
Со оваа мерка, клубовите се ослободуваат од вкупна сума од 128.000 евра по сезона – директна поддршка за нивната финансиска стабилност и развој.
Во дополнение, откако ФК Беса 1976 потврди дека нема да се натпреварува во сезоната 2025/26, ФФМ одлучи испразнетото место да го пополни ФК Преспа. Со тоа се обезбедува континуитет на лигата, зачувување на натпреварувачката рамнотежа и доследно почитување на принципите на фер-плеј, истакнаа од ФФМ.
Спорт
За прв пат, во ист ден тројца кичевски судии ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови

Историски ден за кичевскиот спорт, во водите на професионалните фудбалски судии. Тројцата арбитри под нашето фудбалско поднебје кои буквално животот го посветија во фудбалскиот свет во ист ден ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови.
Имено, во среда на мечевите во рамки на „UEFA“ младинската лига до 19 години помеѓу „Австрија Виена“ со „Макаби Хаифа“ – судии ќе бидат Јован Качевски, Даниел Василевски и кичевчанецот Давор Цветаноски, додека на мечот во „Nordragota“ – „Викингур“ со „Генк“ правдата ќе ја делат Влатко Илиовски и кичевчаните Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.
Благодарение на Фудбалската федерација на Македонија на чело со претседателот Масар Омерагиќ и комесарот Јосип Бартон се дава можност на национални докажани судии да судат интернационални натпревари кои достојно ќе ја претсават Македонија во Европа, подвиг кој е за сите почести.
Мечот во Виена ќе започне од 15:30 часот, додека истиот ден мечот во Фарски Острови ќе започне од 20:00 часот.
Спорт
Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз

Избраниците на Благоја Милевски сега ќе имаат клучен дуел со следната селекција, кој ќе реши кој тим ќе го заземе второто место. Со ова реми, фудбалската репрезентација на Македонија го предаде врвот на табелата на Белгија, која успеа да го совлада Велс по драматичен пресврт.
Велс во наредното коло ќе се сретне со Лихтенштајн, а евентуална победа би им донела можност да ја поминат Македонија на табелата. Судирот меѓу овие две репрезентации ќе се одигра токму во последната рунда, што дополнително ја зголемува неизвесноста.
Со победа во овој натпревар, Македонија ќе можеше да остане во трката за првата позиција, иако Белгија би била во пол-поволна ситуација. Сепак, по актуелниот расплет, македонските фудбалери ги очекува исклучително тежок ноемвриски предизвик.
Дуелот беше крајно израмнет и двата состави создадоа неколку добри прилики во првото полувреме, но мрежите мируваа до паузата. Казахстан прв стигна до водство во 54-тата минута преку Динмухамед Караман, но Енис Барди успеа да врати баланс во 74-тата минута со прецизен удар.
Иако нашите имаа уште неколку обиди да направат целосен пресврт, сепак не успеаја повторно да ја затресат мрежата и да си обезбедат полесен финиш на квалификациите.
Голот на Барди од слободен удар ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“
Спорт
(ВИДЕО) „Бомба“ од слободен удар на Енис Барди носи израмнување на мечот со Казахстан, одиме на победа!

Енис Барди го „матираше“ противничкиот голман на Казахстан. Од слободен удар максимално прецизен и силен донесе израмнување на мечот 1:1 по примениот „несреќен“ гол предмалку од гостите.
Одиме на победа!
Голот ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за недела (19 октомври)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (18 октомври)
-
Без категорија1 ден
Неколку родителски работи, кои вашето дете ќе го направат посреќно
-
Социјални мрежи23 часа
„Мeta“ ја гаси оваа верзија на „Messenger“
-
Македонија5 часа
МВР: Гласањето се одвива мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонски броеви 192 или 112