Хроника
МВР: Лишен од слобода возачот од Кичево кој вчера со возило удри во пешак и го напуштил местото, пешакот подоцна за жал им подлегнал на повредите и починал
На 25.08.2025 во 09:20 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Ф.Л. (18) од Кичево. Имено, околу 06:55 часот на пешачки премин на бул.„Ослободување“, тој со патничко возило „цитроен саксо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, урил во пешакот С.Ш. (82) од Кичево и го напуштил местото, но во 07:10 часот се вратил без возилото. Притоа, пешакот С.Ш. се здобил со тешки тешки телесни повреди и по укажаната помош во болницата во Кичево, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде што во 21:00 часот починал.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна за јавноста Министерството за внатрешни работи
Хроника
Денеска млад жител на Скопје бил пронајден починат во напуштена куќа, вчера имало уште еден случај пријавен до СВР Скопје..
Ноќеска, на 12.12.2025 околу 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштена куќа на подрачјето на Центар е пронајден починат Е.Р.(25) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.
Вчера на 11.12.2025 во 07:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во дом на негов другар на подрачје на Кисела Вода во Скопје е пронајден починат Б.П.(36) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Извор: МВР, дневен билтен за медиуми.
Хроника
Млад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
На 24.11.2025 во 19 часот во СВР Охрид е пријавено дека од Затворот Охрид во Општата болница во Охрид, со возило на Итната медицинска помош, во тешка здравствена состојба бил донесен К.Р.(33) од струшкото село Октиси, кој, и покрај преземените мерки од медицинските лица, починал.
По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соппшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Хроника
Едногодишно бебе почина во кичевската болница, било донесено во тешка здравствена состојба, реанимација и медицинската помош не помогнале
На 23.11.2025 во 22:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на детското одделение при Општата болница во Кичево во тешка здравствена состојба било донесено бебе родено 2024 година, кое и покрај пружената медицинска помош и направената реанимација, починало.
Медицинските лица констатирале смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција, за медиумите утрово соопшти портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
– На одделот за детски болести при нашата Општа Болница вчера околу 22ч е донесено 20-месечно бебе, во многу тешка здравствена состојба. Во агонија, во мнолентност, со централна и периферна цијаноза. Веднаш по приемот дежурниот лекар ги направил сите потребни тераписки модалитети што можат да се дадат, направена е реанимација, меѓутоа за жал бебето по кратко време починало во одделението, за медиумите истакна директорката на Општата Болница, г-ѓа Маја Цветановска-Трајкоска
-
Кичево20 часаВчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево
-
Кичево24 часаФинишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа
-
Хороскоп1 денХороскоп за петок (12 декември)
-
Хороскоп10 часаХороскоп за сабота (13 декември)
-
Кичево13 часа(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
-
Кичево2 денаВо ОВР Кичево вчера било пријавено непознато лице, кое направило обид на сила да влезе во семејна куќа на постара жена
-
Македонија2 денаПриведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето
-
Магазин2 денаГрешка што многумина ја прават: Лошите навики при полнење ја уништуваат батеријата на телефонот
