Кичево
Сечесниот празник на Успението на Пресвета Богородица се прослави со сеноќно бдение во нејзиниот кичевски величествен храм
Ова празнично славословие беше дотолку порадосно и возвишено, зашто оваа година, по првпат, сечесниот празник на Успението на Пресвета Богородица се прослави со сеноќно бдение токму во Пречистанската Обител – во нејзиниот величествен храм, каде што во изминатите години, со голема љубов и пожртвуваност, се создаваа духовни и практични услови за едно вакво раскошно молитвено торжество. И, навистина, му прилегаше на овој свештен простор да ѝ се принесе сеноќно светогорско бдение, што оваа година траеше цели тринаесет часа.

Огромниот број верни од сите возрасти што го исполнија храмот, со едно срце и една уста, и со синовска љубов кон Мајката на Животот ги пееја Успенските статии. Големиот, пак, број монаси, монахињи и свештенослужители, собрани околу својот старец, епископот Антаниски г. Партениј, од длабочините на своите срца излеваа топли прозби пред раскошниот Богородичен одар, тивко молејќи ја да испрати обилен благослов врз целиот свет. Посебен духовен раскош на бдението му дадоа монасите и членовите на хорот „Митрополит Козма Пречистански“, кои пееја навистина неуморно и велелепно, достојно за Мајката Божја и за наслада на сите присутни.

Посебна духовна радост и умиление причини благодарственото обраќање на старешинката на манастирот Пречиста, монахињата Харитина, која, во име на целото сестринство, со особена почит му подари на нашиот Старец рачно изработен крст за благословување – како знак на благодарност и љубов за неговата несебична грижа и родителска љубов. Повод за овој уникатен и значаен дар беше првото големо торжествено светогорско бдение за празникот на Успението, отслужено токму во нивната Пречистанска Обител – едно духовно собитие кое претставува историски и благословен почеток за нова епоха од животот на овој Богородичен дом.

Повеќе фотографии ќе најдете на офцијалниот натпис од Бигорскиот манастир – ТУКА
Кичево
Поради градежни активности на автопат Охрид-Кичево кај Подмоље ќе се врши пренасочување на сообраќај до среда
СВР Охрид ги известува граѓаните дека поради изведување на градежни работи во делот на автопатот Охрид-Кичево, кај клучката Подмоље, во наредните денови, односно до среда – 05.12.2025 ќе се врши пренасочување на сообраќајот и тоа возачите кои ќе се движат од Охрид кон Струга, од Струга кон Скопје и од Скопје кон Струга ќе треба да се движат исклучиво преку клучката кај Св. Еразмо, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Јанев денес беше во посета на ОВР Кичево, заедно со раководствата на „РЦ Запад“ и регионалниот сектор за внатрешни работи Охрид
Во рамки на денешната работна посета на Одделението за внатрешни работи во Кичево, директорот на БЈБ Александар Јанев оствари средба со раководствата на регионалниот Сектор за внатрешни работи Охрид и регионалниот Граничен центар Запад. На средбата, како што беше соопштено, детално биле разгледани последните случувања поврзани со инволвираност на полициски службеници од Кичево во случајот со грабежот во гостиварска златара, како и општата безбедносна состојба во регионот со особен акцент на општините каде што ќе се одржи вториот круг од локалните избори.
Јанев изрази благодарност кон сите полициски службеници кои, како што нагласи, секојдневно ја вршат својата должност со интегритет, посветеност и професионализам.
Кичево
„Џојсон Сeјфти Системс“ – Кичево заедно со „ОВР Кичево“ во кичевските училишта реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“
Во насока на унапредување на своите активности за корпоративна општествена одговорност, Џојсон Сeјфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево во соработка со ОВР Кичево реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“.
Активноста беше спроведена во основните училишта „Д-р Владимир Полежиноски“ и „Кузман Јосифоски Питу“ во Кичево, со цел подигнување на свеста кај учениците за значењето на безбедното однесување во сообраќајот и превенција од сообраќајни незгоди.
Преку презентации, едукативни активности и практични совети, вработените на компанијата на учениците им овозможија да стекнат нови знаења за правилното движење по улиците, користењето на пешачки премини, препознавањето на сообраќајните знаци, значењето на внимателноста при учество во сообраќајот и значење на употребата и користењето на системите за безбедност.
Со оваа иницијатива, Џојсон Сeјфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево уште еднаш ја потврдува грижата за луѓето и заедницата како и својата заложба за поддршка на локалната заедница и промовирање на општествено одговорни вредности. Компанијата останува посветена на континуирано реализирање на проекти кои придонесуваат за создавање побезбедна и поодговорна средина за сите граѓани.
Во прилог, повеќе фотографии од овој настан:
/ПР
-
Хороскоп2 денаХороскоп за петок (31 октомври)
-
Кичево2 дена„Џојсон Сeјфти Системс“ – Кичево заедно со „ОВР Кичево“ во кичевските училишта реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“
-
Кичево2 денаЈанев денес беше во посета на ОВР Кичево, заедно со раководствата на „РЦ Запад“ и регионалниот сектор за внатрешни работи Охрид
-
Хороскоп13 часаМесечен Хороскоп (ноември 2025)
-
Временска прогноза1 денПопоски: Ни претстои потопла зима, но со повеќе снег од лани
-
Кичево1 денПоради градежни активности на автопат Охрид-Кичево кај Подмоље ќе се врши пренасочување на сообраќај до среда
-
Lifestyle2 денаСовршена кајгана за неколку минути: Тајната состојка што прави чуда
-
Здравје и убавина1 денПијалокот „Ракија“ може да лекува, еве десет значајни случувања кои може ракијата позитивно да дејствува врз нив






