Кичево
Утре вечер сите патишта водат кон нашиот кичевски манастир „Св. Богородица – Пречиста“ – понесувајќи го со себе благословот од средбата со Чудотворната икона Богородица Крнинска

Со духовна радост и трепет, подготвувајќи се за еден од најголемите празници – Рождеството на Пресвета Богородица, сестринството на нашата света обител со љубов ве поканува молитвено да го прославиме денот кога започна нашето спасение.
Преку безживотната утроба се раѓа Мајката на животот; плачот на прамајката се претвора во радост, зашто чудата Божји ги надминуваат не само човечките, туку и небесните поими.
Затоа нека се весели сега секоја твар, нека ја воспева Богородителката, и нека торжествува целата вселена, велегласно воскликнувајќи:
„Радувај се, Благодатна, преку Тебе ни се јави Бог, изворот на големата милост!“
Во навечерието на празникот (сабота) богослужбата ќе започне во 18:00 часот.
Следниот ден (недела), утрената ќе започне во 07:30 часот, пречек на Архиереите во 08:45 часот и Света Архиерејска Литургија во 09:00 часот, на која ќе чиноначалствува Митрополитот г.Георгиј во сослужение со нашиот возљубен Старец Епископот Антаниски г. Партениј, како и свештенослужители при епархијата.
Преку нашиот медиум посакуваме сите патишта да водат кон манастир Св.Богородица Пречиста, понесувајќи го со себе благословот од средбата со Чудотворната икона Богородица Крнинска, Пречистанските Светии Евнувиј, Пајсиј, Аверкиј, чесните мошти на Света Параскева.
Кичево
Кичевското планинарско еколошко друштво „Ендорфин“ в недела го организира третиот планинарски марш, по повод „82 години од првото училиште на македонски јазик“ во с.Подвис

По повод 82 години од првото училиште на македонски јазик на слободна територија (Подвис, 23 септември 1943 г.), на 21 септември 2025 г. (недела), Планинарското еколошко друштво „Ендорфин“ го организира Третиот планинарски марш на релација:
с. Подвис (660 м.н.в.) – црква Св. Атанасиј (старо село Подвис, 810 м.н.в.) – Ледина (1065 м.н.в.) – врв Планиница (1391 м.н.в.) – Првото училиште на македонски јазик (старо село Подвис, 850 м.н.в.) – с. Подвис (660 м.н.в.).
Акцијата се одвива по кружна маркирана планинарска патека во должина од 14 км и висинска разлика од 730 м., а според карактеристиките на теренот се квалификува во категоријата на лесни планинарски акции.
ПРОГРАМА на ПЛАНИНАРСКИОТ МАРШ
07:30 ч. – собирање на учесниците на ширината во долното село Подвис (кај „новото“ училиште)
08:00 ч. – старт на акцијата
08:30 ч. – пристигнување кај црквата „Св. Атанасиј“ во старото село Подвис (пауза 5 мин.)
09:30 ч. – пристигнување на групата кај месноста Ледина (пауза 15 мин.)
09:45 ч. – поаѓање кон врвот Планиница
11:30 ч. – пристигнување на врв Планиница (1391 м.н.в.), пауза 30 мин. (зависно од временските услови)
12:00 ч. – поаѓање кон месноста Вирче
13:30 ч. – пристигнување кај зградата на првото училиште во старото село Подвис
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ГОДИШНИНАТА ОД ПРВОТО УЧИЛИШТЕ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК НА СЛОБОДНА ТЕРИТОРИЈА
14:00 ч. – доделување благодарници за учество
15:30 ч. – упатување кон долното село Подвис
ВАЖНО
– Потребна опрема: планинарски обувки со тврд ѓон, облека според најавата за временска прогноза, очила за сонце, капа/шешир, кабаница, крема за заштита од сонце
– Доручекот е од ранец, вода 2 л. (на патеката само на едно место има вода)
– Задолжителна пријава за учество со број на членови
Планинарско друштво/клуб:
______________________________________________
Име и презиме / бр. на л. карта /
1.
2.
3.
Доставување на пријавите на е-пошта: [email protected] или во порака на фејсбук-страницата на Планинарско еколошко друштво „Ендорфин”.
*Заради организациски потреби пријавувањето за Маршот е најдоцна до петок (19 септември 2025)
*Акцијата се организира во соработка со Месната заедница на с. Подвис.
Водичи:
Давор Јанкулоски (075 668 501)
Мирослав Секулоски (071 511 702)
Елена Ванчоска-Секулоска
Зоран Маџоски (077 495 232)
НАПОМЕНА
– Секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност
– Учесниците да ги слушаат упатствата на водичите и да ја чуваат животната средина
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат учесник пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.
*****************
Првото училиште во Подвис е регистрирано како државно културно наследство на Македонија од 1978 г. За жал, овој податок не ја подобрува руинираната состојба во која се наоѓа.
Со искрена надеж дека ова место што поскоро ќе го добие заслуженото внимание од страна на државните институции и дека урнатините нема да останат последниот сведок за камен-темелникот на образованието во слободна Македонија, за местото каде што учителот Василко Ристески им соопштил на учениците дека ќе учат на македонски јазик, пишуваат од Планинарското еколошко друштво „Ендорфин“. Нивниот фејсбук настан може да го погледнете во продолжение ТУКА
Кичево
Во недела на големиот празник рождество на Пресвета Богородица, во кичевско с.Другово ќе се осветува поставениот Крст

Со голема радост и духовен трепет од с.Другово известуваат дека на големиот празник Рождество на Пресвета Богородица, ќе се изврши осветување на православниот Крст поставен на просторот кај базенот.
Овој благословен чин е израз на нашата вера, љубов кон Бога и почит кон Пресветата Мајка.
Ве повикуваме сите верници, мештани и гости да присуствувате и заедно да го споделиме овој значаен момент, во слава на Бога и чест на Пресвета Богородица.
Секој е добредојден – да се обединиме во молитва, заедништво и духовна радост.
Кичево
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ прва изложба на кичевчанецот Зоран Здравески насловена како „Железна поезија“, вечер на креација, инспирација и разговори

Вечерва со почеток од 19:30ч во фоајето од Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи изложбата „Железна поезија“ на Зоран Здравески. Роден во Кичево на 17 јануари 1975 година. Завршил средно образование како машински техничар, а професионално е ангажиран во приватна фирма специјализирана за метал и обработка на метал.
Паралелно со работата, неговата страст е изработката на железни скулптури. Контраст меѓу студеното и топлото металот е „ладен”, а уметноста му дава „топлина”.
Тој контраст создава поезија што се чувствува без зборови. Со еден збор, „Железна поезија” кажува дека уметноста може да направи и најцврстиот материјал да пее.
Екипата на Порта.мк му честита за првата негова изложба, со надеж за уште поголеми проекти во иднина. Повелете и дадете поддршка со вашето ценето присуство на една поинаква уметничка вечер исполнета со креација, инспирација и разговори.
-
Кичево2 дена
Во недела на големиот празник рождество на Пресвета Богородица, во кичевско с.Другово ќе се осветува поставениот Крст
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (19 септември)
-
Хороскоп10 часа
Празничен Хороскоп за сабота (20 септември)
-
Скопје2 дена
Малолетници на 12 и 14 годишна возраст од угостителски објект одзеле пари од вработени и побегнале, едниот се заканил со остар предмет
-
Кичево18 часа
Кичевското планинарско еколошко друштво „Ендорфин“ в недела го организира третиот планинарски марш, по повод „82 години од првото училиште на македонски јазик“ во с.Подвис
-
Скопје2 дена
МВР поднесе кривична пријава за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево
-
Магазин2 дена
Како батеријата на телефонот да трае цел ден? Еве три клучни совети
-
Спорт2 дена
Просинечки најверојатно ќе биде сменет од селектор на Црна Гора, своето деби го започна со победи над Македонија и Белорусија