Следете не

Култура

Денеска е Крстовден, од народните верувања се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да паѓа

Објавено пред

на

©porta.mk

Во народните верувања, на денот кој се нарекува Крстовден, се смета дека сите молитви ќе се остварат.

На Крстовден се прави аџилак пред Светиот крст. По страдањата и распнувањето на Спасителот крстот станува жртвен знак на спасението и откуп на гревот. Крстот отелотворува жртвенa љубов, победата над злото, припадноста кон христијанството.

Според народните верувања од Крстовден почнува есента. Се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да се намалува.

Од Крстовден почнува гроздоберот, а првото откинато грозје мора да се однесе во црквата, за да се освети. Почнува и сеидбата на зимските житни култури.

На Крстовден највозрасните жени во домот е потребно да испечат специјален обреден леб, украсен со голем крст на средината. Лебот се раздава, кога целото семејство е на масата и се вели Крстец крст да боли мене, крст да не боли. Се смета дека со овие зборови луѓето се штитат од болки во грбот за време на работа.

На Крстовден се почитува и строг пост – не треба да се јаде ништо црвено како пиперки, домати, ’родокви, црвени јаболка и друго. На трпезата освен обреден леб задолжително треба да присуствува печена тиква и грозје. Во народните верувања се вели дека сите молитви ќе бидат слушнати на овој ден.

Се проценува дека во ноќта спроти Крстовден, Господ слегува на земјата и ја исполнува секоја посакана желба. Ова верување има најголема сила во Крстови Гора.

Култура

(ФОТО) Нашиот заштитник Манастир „Св.Богородица – Пречиста“ по повод празникот „Рождество на Мајката Божја“ беше посетен од голем број верници

Објавено пред

на

ФОТО: Свештена Пречистанска Обител „Благовештение на Пресвета Богородица“

Започнувајќи со традиционалната празнична богослужба, кичевскиот манастир „Св.Богородица – Пречиста“ и оваа слава беше посетен од голем број на верници на патрон празникот на Рождество на Мајката Божја.

Исто така недела ден беше посебен затоа што Манастирскиот кум Цане Ѓорѓијоски послужи манастирски ручек и изврши примопредавање на кумството на новиот кум, г-дин Димитрија Крпачоски.

Во прилог мал дел фотографии кои ги одбележаа овие празнични денови:

Прочитај повеќе...

Култура

За многу години Рождество на Пресвета Богородица

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес се одбележува Раѓањето на Пресвета Богородица – празник познат како Мала Богородица, кој припаѓа на редот на големите празници во црковната година.

Според преданието, Светата Дева Марија била родена од Јоаким и Ана, праведни и побожни луѓе од Назарет. Иако долго време немале пород, по повеќе од педесет години брак, Господ им ја подарил ќерката Марија – благослов кој се смета за плод на нивната вера и добродетелност.

Култот кон Богородица е длабоко вкоренет во духовноста на македонскиот народ. Многу храмови низ земјата се посветени токму на неа, а бројни преданија зборуваат за чудотворни икони со нејзиниот лик. Народната традиција го поврзува овој ден со обичаи што симболично го величаат животот и новото раѓање.

Се верува дека Богородица е заштитничка на мајките и породилките, па жените што очекуваат потомство ѝ се обраќаат со молитви за лесно раѓање, а таа им пружа утеха и на оние што немаат деца.

Веднаш по овој празник, на 22 септември, Црквата го чествува споменот на светите Јоаким и Ана – родителите на Пресветата Богородица.

Прочитај повеќе...

Музика

Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ во петок и сабота преку „аудиција“ врши упис на нови членови за источно пеење

Објавено пред

на

©porta.mk

Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ со голема радост Ве известува дека отворена е сесија за упис на нови членови преку „аудиција“. Истата е закажана за 19-ти и 20-ти септември односно петок од 18:00ч и сабота од 12:00ч во просториите на НУЦК „Кочо Рацин“ (мала сала)

Ако сакаш низ дружба да научиш повеќе за источно пеење и за нашата традиционална музика, но и за нашата христијанска вера, дојди да се запознаеме. Од заинтересираните кандидати потребна ќе биде изведба на народна песна по свој личен избор.

Сите заинтересирани за упис, повеќе информации и детали ќе најдат со доаѓање во центарот за култура

Ова е и официјална страница на хорот ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп7 минути

Хороскоп за понеделник (29 септември)

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не фокусирајте се само на приказни за планови. Денот е идеален за први чекори...

Македонија7 часа

Жители од струшко неовластено го прекинале доводниот кабел кој водел до електричното броило и противправно поврзале бакарни жици

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ч.И.(83) и Ф.И.(45), двајцата од струшкото село Корошишта, поради постоење основи на сомнение за...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (28 септември)

ОВЕН Ќе се почувствувате благодарни што ќе успеете да му помогнете некому во некој голем проблем. Оваа личност можа да...

Спорт1 ден

(ФОТО) Денес кичевски „ФК Напредок“ оствари нова важна победа на домашен терен

Во рамките на трето коло од трета лига запад, нова победа на „ФК Напредок“ на домашен терен над екипата на...

Култура2 дена

Денеска е Крстовден, од народните верувања се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да паѓа

Во народните верувања, на денот кој се нарекува Крстовден, се смета дека сите молитви ќе се остварат. На Крстовден се...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (27 септември)

ОВЕН Ве очекува неповолен ден на деловно поле. Можно е да имате некои помали проблеми на ова поле. Вашиот однос...

Спорт2 дена

Слот објави лоши вести: Без Леони една година!

Младиот фудбалер на Ливерпул, Џовани Леони, ќе биде надвор од терените приближно една година поради тешка повреда – кинење на...

Спорт2 дена

Дечињата на „ФК Кичево“ со нов предизвик, меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во конкуренција со реномирани клубови како „Torino, AS Roma, S.S. Lazio, Partizan Belgrade, CSKA Sofia“

Со голема чест и задоволство преку нашиот медиум Ви го најавуваме учеството на нашиот клуб „ФК Кичево“ на престижниот меѓународен...

Македонија3 дена

Приведен возач од Пробиштип, управувал возило со 185 км/ч на место каде е дозволено 110 км/ч

На 25.09.2025 во 18.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишија од слобода...

Спорт3 дена

„УЕФА“ ќе решава за евентуална суспензија на Израел – мнозинството членови поддржуваат таков чекор

Европската фудбалска федерација (УЕФА) следната недела ќе гласа за можното исклучување на Израел од европските натпреварувања. Наводно, повеќето претставници во...

НАЈЧИТАНИ