Спорт
Милевски го истакна составот за квалификациските натпреварувања за СП, со Белгија и Казахстан, Ќамили и Митровски повредени, додека во составот се враќа Бабунски

А репрезентацијата на Македонија влегува во завршната етапа од квалификациите за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Во октомври националниот тим ќе одигра два решавачки натпревари – прво гостувањето против Белгија во Гент, а потоа и средбата со Казахстан во Скопје, како најава за ноемвриската завршница на квалификацискиот циклус.
Селекторот Благоја Милевски го соопшти списокот на играчи, без поголеми изненадувања. Поради повреди отпаднаа Лирим Ќамили и Димитар Митровски, додека во составот се враќа Давид Бабунски од редовите на Вардар.
Милевски се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски (Фљамуртари, Албанија)
Одбрана: Висар Муслиу (Сент Тројден, Белгија), Никола Серафимов (Левски Софија, Бугарија), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Андреј Стојчевски (Словачко, Чешка), Дарко Велковски (Зрињски, БиХ), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Бојан Илиевски (Струга Трим Лум), Стефан Ашковски (Раднички Ниш, Србија)
Среден ред: Енис Барди (Коњаспор, Турција), Јани Атанасов (Лариса, Грција), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Исник Алими (Далиан Јингбо, Кина), Лука Станковски (Раднички Крагуевац, Србија), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц, Чешка), Решат Рамадани (Шкендија)
Напад: Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс, Шкотска), Милан Ристовски (Бохемианс 1905, Чешка), Дарко Чурлинов (Кочаелиспор, Турција), Александар Трајковски, Давид Бабунски (Вардар), Елмин Растодер (Тун, Швајцарија)
Извор: ФФМ
Спорт
(ФОТО) ФФМ донираше компјутери во ОУ „Аврам Писевски“ од с.Бардовци, малите дела носат големи промени!

Во насока на општествена одговорност и поддршка на одржливите практики, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во понеделникот донираше компјутери на основното училиште „Аврам Писевски“ во село Бардовци. Станува збор за техничка опрема која претходно беше во употреба во Федерацијата, а сега добива нова улога во образованието.
Оваа акција е усогласена со принципите на циркуларната економија што ги промовира УЕФА – Reduce, Reuse, Recycle, Recover – при што веќе користената опрема повторно се става во функција, обезбедувајќи им подобри можности за учење и дигитален развој на учениците.
Со вакви чекори се постигнуваат три цели: Заштита на животната средина преку намалување на електронскиот отпад, унапредување на наставниот процес преку подобра техничка поддршка и поттикнување на дигиталната писменост кај младите.
ФФМ е уверена дека малите дела носат големи промени. Заедно можеме да се грижиме за природата и за генерациите што доаѓаат – затоа што вистинската игра е за иднината!
Извор: ФФМ
Спорт
(ФОТО) Денес кичевски „ФК Напредок“ оствари нова важна победа на домашен терен

Во рамките на трето коло од трета лига запад, нова победа на „ФК Напредок“ на домашен терен над екипата на „ФК Зајас“ со резултат 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Младен Котевски во 10-та минута, со еден маестрално прецизен шут од далечина успеа да го совлада гостинскиот голман, а со тоа да донесе огромна победа на домашниот тим, бодови кои значат многу во понатамошното натпреварување и исполнување на сонот.
Спорт
Слот објави лоши вести: Без Леони една година!

Младиот фудбалер на Ливерпул, Џовани Леони, ќе биде надвор од терените приближно една година поради тешка повреда – кинење на предните вкрстени лигаменти на левата нога, соопшти тренерот на клубот, Арне Слот.
Италијанскиот дефанзивец, кој има само 18 години и летово пристигна од Парма, го запиша своето деби за „црвените“ во триумфот над Саутемптон во Лига купот. Сепак, неговиот настап беше прекинат во 81-та минута поради незгоден пад при еден дуел.
– „Ситуацијата е навистина тешка за него. Повредата е сериозна и ќе мора да паузира околу една година. Тешко е да се пронајде нешто позитивно во вакви моменти, но неговата младост е предност – има време и кариера пред себе по закрепнувањето,“ изјави Слот.
Со неговото отсуство, Ливерпул ќе остане само со три природни централни дефанзивци: Вирџил ван Дајк, Ибрахима Конате и Џо Гомез, барем до отворањето на зимскиот преоден рок.
Во меѓувреме, клубот размислува за можноста во составот за Лигата на шампионите на местото на Леони да биде вклучен крилниот напаѓач Федерико Киеза.
-
Хороскоп2 дена
Месечен Хороскоп (октомври 2025)
-
Временска прогноза9 часа
(ФОТО) „Стража“ почна да белее, апел за поголемо внимание, еве какво време нè очекува овие денови
-
Кичево19 часа
(ФОТО) Со скромна свеченост денес се одбележа патрониот празник на кичевската гимназија „Мирко Милески“
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за четврток (2 октомври)
-
Кичево1 ден
За утре закажана „Крводарителна акција“ во Медицински центар – Кичево, „Даруваме денес, затоа што еден ден можеби и нам ќе ни треба!“
-
Македонија1 ден
Исполнети се условите, од утре започнува грејната сезона 2025/2026
-
Македонија6 часа
(ФОТО) СВР Охрид успешно реализира обука за работа со „фонометар“, инструмент за мерење јачина на звук
-
Временска прогноза1 ден
Дожд, студено време и снег, метеоролозите предвидуваат промена на времето и заладување!