Скопје
Скопје со четиридневен регионален настан „Startup Revolution Summit.ai“, визионерите од светот на технологијата, претприемништвото и вештачката интелигенција на едно место
Подгответе се за нешто што досега не сме го виделе кај нас! Од 27 до 30 ноември 2025, Скопје ќе стане дом на „Startup Revolution Summit.ai“ – четиридневен регионален настан кој ќе ги собере на едно место визионерите од светот на технологијата, претприемништвото и вештачката интелигенција.
Во организација на „Стартап Клуб Скопје“, самитот ќе донесе над 1000 учесници од целиот регион – стартапи, инвеститори, истражувачи, студенти, фриленсери и AI ентузијасти. Програмата започнува во „Филхармонија“, каде ќе се одржат главните говори, панели и отварањето на самитот, а продолжува во „Македонска опера и балет“, каде ќе се одвиваат финалните настани, инвестициските презентации, startup showcase и големото затворање. Двете локации се култни институции во срцето на Скопје и ќе бидат центар на иновацискиот пулс што доаѓа. Очекувајте говорници од Европа и пошироко, практични сесии, инвеститорски средби, нетворкинг активности и содржини што ја отсликуваат новата бранова реалност која ја носи вештачката интелигенција во стартап светот.
Самитот е продолжение на успешната приказна зад наградуваниот подкаст „Стартап Револуција“, кој го создаде тимот на „Стартап Клуб Скопје“. Од аудио платформа до регионално движење, од разговори до активна заедница – сега оваа иницијатива кулминира во најголемиот самит за стартапи и AI во Македонија досега.
Ова не е само настан – ова е покана за сите кои сакаат да учествуваат во креирањето на технолошката иднина: дали си основач на стартап, AI практичар, истражувач, млад ентузијаст или едноставно љубопитен за трансформацијата што се случува пред нашите очи. Startup Revolution AI Summit ќе биде местото каде се поврзуваат идеи, луѓе и можности, создавајќи мост помеѓу регионот и глобалната сцена на иновации.
Покрај самитот, отворен е и јавниот повик за мапирање на регионалниот AI екосистем, посебна иницијатива со која се покануваат сите активни чинители од областа на вештачката интелигенција да се вклучат: стартапи, компании, инвеститори, фриленсери, истражувачи, академски институции и организации. Секој што ќе се пријави ќе биде дел од визуелна интерактивна мапа и специјален печатен буклет, кои ќе бидат промовирани на самитот и споделени со сите учесници.
Оваа мапа ќе служи како алатка за подобро вмрежување, регионално позиционирање и креирање нови партнерства. Ако си дел од AI екосистемот – приклучи се, остави свој белег и стани дел од историјата што заедно ја пишуваме.
Повеќе информации и пријави ТУКА
/ПР
Скопје
Камерите ќе ги „ловат“ оние кои прекршуваат закон за сообраќај: СВР Скопје преку проектот „Безбедна држава“ денес започна со пробниот период каде сторителите добиваат известување за сторениот сообраќаен прекршок
Денеска започна пробниот период за проектот Безбедна држава, сторителите на сообраќајни прекршоци добиваат известување за сторениот прекршок Согласно одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, меѓу другото МВР врши контрола над возачите и другите учесници во сообраќајот на патиштата. Контролата ја врши преку непосредно забележување, со употреба на соодветни технички средства и направи, и со последните измени од законот, прекршоци ќе се документираат и со технички средства и уреди за снимање.
Сторителите на прекршоци кои ќе бидат документирани преку системот Безбеден град ќе бидат санкционирани согласно одредба која ја регулира најголемата дозволена брзина на движење на возилата, односно нема да има толеранција без разлика дали ќе се документира прекршок во населено место или надвор од населено место.
Во почетниот период ќе се евидентираат сообраќајните прекршоци како: управување на возило со брзина поголема дозволената, минување на црвено светло, изминат рок на важност на сообраќајна дозвола и непрописно паркирани возила, а во следната фаза од проектот планирано е проширување на видот на сообраќајните прекршоци што ќе ги регистрира електронскиот систем.
За прекршоците кои ќе бидат документирани преку системот Безбеден град, на сопственикот на возилото со кое е констатиран сообраќаен прекршок, МВР му доставува СМС порака на мобилен телефон и на електронска адреса (податоци кои сопственикот на возилото ги дал при регистрација на истото) со линк за преземање на Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог.
Доколку сторителот ја прифаќа одговорноста за сторениот прекршок во рок од осум дена од денот на приемот на записникот за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог ќе плати половина од изречената глоба, ако истекол рокот од осум дена за да плати половина од изречената глоба, ќе може да го плати целиот износ на изречената глоба, најдоцна во рок од осум дена по истекот на рокот за плаќање на половина од изречената глоба, а пред постапката за извршување. Кога ќе заврши со плаќање на изречената глоба во дадените рокови не се плаќаат трошоци на целокупната постапка.
Странец, како и државјанин на Република Северна Македонија кој што со заминувањето заради престој во странство би можел да го одбегне плаќањето на глобата, е должен веднаш, а најдоцна во рок од осум дена од денот на приемот на записникот за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог да ја плати изречената глоба. Ако сторителот не ја платил глобата МВР ќе ја достави до органот надлежен за присилна наплата.
За прекршок за кој покрај глобата е предвидена и санкцијата забрана за управување со моторно возило и ако сторителот ја платил глобата во предвидените рокови, и за прекршок престанок за важење на возачка дозвола, МВР ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка до надлежен суд.
Глобите ќе може да се платат електронски преку линк кои сторителот на прекршокот ќе го добие со известувањето. Во овие случаи потребно е во уплатница автоматски да биде внесен бројот на записникот за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог и износот на глобата изразена во денари.
Во овие случаи МВР веднаш електронски добива известување дека глобата е платена. Инаку, од денеска 01.12.2025 година, започна пробниот период каде сторителите добиваат известување за сторениот сообраќаен прекршок, известуваат од МВР.
Скопје
Во СВР Скопје пријавено дека починат во својот дом бил пронајден 55-годишник од Драчево
На 16.11.2025 во 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Драчево пронајден е починат М.А. (55) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, за јавноста извести МВР преку својот билтен за медиуми.
Скопје
ЦУК: Двете жени се пронајдени во црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци и се во добра здравствена состојба, истите биле државјанки на Македонија
Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци. Лицата се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево.
Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Македонија, предмалку информираше ЦУК за јавноста.
-
Хороскоп22 часаХороскоп за недела (7 декември)
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (6 декември)
-
Кичево2 часа„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Временска прогноза1 денСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Здравје и убавина1 денКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
-
Здравје и убавина3 часаДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
