Спорт
Димитриевски: Очекувам силна поддршка од трибините, „Целта е јасна, излегуваме на терен по победа“

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречека составот на Казахстан, во натпревар што може да биде клучен за продолжување на позитивната резултатска серија.
Еден од хероите од ремито против Белгија, голманот Столе Димитриевски, изрази очекување за силна поддршка од публиката и истакна дека тимот е целосно фокусиран на триумф.
– „Нашата цел е јасна – излегуваме на терен по победа. Очекувам навивачите да дојдат во што поголем број и да ни дадат дополнителна енергија. Иако разликата меѓу Белгија и Казахстан е очигледна, тоа не значи дека мечот ќе биде лесен. Со помошта на нашата публика верувам дека ќе стигнеме до посакуваниот резултат, а тоа е победа за Македонија“, изјави Димитриевски на прес-конференцијата пред вечерашниот дуел.
Да ја бодриме нашата репрезентација!
Спорт
Македонија се враќа од Гент со бод вреден „злато“ – Остануваме први во групата „Ј“ – уште една потврда дека националниот тим станува фактор кој не смее да се потцени!

Фудбалската репрезентација на Македонија приреди вистинска сензација во Брисел! Во рамките на квалификациите за Светското првенство, нашите момци успеаја да го запишат едно од највредните ремија во поновата историја, 0:0 против силната селекција на Белгија.
Иако домаќинот важеше за апсолутен фаворит, со имиња како Кевин Де Брујн, Леандро Тросар, Лоис Опенда и Жереми Дуко, фудбалерите на селекторот Милевски покажаа неверојатна дисциплина, борбеност и тимски дух. Белгија доминираше во поседот и статистиката со дури 25 обиди кон голот, но на македонската гол-линија блескаше Столе Димитриевски, кој со пет клучни интервенции ја сочуваше нашата мрежа недопрена.
На спротивната страна, Тибо Куртоа имаше мирна вечер, бидејќи „црвено-жолтите“ не упатија ниту еден удар кон неговиот гол. Сепак, тактичката зрелост и борбениот пристап донесоа резултат — бод кој вреди како победа.
Со ова реми, Македонија останува на врвот на групата Ј со 12 освоени бода, еден повеќе од Белгија и два повеќе од Велс. Првопласираната репрезентација обезбедува директен пласман на Светското првенство, додека второто место води во плејофот, што значи дека секој нареден натпревар ќе има огромна тежина.
Ова е уште една потврда дека македонскиот фудбал расте, а националниот тим станува фактор кој никој повеќе не смее да го потцени.
Спорт
Ова е стартниот состав на Македонија против Белгија вечерва во рамки на квалификациите за Светското првенство

Селекторот Милевски се одлучи за овие стартни 11-мина против Белгија на гостински терен, да им посакаме среќа!
Извор: ФФМ
Спорт
Кичевски ФК Напредок како во старите добри времиња, 4 погодоци против ФК Скендербегу на градски!

ФК Напредок во досегашниот дел од првенството одигра 3 и оствари 3 одлични победи.
Уште една одлична фудбалска претстава на нашите фудбалери предводени од шефот на стручниот штаб Бобан Дујковиќ.
Овој пат надиграна беше екипата на ФК Скендебегу со резултат 4:1 (2:0).
Стрелци на головите беа: О.Исмаили 1:0 во 14′,Н.Калевски 2:0 во 33′,М.Котевски 3:0 во 55′,А.Османи 3:1 во 66′ и за конечни 4:1 А.Божиноски во 83′.
Благодарност до публиката која е присутна во сè поголем број.
Одиме напред
-
Автомобили2 дена
(ФОТО) Кичево и Бојоски денеска со високо трето место на „авто слалом“ во Прилеп по повод 11-ти Октомври
-
Кичево2 дена
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (12 октомври)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за понеделник (13 октомври)
-
Временска прогноза13 часа
Нов влажен бран проследен со ладен воздух веќе од среда се очекува кон наша територија
-
Македонија52 минути
МВР: Изминатиот викенд лишени од слобода 13 лица за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик, 1.502 сообраќајни прекршоци
-
Храна3 часа
Дали знаете дека солената храна го зголемува апетитот?
-
Македонија4 минути
МЗ: Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, по што во текот на оваа недела