Автомобили
Ако сакате нов модел на „Тесла“ автомобил, правец во Кина, таму се најповолни..

Енергетската криза и се почестите прашања за енергетската одржливост на електричните автомобили резултираа со укинување на привилегиите на речиси сите пазари, додека дури и либералната Норвешка најави дополнителни даноци за користење на електрични возила доколку сопственикот нема зелен извор на електрична енергија.
Ништо не е подобро ниту во Кина, каде што во последниот квартал драстично опадна продажбата на моделите на Tesla, што се должи на енергетската нестабилност и уште повеќе на исклучителната конкурентност на нивниот електричен модел BYD.
Како што пренесуваат агенциите, поради се, Tesla штотуку ги „скрши“ цените на сегашните модели за 14-21 отсто, што е второ намалување во последните неколку месеци.
Поради ваквата ценовна политика, неколку стотици клиенти кои ја платиле „целата“ цена на возилото на крајот на минатата година се сметаат за измамени, барајќи дополнителни попусти.
Како и да е, додека еден ден не се стемни, а другиот ден не осамне, што во превод значи, ако имате намера да купите нов модел на Tesla, правец на Кина… Вреди!
/vrelegume
Автомобили
Колку навистина се поскапи автомобилите?

Последниот бран на поскапувања и инфлација го погоди особено пазарот на автомобили, па некогаш релативно достапните семејни автомобили станаа луксузен производ.
Разликите се уште поголеми кога се гледа во период од 30 години.
Според официјалните податоци на германскиот автомобилски клуб ADAC, автомобилите поскапеле и до 44 отсто во периодот од 2017 до 2022 година, што значително се одразило на продажните резултати и на автомобилскиот пазар во целина. Покрај пандемијата и прекините во испораките и недостигот на нови автомобили, причина секако е и инфлацијата, но една од главните причини се неоправданите поскапувања како и таргетираното исклучување на подостапните модели од понудата, пишува Klix.ba.
Затоа е особено интересно истражувањето на германскиот магазин Т-Онлајн, кој ги споредил денешните цени на автомобилите со оние од 90-тите години на минатиот век.
Се разбира, германскиот бестселер – Volkswagen Golf – беше избран за споредба. Така, во 1991 година за третата генерација на Golf во основната верзија и со најслабиот мотор во Германија требаше да се избројат 10.200 евра, кога цената се претвора од тогашната валута – Дојче марка.
Како што одминуваше времето, цената стануваше сè поголема и повисока, па така во 2012 година основниот голф чинеше 17.000 евра, додека во 2020 година цената достигна речиси 20.000 евра. Секако, голем скок на цените се случи во последните три години, па од почетокот на оваа година најприфатливиот Volkswagen Golf во Германија чини дури 29.560 евра!
Секако, треба да се биде искрен и да се признае дека од техничка страна, Golf 3 и Golf 8 се слични само по име, и дека количината на опрема за удобност и безбедност, како и пасивната безбедност на модерниот компактен, е на многу повисоко ниво отколку кај автомобилите од пред 30 години.
Автомобили
(ВИДЕО) Порше оваа година слави 60 години од моделот 911 и 75 години од брендот

Порше ја слави 60-годишнината од 911, 75-годишнината на брендот и 80-тиот роденден на Волфганг Порше во текот на 2023 година, што значи дека клиентите можат да очекуваат специјални производи за да ги прослават овие јубилеи.
Како дел од прославата на 75-годишнината на марката (моделот 356 Roadster беше прикажан на 8 јуни 1948 година), Porsche подготвува и нов концепт автомобил, но сè уште не ги објавува деталите.
Тизер видеото покажува мистериозен концепт за кој некои шпекулираат дека е целосно електричен.
#Porsche #75YearsPorsche
Le concept sera dévoilé aujourd'hui comme la première des nombreuses célébrations du 75e anniversaire du constructeur automobile, vraisemblablement inspirée de la Porsche 356 originale qui fut le premier modèle du constructeur automobile. pic.twitter.com/vVejAJZSi6— jmkz1 (@jm_kz1) January 25, 2023
Porsche не објави кога ќе го открие новиот концепт, но повеќе детали можеме да очекуваме во наредниот период.
/Autoblog.rs
Автомобили
Ако возите еден од овие автомобили, може да се најдете на мета на крадци

Условите за крадците се покажаа како идеални кај постарите модели.
Помош на патот на германскиот авто клуб (ADAC) беше повикан 1.038 пати минатата година поради украдени катализатори – значително повеќе отколку во претходните години.
Здружението соопшти дека се погодени постари возила со бензински мотори каде што катализаторот е лесно достапен, најмногу во централниот дел на подот на автомобилот.
Крадците ги таргетираат скапите благородни метали како што се платината, паладиумот и родиумот во каталитичките конвертори.
Благородните метали се наоѓаат во секој катализатор. Додуша, само во многу мали количини – но носат и многу пари: килограм родиум, на пример, чини повеќе од 400.000 евра и е значително повреден од златото.
Патната патрола на ADAC регистрирала 77 украдени катализатори во 2018 година, 169 следната година, 420 украдени катализатори преброени во 2020 година, 959 во 2021 година.
Условите за крадците во постарите модели се покажаа како идеални, велат од ADAC. Кај поновите возила, катализаторот се поставува блиску до моторот за побрзо да се доведе до работна температура по „палењето“ и многу потешко се отстранува.
Овие модели беа особено мета на крадците:
• VW Polo III (години на производство од 1994 до 2001 година)
• Opel Astra G (од 1998 до 2005 година)
• Toyota Prius III (од 2009 до 2016 година)
• Mitsubishi Carisma (од 1995 до 2004 година)
• Mitsubishi Space Wagon (од 1998 до 2002 година)
• Сеат Ароса
• VW Lupo
• Хонда Џез
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (28 јануари)
-
Скопје11 часа
Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за недела (29 јануари)
-
Кичево2 дена
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети
-
Временска прогноза11 часа
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?
-
Временска прогноза1 ден
Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа
-
Магазин2 дена
Netflix го завршува споделувањето на сметките до март 2023 година
-
Здравје и убавина15 часа
Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот