Спорт
Андов го истакна списокот на фудбалерки за последните натпревари од квалификациите за ЕУРО 2025 во Швајцарија
Женската А репрезентација на Македонија кон средината на јули ќе ги одигра последните два натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство кое 2025 година ќе се одржи во Швајцарија. Во рамките на претпоследното коло од групата 2 (Лига Ц), нашите фудбалерки на домашен терен ја пречекуваат селекцијата на Летонија. Дуелот е закажан на 12. јули, со почеток во 17 и 30 часот, на тренинг центарот „Петар Милошевски”.
Во првиот дуел одигран помеѓу овие две репрезентации, во рамките на воведното коло од квалификацискиот циклус, во Рига, Македонија славеше победа со 4:3.
Во последното коло, репрезентацијата на Македонија на 16 јули на гостински терен, со почеток во 19. часот. ќе се соочи со фаворитот во групата, Словенија. Во првата нивна пресметка, во Скопје, репрезентацијата на Словенија забележа убедлива победа од 5:0.
Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Александар Андов, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
ГОЛМАНИ:
Берна Кабакчи Карсон, САД
Викторија Панчурова Тиверија
Кристина Павлоска Шкендија
ОДБРАНА:
Ана Милчевска Грузија
Ане Бошевска Тиверија
Павлинка Николовска Љуботен
Викторија Недева Тиверија
Катерина Милевска Цевитана
Кристина Мојсоска Ас Јунајтед
Елена Панеска Каменица Саса
Елена Петревска Љуботен.
СРЕДЕН РЕД:
Маријана Нацева Дормунд, Германија
Радица Велкова Каменица Саса
Хава Мустафа Шкендија
Александра Марковска Љуботен
Симона Мајер
Лечне Андрееска
Ихмете Лимани Веинберг, Германија
Наташа Андонова Леванте, Шпанија
НАПАД:
Јилза Максути Ас Јунајтед
Гентијана Рочи Купс, Финска
Лора Сулејмани ГСПО 92, Франција
Афродита Салихи Шкендија
Јована Павловска Тиверија
Собирот на репрезентацијата е закажан за денеска, во хотел Парк, во 14. часот. Првиот тренинг, репрезентација на Македонија ќе го има денеска, со почеток во 18. часот. За претстојните натпревари со Летонија и Словенија, неизвесен е настапот на Гентијана Рочи, поради заработената повреда на вчерашниот натпревар на својот клуб во првенството на Финска, истакнаа од ФФМ.
Спорт
Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Дополнително:
Спорт
(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра, што на крајот им донесе заслужен триумф против респектабилниот противник. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати, но победничкиот погодок беше постигнат во самиот финиш од средбата.
Македонскиот тим поведе уште во 2. минута преку Драган Петков, а предноста беше зголемена во 23. минута кога Стефан Стојаноски се запиша во листата на стрелци.
Во вториот дел, турската репрезентација ги искористи пропустите во македонската одбрана и со головите на Ајаз Озбугуту во 51. и Нојан Озкан во 60. минута го израмни резултатот.
Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Павел Димоски во судиското продолжение постигна гол за голема радост и конечни 3:2 за Македонија. Момчето кое потекнува од Кичево и своите почетоци ги имаше токму во нашиот клуб „ФК Кичево“ уште еднаш покажа што значи труд, дисциплина и желба за победа. Браво Павел, нашиот град и „ФК Кичево“ се горди на тебе и твоите другарчиња кои не претставувате во право светло!
Во продолжение може да го погледнете маестралниот гол на нашиот кичевчанец, кликнете ТУКА
– Еден помалку познат факт за нашите читатели е тоа што, вториот постигнат мајсторски гол, е дело на Стефан Стојаноски играч на „Академија ФФМ“ исто така момче од Кичево моментално неговиот матичен клуб е неговите родители и блиска фамилија се сите од Кичево.
Значи и Стефан и Павел ги заслужуваат сите почести за денешната победа против Турција, БРАВО дечки, само НАПРЕД!

Број 7, Стефан Стојаноски
Состав на Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.
Состав на Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.
Целиот меч преку официјналниот канал на ФФМ, може да го проследите во продолжение:
Спорт
Во просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември
Комисијата за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација, во состав на Масар Омерагиќ претседател на ФФМ, Горан Пандев директор на Национални репрезентации, Николче Новески раководител на скаутинг-службата на ФФМ, Агим Ибраими член на Управниот одбор на ФФМ и Марјан Стојковски потпретседател на ФФМ (присутен online), денеска одржа работен состанок.
На средбата разгледана била актуелната состојба во националниот тим, потребите за претстојниот квалификациски циклус и профилот на тренер кој е неопходен за унапредување на конкурентноста и организацијата на најдобрата македонска селекција.
Членовите на Комисијата според ФФМ дебатираа на конструктивна дискусија заснована врз стручни параметри, систем на работа, долгорочна стратегија, модел на развој на играчите и стремеж кон резултатска стабилност. Во процесот на избор посебен акцент бил истакнат на потребата од тренер кој добро ги познава домашните фудбалски токови, го разбира потенцијалот на македонските фудбалери и може да внесе јасна тактичка визија и дисциплина во репрезентацијата.
Комисијата ќе го достави својот предлог македонски стратег кој, според направените анализи, ги исполнува утврдените критериуми. Конечната одлука ќе ја донесе Управниот одбор на ФФМ, најдоцна до 25 декември.
Фудбалската федерација на Македонија останува посветена на професионален и транспарентен процес, со цел изборот на новиот селектор да обезбеди квалитетна и стабилна работа на македонската А-репрезентација.
Извор: ФФМ
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Кичево1 денТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
-
Кичево2 часаПополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Временска прогноза2 денаВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Хороскоп14 часаХороскоп за вторник (16 декември)
-
Македонија21 часОд ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија
-
Спорт2 денаРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
-
Технологија2 денаОткриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима
