Следете не

Спорт

Ангеловски: Иако Нестор има свое објаснување, како репрезентативец не смее да помине несанкционирано

Објавено пред

на

Изјава од Игор Ангеловски – селектор на македонската А репрезентација:

– „Бидејќи вчера на прес-конференцијата кажав дека од кога ќе ја погледнам снимката ќе ја коментирам ситуацијата со Несторовски сакам да и го соопштам на јавноста следното:

Најнапред драго ми е што се извини и што даде свое објаснување зошто го направил тоа, но такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија“.

Спорт

Германската Бундеслига воведува камери на судиите и јавни објаснувања за „VAR“

Објавено пред

на

©porta.mk

Германската фудбалска лига (DFL) воведува важни новини во начинот на користење на ВАР технологијата за претстојната сезона. Почнувајќи од 22 август, судиите во Бундеслигата ќе ги соопштуваат причините за сите ВАР одлуки јавно пред публиката. Истата практика ќе започне и во Втората лига од 17 октомври.

Дополнително, гледачите на стадионите и преку телевизија ќе добијат пристап до повеќе информации, вклучувајќи и снимки направени со камери поставени на телото на судиите. Оваа технологија, која досега се користеше само на ФИФА натпревари, сега е одобрена од Меѓународниот одбор за фудбалски правила (IFAB) и може да се користи и на домашни лиги ако организаторите го побараат тоа.

Со овие новини, судиите во Бундеслигата ќе ги објаснуваат своите одлуки директно пред публиката по консултација со ВАР и преглед на снимките, овозможувајќи поголема транспарентност и разбирање на судиските интервенции.

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) ФФМ пушти во употреба нов фудбалски терен во населба Илинден

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/video

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во општина Илинден го пушти во употреба новиот терен со вештачка трева, проект реализиран од програмата Форвард на ФИФА во соработка со Општина Илинден.

– „ФФМ ќе продолжи да инвестира во вакви инфраструктурни проекти ширум државата. Овие инвестиции се за младите, за клубовите и за развојот на македонскиот фудбал,“ истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Официјалното видео од ФФМ може да го прегледате ТУКА

Нека е со среќа!

Прочитај повеќе...

Спорт

Синер и Алкараз во големото финале на Вимблдон во 2025 година

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Јаник Синер ќе игра во своето прво финале на Вимблдон, откако успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета (6:3, 6:3, 6:4). Првиот рекет на светот покажа извонредна форма и доминација на теренот.

И покрај повредите, Ѓоковиќ даде сè од себе и изјави дека не сака вниманието да биде насочено кон неговата здравствена состојба, туку кон заслужената победа на Синер.

Карлос Алкараз обезбеди свое трето последователно финале на Вимблдон, победувајќи го Тејлор Фриц со 3:1 во сетови (6:4, 5:7, 6:3, 7:6). Шпанецот ја брани титулата и важи за еден од главните фаворити, а ова би можел да му биде шестиот Гренд слем трофеј. Тој искрено призна дека бил изненаден од тоа што Синер успеал да го елиминира Ѓоковиќ.

Финалето на Вимблдон 2025 ќе се одигра во недела, а во него ќе се соочат Алкараз и Синер.

Мечот меѓу Синер и Ѓоковиќ привлече големо внимание и беше проследен од бројни познати личности како Ема Радукану, Бенедикт Камбербач и Рами Малек.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево26 минути

(ФОТО) Предмалку во кичевско спречен нов поголем пожар на стрниште и сува трева кој поради ветерот стигнал речиси до куќите

Спречен поголем пожар на стрниште и сува трева во месност кај с.Трапчиндол кичевско. Истиот бил пријавен нешто по 17:00ч, каде...

Спорт45 минути

Германската Бундеслига воведува камери на судиите и јавни објаснувања за „VAR“

Германската фудбалска лига (DFL) воведува важни новини во начинот на користење на ВАР технологијата за претстојната сезона. Почнувајќи од 22...

Хороскоп20 часа

Хороскоп за среда (30 јули)

ОВЕН Пред вас е поволен период за нови случувања и почеток на нов бизнис. Ви се додворуваат повеќе личности, но...

Lifestyle1 ден

Како да го исчистите шпоретот без штетни хемикалии: Еден природен трик што сите го имаме дома

Чистењето на шпоретот и рерната знае да биде вистински предизвик, особено кога станува збор за наталожената маснотија и изгорените дамки....

Lifestyle1 ден

Сè што треба да знаете за перењето фармерки

Фармерките се еден од најпопуларните и најносени парчиња облека, но нивното перење често предизвикува дилеми. Дали треба да ги перете...

Lifestyle1 ден

Колку кафе е премногу? Експертите откриваат каде е границата

За многу луѓе, кафето е незаменлив дел од секојдневието – посебно наутро. Но, иако има многу здравствени придобивки, важно е...

Временска прогноза1 ден

Најава за пороен дожд од утре, температурите би се спуштиле за половина од достигнатиот максимум од минатата седмица

Под влијание на фронтална долина со поладен воздух на висина, во Македонија следува променливо и нестабилно време со локална појава...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за вторник (29 јули)

ОВЕН Можеби се занимавате со некој вид на докажување на работното место како пред себе така и пред другите. Можни...

Македонија2 дена

МВР со пофалби за СВР Охрид, Граничното управување, РЦ за ГР Запад е во континуирано подобрување на оперативната ефикасност

Денеска министерот за внатрешни работи г-дин Панче Тошковски оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Охрид, Регионалниот центар за...

Кичево2 дена

(ГАЛЕРИЈА) Кичевската Коњаница беше вистинска атракција во центарот на градот, вечна да биде традицијата и среќен патот!

После манастирската богослужба, а потоа свечено пред Светото Писмо, револвер и кама дадоа заклетва за верност кон револуционерното ослободително дело...

НАЈЧИТАНИ