Спорт
Петарда на Националната арена „Тодор Проески“, Македонија го прегази Лихтенштајн со 5:0

Македонската А репрезентација славеше против Лихтенштајн во натпревар од 2. коло од квалификациите за Светското првенство. На Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, нашата најдобра селекција триумфираше со 5:0. Енис Барди го отвори резултатот, Александар Трајковски постигна два гола, стрелци беа и Елиф Елмас и Илија Несторовски.
Македонската репрезентација првата прилика ја имаше во 5. минута преку Горан Пандев, но ударот на капитенот го одбрани голманот Бухел.
Енис Барди во 7. минута го постигна водечкиот гол за Македонија. Нашиот репрезентативец, од далечина шутираше од слободен удар, голманот на Лихтенштајн лошо го процени ударот за отворање на резултатот.
Четири минути подоцна, Енис Барди повторно од слободен удар ја погоди пречката од голот на Лихтенштајн.
До крајот од полувремето, нашата селекција имаше потполна доминација во играта во играта, свои обиди имаа Пандев, Елмас и Трајковски, но не успеавме да ја удвоиме предноста.
Голема прилика во 47. минута пропушти Пандев. Стефан Ристовски додаде во шеснаесетникот, Пандев беше осамен на 11. метри, но шутираше над голот на гостите.
Александар Трајковски во 51. минута погоди за 2:0. Барди нафрли во шеснаесетникот на Лихтенштајн, одбраната на гостите лошо интервенираше, а нашиот напаѓач осамен на втора статива ја смести топката во мрежата на Бухел.
Две минути подоцна, Александар Трајковски го постигна својот втор гол за 3:0. Шутираше неодбранливо од далечина за негов трет гол во квалификациите.
По еден час игра, Македонија веќе имаше предност од 4:0. Елиф Елмас беше најснаодлив пред голот на гостите и погоди за убедливо водство.
Во 82. минута во листата на стрелци се запиша и Илија Несторовски кој со „паненка“ постигна гол од пенал за 5:0.
Македонија: 1. Столе Димитриевски, 4. Кире Ристевски, 6. Висар Муслиу, 7. Марјан Радески, 8. Езѓан Алиоски (66` Стефан Ашковски), 9. Александар Трајковски (66` Ферхан Хасани), 10. Горан Пандев (58` Илија Несторовски), 13. Стефан Ристовски (58` Егзон Бејтулаи), 17. Енис Барди (58` Бобан Николов), 20. Стефан Спировски, 21. Елиф Елмас; Селектор: Игор Ангеловски
Во прилог галерија направена преку објективот на ФФМ:
Спорт
Синер и Алкараз во големото финале на Вимблдон во 2025 година

Јаник Синер ќе игра во своето прво финале на Вимблдон, откако успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета (6:3, 6:3, 6:4). Првиот рекет на светот покажа извонредна форма и доминација на теренот.
И покрај повредите, Ѓоковиќ даде сè од себе и изјави дека не сака вниманието да биде насочено кон неговата здравствена состојба, туку кон заслужената победа на Синер.
Карлос Алкараз обезбеди свое трето последователно финале на Вимблдон, победувајќи го Тејлор Фриц со 3:1 во сетови (6:4, 5:7, 6:3, 7:6). Шпанецот ја брани титулата и важи за еден од главните фаворити, а ова би можел да му биде шестиот Гренд слем трофеј. Тој искрено призна дека бил изненаден од тоа што Синер успеал да го елиминира Ѓоковиќ.
Финалето на Вимблдон 2025 ќе се одигра во недела, а во него ќе се соочат Алкараз и Синер.
Мечот меѓу Синер и Ѓоковиќ привлече големо внимание и беше проследен од бројни познати личности како Ема Радукану, Бенедикт Камбербач и Рами Малек.
Спорт
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец

Денес беше завршниот ден на големиот турнир во с.Староец Кичево по повод Иванден.
По одиграните натпревари кои завшрија со следните резултати, финале играа Рибник-Добреноец и Роденденски пињати-Кичево, кој заврши со регуларни 1:1, по што следуваше пенал рулетот, каде подобра беше екипата на Рибник-Добреноец.
1.ИВАНДЕН СТАРОЕЦ – РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ РЕЗУЛТАТ 1:5.
2.КЛАС МК БРОД – РОДЕНДЕНСКИ ПИЊАТИ РЕЗУЛТАТ 0:1
3.РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 4:1
4.КЛАС-МК Брод – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 5:1
Симјановски: Со Вашето присуство, и спортски дух и поддршка се доказ дека традицијата и почитта кон верата и празниците се уште живеат во нашите срца и дела.
Посебна благодарност упатуваме и до МЛАДИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА И СПОНЗОРИТЕ
1. ЦРКВА СВ.ЈОВАН КРСТИТЕЛ
2. МЕАНА КОЛЦЕ
3. РЕСТОРАНТ,, КАЈ КУМОТ”
4. ,,АГРО ДРВО”
5. ПЕКАРА,, РАДЕ”
6. ГОРСАЈ
7. ЛУКОИЛ
8. ИДЕАЛ ТРАНС
9. КАФЕ БАР ,,ПАП”
10.РЕСТОРАН,, ФУРНА”
11.ИГОР ФИЛИПОСКИ
12.СКАРАЏИИ
13.МИРЕ РИСТЕВСКИ
14.ХРИСТИЈАН ТАНЕВСКИ
15.ВЛАДО АНДРЕСКИ
16.ЦВЕТАН НЕСТОРОСКИ
17.ТИМ ИНЖИНЕРИНГ
18.ХЕМИСКО ЧИСТЕЊЕ,, КТ”
19.АЛЕКСАНДАР ТАНЕВСКИ
20.PORTA.MK, кои помогнаа во организацијата и со љубов придонесоа овој настан да се реализира успешно, достоинствено и со радост – токму како што прилега за ваков свет ден.
Нека Иванден ни донесе здравје, радост и благослов на сите!
Вака изгледаше завршниот дел, пенал рулетот и доделување на пехарите и вредносните парични награди.
🏆 Рибник-Добреноец
🥈 Роденденски Пињати-Кичево
🥉 Клас МК Брод
Награди за најдобар голман зеде Сариевски, најдобар играч-ветеран Спасеноски и најдобар играч на турнирот Котевски.
Спорт
Класата е вечна! Ѓоковиќ го победи Де Минаур и обезбеди четвртфинале со италијанскиот „ас“ Коболи!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ избори пласман во четвртфиналето на Вимблдон, откако во осминафиналето го победи Австралиецот Алекс де Минаур со 3-1 во сетови (1-6, 6-4, 6-4, 6-4).
Мечот започна лошо за Ѓоковиќ – го загуби првиот гем и не успеа да се врати веднаш, што му дозволи на Де Минаур целосно да го контролира сетот. Австралијанецот направи уште два брејка и го освои првиот сет убедливо со 6:1 за само половина час.
Но, Ѓоковиќ одговори во вториот сет. Веднаш направи брејк, иако Де Минаур успеа да се врати и да израмни. Сетот беше исполнет со пресврти, но на крајот Новак го доби и го изедначи резултатот на 1:1.
Во третиот сет, двајцата тенисери успешно го чуваа својот сервис до 4:4, кога Ѓоковиќ направи клучен брејк и веднаш потоа го освои сетот.
Австралиецот повторно поведе во четвртиот сет со 4:1, но Ѓоковиќ не се предаде. Со голема борбеност успеа да се врати, направи брејк во седмиот гем и поведе со 5:4. Со уште еден добар гем го затвори мечот и обезбеди пласман во четвртфиналето, каде ќе се сретне со Италијанецот Флавио Коболи.
Инаку својот триумф Ноле го прослави во карактеристичен стил – со „пумпај“, а камерите го фатија и насмеаниот Роџер Федерер како го гледа натпреварот од трибината.
Како што претходно објасни Ѓоковиќ, тој и неговите деца слушаат неколку песни што ја испраќаат таа порака, и поради таа причина, тој ја слави својата победа на Вимблдон на тој начин.
Честито Ноле!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (15 јули)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за среда (16 јули)
-
Временска прогноза2 дена
Сепак следува заладување и промена на времето во Македонија?
-
Македонија2 дена
(ФОТО+ВИДЕО) Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, лишени од слобода шест лица
-
Временска прогноза13 часа
Попоски: Од утре се очекува брз продор на посвежа воздушна маса од север
-
Скопје9 часа
Лишен од слобода затворски полицаец, се обидел да внесе дрога во Затвор Идризово