Спорт
И покрај убедливата предност против Словачка, нашата селекција до 21 година одигра нерешено

Рапрезентацијата на Македонија до 21 година одигра нерешено 2:2 против Словачка во рамките на второто коло од меѓународниот турнир „Анталија Куп 2021″.
Нашите фудбалери пропуштија победа, имаа предност убедлива од 2:0, но противникот успеа да се врати во игра и да го изедначи резултатот. Македонија одлично го започна натпреварот, добрата игра ја крунисавме со погодок во 24 минута. Стрелец на голот беше Чурлинов, извонредна соло акција и завршница на нашиот фудбалер за предност на нашата селекција. До крајот на првиот дел уште неколку добри можности за тимот на Благоја Милевски, меѓутоа без реализација. Како што го завршија првото полувреме, нашите фудбалери во ист ритам го започнаа и вториот дел. Во 54 минута сосема заслужено преку Радуловиќ Величковиќ постигнавме втор погодок. Во продолжението следуваше голем пад во нашата игра. Тоа противникот го искористи на најдобар можен начин. Најпрвин во 76 минута ја намали предноста, а во 89 афтогол си постигна Радуловиќ Величковиќ за конечни 2:2.
МАКЕДОНИЈА: Давид Денковски, Филип Антовски, Марио Младеновски, Александар Ѓурковски, Агон Елези, Енес Фазлагиќ, Дарко Чурлинов, Марио Илиевски, Филип Алексовски, Јакуп Бериша, Томче Гроздановски
Спорт
Македонската футсал репрезентација вечерва со директен пренос на МРТ3 игра против Романија

Спорт
Нашата репрезентација до 19 години победи против Црна Гора во првиот контролен меч, вториот е закажан за утре

Репрезентацијата на Македонија до 19 години славеше победа против Црна Гора во рамките на првата контролна средба одиграна меѓу овие две селекции.
На тренинг центарот „Петар Милошевски “, нашите фудбалери одиграа добар натпревар и сосема заслужено славеа победа со 2:0. Во првите 45 минути пропуштивме неколку добри прилики за постигнување гол. Отпорот на противникот го скршивме во второто полувреме. Во 54’ пенал за избраниците на селекторот Влатко Гроздановски, сигурен од белата точка беше Грегори Давков. Конечните 2:0 беа дело на Фета Бехар во 69’. Нашата селекција за овој натпревар беше ослабена со неиграњето на неколкумина стандардни репрезентативци.
МАКЕДОНИЈА: 1. Стефан Тасев, 2. Дарио Јовановски, 3. Грегори Давков, 4. Самет Реџепи, 5. Андреј Стојчевски, 6. Ване Крстевски, 7. Бехар Фета, 8. Христијан Јосифовски, 9. Михаил Талевски, 10. Октај Ракипи, 11. Љупче Кудев;
ЦРНА ГОРА:1. Иван Радовиќ, 2. Милан Радовиќ, 5. Никола Вукотиќ, 6. Неманја Бозовиќ, 8. Јован Дашиќ, 9. Виктор Џукановиќ, 10. Алекса Цетковиќ, 11. Дамјан Мугоша, 13. Кристијан Ернек, 14. Милун Јоковиќ, 20. Василије Делибашиќ;
Вториот контролен натпревар на истите селекции е закажан на 15 април со почеток од 11 часот.
Спорт
Легендарниот кичевски „ФК Напредок“ пред згаснување, се апелира за било каква помош

Еден од легендарните фудбалски клубови во Македонија, име кое често пати ги полнеше стадионите, своевремено прволигаш и финалист во купот од 2004 година денес се соочува со црна судбина, без спонзори, без никаква поткрепа.
Дел од луѓето кои му останаа верни на клубот преку официјалната фејсбук страна апелираат за било каква помош, во спротивно, клувот ќе згасне за секогаш.
-
Кичево3 дена
(ГАЛЕРИЈА) На прекрасното кичевско „Осломејско езеро“ деновиве се одржуваше „Боила куп Кичево 2021“ – ловење крап каде учество имаа 16 тимови
-
Магазин2 дена
Убава вест, пејачот Влатко Миладиноски стана татко по втор пат, Илинче доби сестричка
-
Спорт2 дена
Легендарниот кичевски „ФК Напредок“ пред згаснување, се апелира за било каква помош
-
Без категорија2 дена
Хороскоп за денес (13 април) вторник
-
Македонија1 ден
Нови 1.129 ковид случаи, починале 27 лица, Кичево бележи 27 нови случаи денес
-
Кичево1 ден
Вчера се запалил електричен столб на улица „Ужичка Република“, нема повредени
-
Кичево3 часа
ЕВН КЕЦ Кичево: Најавен прекин на електрична енергија од половина час во следните кичевски села утре
-
Хороскоп3 дена
Денешен Хороскоп (12 април) понеделник