Магазин
Apple ги претстави MacBook Pro и Mac mini со моќни процесори

Новите MacBook се тука! Apple ги претстави MacBook Air со 14 инчи и 16 инчи, како и Mac mini, со новите Apple M2 Pro и M2 Max процесори. MacBooks пристигнуваат со ажурирани опции за поврзување. Ги даваме сите детали во остатокот од статијата.
14″ и 16″ MacBook Pro сега може да се конфигурираат со чиповите M2 Pro и M2 Max, кои нудат подобрувања во однос на нивните претходници. Може да го добиете M2 Pro со 10-јадрен CPU и 16-јадрен GPU, или со 12-јадрен CPU и 19-јадрен GPU.
Apple has officially announced the new 14” and 16” MacBook Pro models with the M2 Pro and M2 Max chips, WiFi 6E, and more starting at $1,999 and $2,499 respectively. Available to order today; ships on January 24 pic.twitter.com/EQnGpKMSyq
— Apple Hub (@theapplehub) January 17, 2023
Од друга страна, M2 Max може да се конфигурира со 12-јадрен CPU и 30-јадрен GPUили 12-јадрен CPU и 38-јадрен GPU.
Новите процесори исто така го зголемија животниот век на батеријата на овогодинешните модели, при што моделот од 14 инчи обезбедува 18 часа репродукција на видео и 12 часа користење на Wi-Fi интернет, додека моделот од 16 инчи наводно може да понуди до 22 часа репродукција на видео и 15 часа користење на интернет.
Apple unveils the M2 Pro and M2 Max chips featuring up to a 38-core GPU, up to 96GB RAM, and more pic.twitter.com/W32cJB8QKI
— Apple Hub (@theapplehub) January 17, 2023
Исто така, ново за најновите модели на MacBook Pro се подобрените опции за поврзување. Така, сега има поддршка за Wi-Fi 6E за побрзо безжично поврзување, а HDMI е ажуриран на стандардот 2.1, поддржувајќи до 8K на 60 Hz и 4K на 240 Hz.
MacBook Pro 14″ е достапен во варијанти по цена од 1.999 долари, 2.499 долари и 3.099 долари, додека 16-инчниот модел е достапен во варијанти по цена од 2.499 долари, 2.699 долари и 3.499 долари. Сите модели може да се конфигурираат со сите опции преку онлајн продавницата на Apple.
Од друга страна, новиот Mac mini пристигнува со M2 и M2 процесори, на кои му недостасува M2 Max. Почетната цена е 599 долари, а има и модел од 799 долари (M2 процесор). Моделот од 1.299 долари доаѓа со M2 Pro процесор со 10-јадрен CPU и 16-јадрен GPU како стандард, но може дополнително да се конфигурира.
Apple has officially announced the new Mac mini with the M2 and M2 Pro chips starting at $599 pic.twitter.com/rop9GhZTxU
— Apple Hub (@theapplehub) January 17, 2023
Сите верзии на Mac mini пристигнуваат со поддршка за Wi-Fi 6E, додека верзијата со M2 Pro процесор вклучува нова HDM 2.1 конекција, како и четири Thunderbolt 4 порти, наместо две кај моделите M2.
/V-Online
Магазин
„Сите за Кочани – Трчаме заедно!“ – „Денот на Европа“ со хуманитарна трка во седум македонски градови, наменета за погодените од трагедијата во Кочани

Оваа година, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус ќе го одбележат „Денот на Европа” со организирање на хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани. На 25 мај, истовремено во 7 града – Скопје, Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово, ќе трчаме заедно со една единствена цел: да му подадеме рака на Кочани.
– „СИТЕ ЗА КОЧАНИ – ТРЧАМЕ ЗАЕДНО!” е хуманитарна иницијатива во која може да учествува секој, без разлика на возраста или физичката подготвеност. Трките се наменети за сите: рекреативци, спортисти, аматери, помлади и повозрасни, бидејќи не се работи за километри, туку за солидарност.
Пријавувањето е отворено и може да се врши преку платформата https://sitezakocani.mk, каде што секој заинтересиран може да избере град и да стане дел од најважната трка оваа година. Сите средства собрани од котизациите ќе бидат донирани преку Црвениот крст, кој ќе ги насочи кон заедницата во Кочани, осигурувајќи дека секоја донација ќе оди таму каде што е најпотребна.
На 25 мај, нема да трчаме за резултати, ниту пак за награди – ќе трчаме за солидарност и за вредностите кои нѐ дефинираат како општество и како заедница.
Сите за Кочани – да трчаме заедно! Придружете ни се!
/ПР – euhouse.mk
Хороскоп
Хороскоп за понеделник (28 април)

ОВЕН
Целото ваше внимание е насочено кон некој семеен проблем. Денес ќе се случи конечната кулминација на сето тоа а добрата вест е дека решението е едноставно и поволно за вас. После големите турбуленции ви пристигнува големо олеснување.
БИК
Ве обзема идеа да започнете некоја приватна работа. Затегнатите односи со шефовите и лошата атмосфера во опкружувањето може да издвои екипа на луѓе со кои е возможно остварување на самостоен бизнис. Не заборавајте дека онаму каде што владее интересот, љубовта и сочувството спијат.
БЛИЗНАЦИ
Конечно ги привршувате заостанатите работи со кои сте се мачеле долго време. Конечно се назира епилог на нешто на кое долго сте работетел. После долго чекање ќе ви годи чувството на мала победа па имате право да си дозволите краткотраен одмор.
РАК
Денот ќе го започнете стресно и со големо незадоволство. Доколку не избегнете непотребни трошоци, можете да западнете во голема финансиска криза. Од попладнето можете да рачунате на позитивни вести и интензивна комунилација со странство.
ЛАВ
Свесни сте дека пред вас е напоред период на речиси сите полиња. Полни сте со енергија и волја а вродениот борбен дух и оптимизам ќе ве направи уште посилни. Иако ќе вложите многу труд, на крајот ќе бидете задоволни со постигнатите резултати.
ДЕВИЦА
Брзи сте но и невнимателни. Поради претераното брзање сте приморани да направите селекција што е важно а што не е. Сепак, со оглед на тоа колку сте се залетале, шансите да направите опасна грешка се минимални. Бидете внимателни особено во сообраќајот.
ВАГА
Чувствувате дека сте професионално доста ценети, а денес ви стигнува и мала потврда за тоа. Паралелно со тоа ќе имате позитивен напредок во семејните односи и тоа додатно ќе ве орасположи. Добрата атмосфера создава миг кога ќе сакате да изнесете се што ви лежи на срце.
ШКОРПИЈА
Внимателно испланирајте го денот и ќе имате прилика да изградите нова деловна стратегија која долгорочно ќе ви донесе резултати на кои ќе бидете доста горди. Насочете се кон работата и семејните односи оставете ги настрана.
СТРЕЛЕЦ
Не се обидувајте да ги спроведете своите замисли во дело, сте избрале погрешен ден. Наместо тоа, прочитајте ја омилената книга и посетете кино или театар. Чувајте се од инфекции и овој ден поминете го во изолација од другите луѓе.
ЈАРЕЦ
Полни сте со енергија толку што не знаете што да правите со неа. Кога немате каде да ја трошите почнете да ја пренесувате тензијата на околината. На удар е саканата личност а знаете дека немате причина за тоа. Со своето однесување можете непотребно да ја нарушите стабилноста на врската.
ВОДОЛИЈА
Пронајдете баланс помеѓу деловниот и семејниот живот. Премногу зборувате за она кое треба да биде ваша интима а тоа може да биде сигнал дека ве мачи некаква грижа на совест. Размислете за тоа пред околината да почне да ве избегнува.
РИБИ
Математички сте го израчунале својот љубовен живот па по ваше мислење не постои шанса нештата да бидат онакви какви што сте ги замислиле. Сфаќате дека не е лесно да го предвидите развојот на случувањата особено ако во односите се вклучени и емоции.
Здравје и убавина
Мувлата на овошјата може да доведе до несакани последици по здравјето на човекот

Ако мувла зафатила само еден дел од вашата храна, најверојатно мислите дека е безбедно да го отстраните тој дел и да си го изедете остантиот дел кој е „здрав“, без оглед дали се работи за овошје, зеленчук или можеби леб. Сепак, ако навистина правите вака, тоа е една многу лоша идеја.
На микроскопско ниво, мувлата расте во тенки влакна, кои се шират кружно, како корен на дрво.
Тие не се видливи со голо око, па дури и кога ќе се исече дел од местото кое видливо го зафатила мувла, дел од оваа заразна колонија останува и на остатокот од храната за кој сметате дека е сосема чист.
Ова најчесто се случува кај лебот, овошјето и зеленчукот, а со отргнувањето на мувлосаниот дел не сте го решиле проблемот целосно, бидејќи не сте ни свесни до каде е проширена оваа мувла.
Најдобро е ваквата храна, воопшто да не ја жалите и да ја фрлите, дури и да нема мувла, а на вас ви делува сомнително, подобро фрлете ја и купете свежа, бидејќи компликациите и проблемите кои можат да настанат во вашиот организам можат да бидат фатални.
Извор: Денар
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (27 април)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за понеделник (28 април)
-
Кичево1 ден
(ВИДЕО) КУД „Рацин“ Кичево во полна сала вчера го реализираше традиционалниот „Велигденски концерт“ на песни и ора „Писмо дојде“
-
Македонија5 часа
Од ноќеска поскапуваат нафтените деривати, ова е новата цена!
-
Спорт23 часа
ФФМ со експресно соопштение ја извести јавноста во врска со случајот ФК Гостивар
-
Здравје и убавина1 ден
Мувлата на овошјата може да доведе до несакани последици по здравјето на човекот
-
Скопје22 часа
СВР Скопје изрече 96 санкции, 41 од нив биле за возење со брзина поголема од дозволената
-
Занимливости3 часа
Светскиот гигант „Google“ ќе ги враќа вработените во своите канцеларии, работењето од дома ќе стане минато