Магазин
Apple го објави датумот на лансирање на iPhone 14 и тој ден е навистина блиску

Apple би можел да лансира и други производи – вклучувајќи нов iPad
Септември речиси секогаш е месец на лансирање на најновиот iPhone. Во претходните неколку недели многу се шпекулираше дали Apple ќе се држи до овој тренд годинава, а сега конечно имаме одговор.
Презентацијата на iPhone 14 ќе се одржи на 7 септември.
Очигледно, ова нема да биде само виртуелен настан, бидејќи Apple покани некои медиуми да бидат присутни во живо на претставувањето на производот. Ова не се случило од 2019 година и лансирањето на серијата iPhone 11, секако поради пандемијата.
Што да очекуваме на настанот?
Не треба да очекувате премногу големи промени за iPhone оваа година. Apple најверојатно ќе ја прекине линијата „Mini“ и наместо тоа ќе одлучи да претстави поголема верзија на обичниот iPhone. Веројатно ќе ги видиме iPhone 14, iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max.
Apple би можел да лансира и други производи за време на настанот, вклучително и можна 10-та генерација на iPad.
Хороскоп
Хороскоп за понеделник (28 април)

ОВЕН
Целото ваше внимание е насочено кон некој семеен проблем. Денес ќе се случи конечната кулминација на сето тоа а добрата вест е дека решението е едноставно и поволно за вас. После големите турбуленции ви пристигнува големо олеснување.
БИК
Ве обзема идеа да започнете некоја приватна работа. Затегнатите односи со шефовите и лошата атмосфера во опкружувањето може да издвои екипа на луѓе со кои е возможно остварување на самостоен бизнис. Не заборавајте дека онаму каде што владее интересот, љубовта и сочувството спијат.
БЛИЗНАЦИ
Конечно ги привршувате заостанатите работи со кои сте се мачеле долго време. Конечно се назира епилог на нешто на кое долго сте работетел. После долго чекање ќе ви годи чувството на мала победа па имате право да си дозволите краткотраен одмор.
РАК
Денот ќе го започнете стресно и со големо незадоволство. Доколку не избегнете непотребни трошоци, можете да западнете во голема финансиска криза. Од попладнето можете да рачунате на позитивни вести и интензивна комунилација со странство.
ЛАВ
Свесни сте дека пред вас е напоред период на речиси сите полиња. Полни сте со енергија и волја а вродениот борбен дух и оптимизам ќе ве направи уште посилни. Иако ќе вложите многу труд, на крајот ќе бидете задоволни со постигнатите резултати.
ДЕВИЦА
Брзи сте но и невнимателни. Поради претераното брзање сте приморани да направите селекција што е важно а што не е. Сепак, со оглед на тоа колку сте се залетале, шансите да направите опасна грешка се минимални. Бидете внимателни особено во сообраќајот.
ВАГА
Чувствувате дека сте професионално доста ценети, а денес ви стигнува и мала потврда за тоа. Паралелно со тоа ќе имате позитивен напредок во семејните односи и тоа додатно ќе ве орасположи. Добрата атмосфера создава миг кога ќе сакате да изнесете се што ви лежи на срце.
ШКОРПИЈА
Внимателно испланирајте го денот и ќе имате прилика да изградите нова деловна стратегија која долгорочно ќе ви донесе резултати на кои ќе бидете доста горди. Насочете се кон работата и семејните односи оставете ги настрана.
СТРЕЛЕЦ
Не се обидувајте да ги спроведете своите замисли во дело, сте избрале погрешен ден. Наместо тоа, прочитајте ја омилената книга и посетете кино или театар. Чувајте се од инфекции и овој ден поминете го во изолација од другите луѓе.
ЈАРЕЦ
Полни сте со енергија толку што не знаете што да правите со неа. Кога немате каде да ја трошите почнете да ја пренесувате тензијата на околината. На удар е саканата личност а знаете дека немате причина за тоа. Со своето однесување можете непотребно да ја нарушите стабилноста на врската.
ВОДОЛИЈА
Пронајдете баланс помеѓу деловниот и семејниот живот. Премногу зборувате за она кое треба да биде ваша интима а тоа може да биде сигнал дека ве мачи некаква грижа на совест. Размислете за тоа пред околината да почне да ве избегнува.
РИБИ
Математички сте го израчунале својот љубовен живот па по ваше мислење не постои шанса нештата да бидат онакви какви што сте ги замислиле. Сфаќате дека не е лесно да го предвидите развојот на случувањата особено ако во односите се вклучени и емоции.
Здравје и убавина
Мувлата на овошјата може да доведе до несакани последици по здравјето на човекот

Ако мувла зафатила само еден дел од вашата храна, најверојатно мислите дека е безбедно да го отстраните тој дел и да си го изедете остантиот дел кој е „здрав“, без оглед дали се работи за овошје, зеленчук или можеби леб. Сепак, ако навистина правите вака, тоа е една многу лоша идеја.
На микроскопско ниво, мувлата расте во тенки влакна, кои се шират кружно, како корен на дрво.
Тие не се видливи со голо око, па дури и кога ќе се исече дел од местото кое видливо го зафатила мувла, дел од оваа заразна колонија останува и на остатокот од храната за кој сметате дека е сосема чист.
Ова најчесто се случува кај лебот, овошјето и зеленчукот, а со отргнувањето на мувлосаниот дел не сте го решиле проблемот целосно, бидејќи не сте ни свесни до каде е проширена оваа мувла.
Најдобро е ваквата храна, воопшто да не ја жалите и да ја фрлите, дури и да нема мувла, а на вас ви делува сомнително, подобро фрлете ја и купете свежа, бидејќи компликациите и проблемите кои можат да настанат во вашиот организам можат да бидат фатални.
Извор: Денар
Хороскоп
Хороскоп за недела (27 април)

ОВЕН
Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува како посредник помеѓу вас и важен колега. Добри моменти во емотивниот сегмент, фокусирани сте на партнерот, а тој на вас.
БИК
Денеска сте во променливо расположение и тешко ќе се фокусирате на обврските. Во моментов повеќе сте фокусирани на емотивниот сегмент бидејќи сакате да му посветите време на вашиот емотивен партнер. Исчистете некои ситници кои ве мачат во врската.
БЛИЗНАЦИ
Многу непланирана работа. Малку неочекувано, бидејќи се надевавте дека веќе ќе завршите со најголемите обврски. Можно е да е вклучена документацијата. Замор во попладневните часови, па прашање е дали ќе бидете „расположени“ за состанок.
РАК
Ќе се трудите да ги одложите обврските кои ги имате и да се посветите на себе, но и на пријателите и општеството. Добра забава попладне и навечер, но малку време за саканата личност. Но, важно е дека навистина ќе уживате.
ЛАВ
Денеска некако ќе морате да ги балансирате деловните и личните интереси, бидејќи тие се испреплетени и морате да ги завршите обврските од двете страни. Направете добар план и организирајте се. Емотивно добар ден, особено за нови познанства и флерт.
ДЕВИЦА
Ќе се трудите да стигнете до се и да го правите она што ви е важно на деловен план, и да ги почитувате пријателите, но и да не ја запоставувате саканата личност и нивните потреби. Ќе успеете да се организирате и да посветите доволно внимание на сите.
ВАГА
Денеска ве фати уморот насобран во претходните денови, па ќе гледате да се опуштите. Доколку имате обврски, ова ќе ви биде малку потешко, затоа потрудете се да бидете внимателни, бидејќи можете да направите и превид. Опуштете се на состанок со вашата сакана.
ШКОРПИЈА
Денеска вашите планови се одвиваат на најдобар начин и ќе успеете да завршите се што сте наумиле. И навистина многу намисливте. Мора да се признае дека на крајот од денот ќе се чувствувате уморни. Дури и во таква состојба ќе сакате да излегувате со пријателите.
СТРЕЛЕЦ
Од работата треба да завршите многу работи, но имате и обврски поврзани со куќата, па нема да знаете по кој пат да тргнете пред да свртите. Немојте само да ги испреплетувате овие обврски, бидејќи ќе си направите забуна. Одморете се со вашата сакана
ЈАРЕЦ
Имате големи планови за емотивна средба со партнерот или со личност која ви е многу привлечна и со која одржувате контакти. Прашање е дали ќе успеете да го вклопите со деловните обврски кои ќе настанат во последен момент.
ВОДОЛИЈА
Доколку имате деловни обврски, или ќе ги завршите брзо, или ќе се обидете да ги завршите од удобноста на вашиот дом. Она што ви треба денес е да си дозволите доволно одмор и релаксација, уште подобро – во друштво на саканата личност.
РИБИ
Иако ова е ден кога можете многу да направите во однос на комуникацијата со колегите, прашање е дали ќе сакате целосно да го вложите вашето време во работата. Сепак, добар дел од денот ќе поминете во дружење и разговор со саканите.
-
Кичево2 дена
(ФОТО) „Атва Маркети“ во Кичево отвори нова пекара со највкусниот асортиман на бели пецива
-
Кичево2 дена
ОВР Кичево во текот на вчерашниот ден со полни раце работа!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (27 април)
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за понеделник (28 април)
-
Кичево23 часа
(ВИДЕО) КУД „Рацин“ Кичево во полна сала вчера го реализираше традиционалниот „Велигденски концерт“ на песни и ора „Писмо дојде“
-
Македонија2 дена
(ФОТО) СВР Охрид со кампања за заштита на граѓаните и туристите од кражби
-
Спорт14 часа
ФФМ со експресно соопштение ја извести јавноста во врска со случајот ФК Гостивар
-
Здравје и убавина17 часа
Мувлата на овошјата може да доведе до несакани последици по здравјето на човекот