Магазин
Apple телефон на преклоп – Што да очекуваме од „iPhone Fold“

Се очекува Apple да го претстави „iPhone Fold“, својот прв телефон на преклопување, во 2024 година. AppleInsider, врз основа на патенти и неофицијални информации, го креираше профилот и рендерите на овој телефон.
Флексибилен OLED екран
iPhone Fold (ако се вика така) ќе има флексибилен OLED дисплеј. Компанијата, наводно, ги тестира и двете варијанти на преклопување, како кај телефоните Samsung Galaxy Fold и Galaxy Flip, иако според упатените „се наведнува“ кон варијантата на преклопување на подолгата страна. Како и многу пати досега, Apple не наиде на нови технологии.
Овој пат, тој (паметно) ја чекаше технологијата на механизми за преклопување за да ги надмине „детските болести“ и да одлучи што ќе биде најдобро за нив на примерокот од сега веќе солидниот број на склопувачки телефони со Android.
Патентите поднесени од компанијата укажуваат дека се пронајдени подобри решенија за преклопување и флексибилни дисплеи. Исто така, може да се случи iPhone 14 да донесе некои порадикални промени во дизајнот, па AppleInsider го зеде тоа предвид при креирањето на рендерот на iPhone Fold.
Се очекува местото на свиткување да не се гледа на екранот, а склопениот телефон да биде само малку подебел од сегашните модели на iPhone. Кога ќе се отвори, се очекува iPhone Fold да биде сличен по големина на iPad mini.
Сè уште е рано да се знае дали Apple ќе користи iOS или iPadOS, или можеби некоја приспособена верзија на оперативниот систем за својот телефон на преклопување. Некои од преклопните телефони имаат и надворешни дисплеи кои можат да се користат кога телефонот е преклопен, но засега нема информации дека тоа би можело да се имплементира на уредот на Apple.
AppleInsider верува дека iPhone Fold би можел да биде телефон кој едноставно се отвора и затвора и дека компанијата нема многу да експериментира со некои дополнителни функционалности.
/AppleInsider/
Магазин
Спасен, Мето и Престиж Бенд концертот во Сиднеј ќе го донираат за настраданите во Кочани

Македонскиот најпопуларен пејач Спасен Сиљаноски кој со својот бенд Престиж и пејачот Методија Столески се на турнеа во Австралија истакнаа посебна вест во пресрет на нивниот концерт во Сиднеј.
Имено како што истакна Сиљаноски на својот фејсбук профил, собраните средства од концертот закажан до последно место за оваа Велигденска сабота ќе бидат донирани за семејствата од настраданите во страшната несреќа во кочанската дискотека.
Почит и респект за естрадните уметници, организацијата и сите чинители, пример кој сите треба да го следат.
Хороскоп
Хороскоп за среда (16 април)

ОВЕН
Како што ќе изминува денот, ќе бидете се поубедени дека нешто мистериозно се случува околу вас. Барем тоа ќе ве натера да сфатите дека вистински се случуваат чуда и некои нешта кои порано делувале невозможни, сега можат да се случат. Денес ќе бидете подготвени да разрешите секакви проблеми.
БИК
Конечно ќе можете да се опуштите и малку да здивнете од работата. Искористете го ова слободно време за да ги наполните батериите за потоа повторно да се вратите на своите обврски со полн ек. Не брзајте кога е во прашање љубовта, се се случува во вистинско време.
БЛИЗНАЦИ
Денес работните услови постојано ќе се променуваат а тоа ќе ве направи збуенти, но она што е важно е да се посветите на домашните работи. Побарајте совет од некој ваш близок или пријател кога е во прашање донесување на некоја важна одлука, немојте да избрзате па потоа да се каете.
РАК
Денес е одличен ден за да бидете друштвени и да разговарате со што е можно повеќе луѓе. Така најдобро ќе одлучите која страна да ја послушате и кој има најрационално размислување, кога е се во прашање советите. Немојте да ги откривате вашите планови, некои луѓе едноставно не се толку добронамерни спрема вас.
ЛАВ
Денес ќе чувствувате како да немате контрола врз околностите и случувањата кои се одвиваат во вашиот живот. Тоа ќе ве прави анксиозни. Ќе се чувствувате емоционално заглавени. Решението на некој важен проблем е во вашите раце, само треба да погледнете на него од друг агол.
ДЕВИЦА
Се приближувате кон важен период од вашиот живот кога се во прашање личните работи. Ако посветите доволно време извршувајќи ги сите обврски, ќе ви остане слободно време за вас и нештата кои ги сакате. Ќе имате прилика да склопите одлично партнерство.
ВАГА
Денес ќе бидете доста зафатени, некои луѓе ќе очекуваат да ги завршувате неки нешта место нив. Немојте да дозволите да ја преминувате сопствената граница само за да им бидете од помош, внимавајте и дајте им до знаење до каде можете да ја пуштите вашата рака. Некој љубовен проблем ја црпи сета ваша енергија, време е да зборувате отворено.
ШКОРПИЈА
Во вашиот дом или блиска околина постои проблем кој веќе долго време ги расипува односите со вашите сакани. Морате во најскоро време да го решите и да се ослободите од тегобите, затоа што во спротивно нештата ќе излезат надвор од контрола. Вршите преголем притисок кон себеси за да бидете што попродуктивни, обидете се малку и да уживате.
СТРЕЛЕЦ
Ако се прашувате дали неко нешта во домот или на професионален план можат да бидат подобрени, вие сте на вистинскиот пат, се ќе излезе онака како што сте посакувале. Ќе успеете да ги најдете одговорите на сите прашања. Исто така ќе откриете нешто корисно.
ЈАРЕЦ
Денес ќе чувствувате промени во вашето расположение а тоа ќе го припишувате на вашата финансиска состојба. Доколку некои блиски веќе долго време се разделени, вие можете да бидете оној кој повторно ќе ги спои, а тоа ќе влијае и на вашата среќа.
ВОДОЛИЈА
Ако сакате да направите напредок и да ја подобрите вашата финансиска состојба, едноставно треба да ги одредите вашите планови. Морате да погледнете подлабоко кон проблемот. Посакувате некоја личност да е покрај вас и постојано мислите на неа, можеби веќе е вистинско време да ја побарате и да и кажете како се чувствувате.
РИБИ
Денес месечината ви ја враќа вашата изгубена самодоверба. Во последно време сте поемоционални од вообичаено. Доколку веќе долго време вашиот деловен живот стагнира, конечно ви пристигнува напредок. Искористете го поволниот период.
Хороскоп
Хороскоп за вторник (15 април)

Овен
На работа, и покрај лошите аспекти успевате работите да ги завршите на време. Не очајувајте, доаѓаат подобри времиња.
Денес, важно е да излезете и убаво да си поминете.
Во здравјето, немате лоши тегоби.
Бик
Имате одлична соработка со една Девица. Искористете го периодот кој е пред вас, бидејќи имате многу можности кои за жал само вие не ги забележувате.
Искористете го времето за нешто што ќе ве направи среќни. Поминете време со личност која ви е драга.
Можни се болки во грлото.
Близнaци
На работа, ситуацијата не е најдобра, но треба да обрнете повеќе внимание на сите детали а не само на оние кои вам ви одговараат.
Постои личност на која често мислите, а која исто така мисли на вас. Не ја игнорирајте.
Излезете на прошетка.
Рак
Ако планирате новини на работа, може е подобро да почекате, бидејќи вашето расположение се менува од миг во миг.
Сакате да фасцинирате една личност, но тоа не ви носи успех. Време е да бидете конкретни во своите намери.
Потребни ви се повеќе течности.
Лав
Не сте во лоша ситуација, се додека имате излез од тоа. Она што не можете да го постигнете е добра соработка која ви се нуди од една Риба. Почекајте.
Премногу барате од својот партнер. Балансирајте меѓу своите и нивните желби.
Тахикардија.
Девица
Влегувате во некој работен ангажман со голем ентузијазам, но повеќе внимание треба да обрнете на соработката со остантите членови на тимот. Поработете на тоа.
Во љубовта, премногу давате на погрешна личност. Размислете каде ве води тоа.
Кашлица.
Вага
Отворени сте за нова соработка и ќе уживате во таквата промена. Потрудете се да доведете во ред некои детали.
Ако сте во долгогодишна врска денес е ден за размислување за брак.
Опуштете се со тивка музика.
Шкорпија
Се соочувате со стрес поради поголемата потреба од финансии. Чувствувате промена во вашиот паричник.
Заљубени сте во еден Рак. Ви годи дружењето со нив, но морате да ги покажете емоциите.
Ослободете се од стресот.
Стрелец
Надредените бараат многу од вас. Морате да се фокусирате на задачата, бидејќи тоа е важно за вашата кариера.
Не ве загрижува мислењето на другите. Вие си имате свој приоритет кој е неразбирлив за нив, но уживате во љубовта.
Стрес.
Јарец
Финансиската ситуација се подобрува. Воочувате причина за ново напредување, кое ќе дојде оваа недела.
Ви доаѓа подобра ситуација на ова поле од она со што се соочувавте досега. Ќе бидете во одлично расположение. Личност родена во знакот Рак ве обожава.
Под стрес сте и реагирате импулсивно.
Водолија
Зголемениот интерес за посилен финансиски прилив е нешто што ви се допаѓа, но за што не преземате ништо конкретно.
Заљубени сте и сметате дека не треба да ја пропуштате шансата да бидете со еден Јарец, кој е покрај вас во последно време.
Здравјето е одлично.
Риби
Полето на странство ви носи една уабва соработка. Бидете спремни за успех.
Доколку работите не одат онака како што вие сакате, не очајувајте. Некој ве набљудува, но потребно му е време.
Медитирајте.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (15 април)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за среда (16 април)
-
Магазин12 часа
Спасен, Мето и Престиж Бенд концертот во Сиднеј ќе го донираат за настраданите во Кочани
-
Македонија1 ден
Регионалниот центар за гранични работи „Запад“, приведоа 13 албански државјани кои немале дозвола за работа
-
Македонија2 дена
По 5 месеци денес промена на цената од авто-плинот на бензинските станици
-
Скопје1 ден
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради мечот на Националната арена „Тодор Проески“
-
Временска прогноза22 часа
Времето за најголемиот христијански празник „Велигден“ ќе биде стабилно и сончево
-
Македонија7 часа
Штипјанец се здоби со тешки телесни повреди, во него удрило пмв „форд фиеста“ управувано од виничанец