Следете не

Свет

„Артемис 1“ влезе во нова фаза

Објавено пред

на

Десет дена по лансирањето на беспилотната вселенска мисија на НАСА Артемис I, вселенското летало Орион влезе во орбитата на Месечината.

Леталото ќе лета 64.000 километри над Месечината, објави американската вселенска агенција. Поради должината на орбитата, на капсулата ќе и биде потребна една недела да патува на половина пат околу Месечината, по што повторно ќе ја напушти орбитата на Месечината и ќе почне да се враќа на Земјата, наведува НАСА.

Орион исто така треба да го собори рекордот за најдолго растојание од Земјата поминато со вселенско летало дизајнирано за лет на астронаути. Рекордот е поставен во 1970 година од Аполо 13.

Целта на програмата е повторно да ги спушти Американците на Месечината

Новата вселенска програма на НАСА „Артемис“ конечно се спушти минатата недела, по бројни одложувања, со лансирањето на вселенското летало Орион. Целта на програмата е повторно слетување на американски астронаути на Месечината, за прв пат по речиси педесет години.

Мисијата Артемис I без екипаж ќе го однесе леталото Орион на 40.000 милји од Месечината за да ги покаже своите способности. По враќањето на Земјата, следи Артемис II, првиот вселенски лет на Орион со екипаж. Слетувањето на Месечината ќе биде кулминација на мисиите Артемис. Првично планиран за 2024 година, овој исклучително важен настан треба да се случи најрано во 2025 година.

Мисијата ќе однесе четворица астронаути во орбитата на Месечината во вселенското летало Орион, каде двајца од нив, барем една жена, ќе се префрлат во вселенското летало SpaceX за последното приближување до Месечината. САД испратија 12 астронаути на Месечината помеѓу 1969 и 1972 година.

/b92

Свет

„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Американската компанија Гугл денеска објави план за инвестиција од пет милијарди фунти (околу 5,78 милијарди евра) во Велика Британија во наредните две години. Средствата главно ќе бидат насочени кон развој на центри за податоци и истражување во областа на вештачката интелигенција (ВИ), а веста доаѓа непосредно пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон.

Според соопштението на компанијата, инвестицијата ќе ги покрие капиталните трошоци, истражувањето и развојот, вклучувајќи ја и работата на Гугл ДипМајнд, британската лабораторија за ВИ во сопственост на технолошкиот гигант.

Како дел од оваа стратегија, денес беше пуштен во употреба нов центар за податоци во Волтам Крос, северен Лондон, во кој Гугл претходно вложи околу една милијарда долари (850 милиони евра).

Портпарол на компанијата за агенцијата АФП, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека новата инвестиција ќе претставува надополнување на претходното финансирање.

Во меѓувреме, Велика Британија се подготвува за втората државна посета на Трамп, која ќе се одржи в среда и четврток. Првата официјална посета беше во 2019 година, за време на неговиот прв претседателски мандат. Според британските медиуми, Трамп ќе биде придружуван од делегација составена од високи претставници на технолошкиот и финансискиот сектор, а се очекуваат и нови инвестиции и потпишување на технолошки договор со Лондон.

Во пресрет на посетата, британската влада веќе најави дека американските банки вложуваат повеќе од една милијарда фунти во земјата, а во понеделник потврди и договор со САД за забрзување на процесот на одобрување и верификација на нуклеарни проекти.

Откако започна војната во Украина, Велика Британија значително ги засили напорите за намалување на зависноста од јаглеводородите, при што нуклеарната енергија стана стратешки приоритет. За време на посетата на Трамп, официјално ќе биде потпишано и новото партнерство меѓу Лондон и Вашингтон – „Атлантско партнерство за напредна нуклеарна енергија“, пренесе Бета.

Прочитај повеќе...

Свет

Денес во Киргистан беше регистриран силен земјотрес

Објавено пред

на

ФОТО: EMSC (archive)

Во Киргистан денеска е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Потресот бил лоциран на околу 12 километри југоисточно од главниот град Бишкек, на длабочина од приближно 12 километри.

Очевидци сведочат дека земјата се тресела околу две до три минути, пренесе ТАСС.

Досега нема информации за повредени лица или материјални оштетувања.

Прочитај повеќе...

Свет

(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/video/x/Víctor Sánchez Baños

Португалија денеска тагува по трагедијата што го потресе главниот град Лисабон, откако 15 лица ги загубија животите, а најмалку 18 завршија во болница по излетувањето од шините на историската жичница „Глорија“. Петмина од повредените се во критична состојба, соопштија службите за итни интервенции.

Несреќата се случила вчера околу 18 часот по локално време, на ридската траса која ја поврзува централниот плоштад Рестаурадорес со познатиот кварт Баиро Алто. Властите потврдија дека меѓу загинатите има и странски туристи, но нивната националност сè уште не е официјално објавена.

Градоначалникот на Лисабон, Карлос Моедас, по посетата на повредените во болница изјави дека градот минува низ „еден од најтешките моменти во поновата историја“. Претседателот Марсело Ребело де Соуза, пак, упати сочувство до семејствата и најави дека државата ќе ја утврди целосната одговорност за трагедијата.

Истрагата за причините е во тек и во неа се вклучени повеќе институции – управувачката компанија „Карис“, Националниот орган за безбедност во сообраќајот и криминалната полиција. Од „Карис“ тврдат дека жичницата редовно била подложувана на инспекции, но очевидци изјавиле дека пред судирот со зграда на стрмната улица најверојатно дошло до дефект на сопирачките.

На снимки споделени на социјалните мрежи се гледа целосно превртено и оштетено возило во препознатливата жолта боја, а сведоци раскажуваат дека неколку патници биле извлечени од урнатините со помош на спасувачките екипи.

Жичницата „Глорија“, која работи веќе 140 години, е еден од симболите на Лисабон и претставува омилена атракција за туристите.

Трагедијата предизвика и меѓународни реакции. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и шпанскиот премиер Педро Санчез испратија пораки на поддршка и солидарност со португалскиот народ.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хроника7 часа

Во Битола на „Партизанска“ удрен пешак со своето куче. На пешакот му се констатирани тешки телесни повреди, додека кучето било усмртено

На 07.10.2025 во 18:26 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул. „Партизанска“ и ул.„Север Југ“ во...

Македонија7 часа

Прилеп: Традицијата продолжува, на 11-ти октомври на „Авто слалом“, кичевчанецот Кристијан Бојоски во нов поход кон пиедесталот на награди!

Во сабота по повод „11-ти октомври“, Прилеп повторно ќе биде домаќин на Авто-слалом натпревар. Истиот е предвиден да започне од...

Фото: Charlie Deets @ unsplash Фото: Charlie Deets @ unsplash
Автомобили9 часа

Tesla воведува поевтини модели: Дали тоа ќе ја зголеми продажбата?

По официјалната презентација на новите поевтини модели, цената на акциите на Tesla падна. Иако компанијата конечно претстави попристапни верзии на...

Фото: Windows @ unsplash Фото: Windows @ unsplash
Магазин9 часа

Инсталацијата на Windows 11 станува сложена, потребни се интернет и сметка на Microsoft!

Microsoft целосно ги укина сите начини за инсталирање на Windows 11 без интернет-врска и сметка на Microsoft. Од сега, интернет...

Фото: Judy Beth Morris @ unsplash Фото: Judy Beth Morris @ unsplash
Lifestyle9 часа

Не ја потценувајте моќта на друштвените игри: Еве како тие им користат на децата и ги учат да бидат подобри луѓе

Друштвените игри често ги гледаме само како забава, но нивното влијание врз децата е многу подлабоко. Додека се смеат, ги...

Фото: Amanz @ unsplash Фото: Amanz @ unsplash
Магазин9 часа

5 телефони со најдобри звучници во 2025 година

Во 2025 година паметните телефони нудат звук што се приближува до квалитетот на наменски преносни звучници – од длабок бас...

Фото: Heidi Fin @ unsplash Фото: Heidi Fin @ unsplash
Магазин9 часа

Spotify воведува нови правила за музика со вештачка интелигенција и антиспам

Spotify објави нов сет на политики насочени кон музиката создадена со вештачка интелигенција (ВИ) и спречување на спам содржини на...

Кичево10 часа

Ноќеска „ТППЕ Кичево“ со полни раце работа, спречен поголем пожар во населба „Девеана“

Ноќеска нешто по 4 часот до „ТППЕ Кичево“ примен бил повик за настанат пожар во приватен објект лоциран во кичевската...

Хороскоп21 час

Хороскоп за среда (8 октомври)

ОВЕН Ќе ви биде доста тешко да ги контролирате емоциите, особено кога станува збор за љубовни интереси и односи со...

Кичево22 часа

Кичевските бербери на состанок одлучија да ги поскапат нивните услуги

Почитувани граѓани, по одржаната средба со сите бербери од градот, е донесена заедничка одлука за усогласување и промена на ценовникот...

НАЈЧИТАНИ