Македонија
Авто-плинот од денес конечно со намалена цена за литар, после подолго време

„ТНГ“ за автомобили „плин“ од денес со намалена цена за литар, односно цената е намалена за 1,5 денар.
Како што знаеме ова гориво не е под Регулаторна комисија за енергетика, така што истата зависи од малопродажните објекти (бензински станици).
Од денес на повеќето малопродажни објекти авто-гасот се продава по цена од 43,50 ден/лит, додека во пракса некои од малопродажните објекти се продава по цена од 43 ден/лит.
Цената на авто-плинот не беше променета заклучно со септември месец 2023-та каде тогаш од 42,5 цената порасна на 45 ден/лит.
Македонија
Во Штипската болница вчера бил донесен работник од Бангладеш, се повредил при работа

На 16.08.2025 во 18:16 часот во СВР Штип од Клиничката болница Штип било пријавено дека кај нив бил донесен Ш.М.Д.Х(22) од Бангладеш, кој, според пријавеното, се здобил со повреди додека извршувал работни задачи во фабрика во Штип.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип, информира МВР.
Македонија
„Центарот за Безбедност на Вода на Црвен Крст Охрид“, денес по силниот ветер спаси оддалечени луѓе од брегот на охридско езеро!

Денес доцна попладне околу 17:30ч во водите на охридско езеро се случила вистинска драма.
Имено како што известуваат за нашиот медиум членови од „Центар за Безбедност на Вода на Црвен Крст Охрид“ во големи водени струи и силен ветер, забележани биле луѓе на 3 педалинки и 2 суб даски како се оддалечуваат од брегот кон средина на езерото видно во паника, кои брзо по тоа скокнале во вода.
По брза интервенција на „Центар за Безбедност на Вода и Црвен Крст Охрид“ и 2 глисери веднаш се упатиле до местото и за среќа се завршило во најдобар ред, благодарение на професионалноста и брзата реакција.
Ова сведоштво со свои зборови исто така ни го раскажа и случаен гостин на плажата во Градиште кој исто така упати пофални зборови до членовите и екипата на „Центар за Безбедност на Вода и Црвен Крст Охрид“.
Македонија
(ВИДЕО) МВР со кампања за безбедно возење на е-тротинети

МВР и РСБСП со заедничка кампања за намалување на бројот на повредени лица кои управуваат електрични тротинети. Преку видео едукативен спот укажуваме на законските обврски и препораки за безбедно возење со е-тротинети, споделуваме лично сведоштво од лице кое доживеало несреќа со електричен тротинет, како и докторска експертиза за тешките последици од повредите настанати како резултат на несреќи со вакви возила.
Целта на кампањата е да ја зголемиме свесноста, да поттикнеме одговорно однесување и да придонесеме кон побезбедно учество на електричните тротинети во сообраќајот.
-
Временска прогноза1 ден
Утре попладне најава за локален пороен дожд и дестабилизација, додека во понеделник дожд и грмежи речиси на секаде во Македонија
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (17 август)
-
Македонија1 ден
„Центарот за Безбедност на Вода на Црвен Крст Охрид“, денес по силниот ветер спаси оддалечени луѓе од брегот на охридско езеро!
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за понеделник (18 август)
-
Скопје1 ден
Примил 10 000 евра за наводно да влијае врз судски постапки, кривична пријава против лице од Скопје
-
Скопје12 часа
Ноќеска скопјанец предизвикал сообраќајка, пијан 3,30 промили алкохол во крвта
-
Македонија6 часа
Во Штипската болница вчера бил донесен работник од Бангладеш, се повредил при работа
-
Занимливости9 часа
„Астероидот 2025 PM“ безбедно прелета покрај Земјата