Следете не

Магазин

(ВИДЕО+ФОТО) Кичевчанецот Кристијан Бојоски на „Авто-слалом“ трката во Прилеп, денес го освои шампионското прво место со најдобро извозено време

Објавено пред

на

Нашиот неприкосновен шампион од Кичево, Кристијан Бојоски во очи на потесниот круг на фамилијата+главните Петар & Лана, пријатели поддржувачи на автомобилизмот, спонзори и помагатели бодрејќи го шампионот со својот модифициран „Опел Кадет“ денес ја оправда својата форма во Прилеп, така што ги освои симпатиите на присутните, приредувајќи вистински празник за очи, рутински, искусно, доволно брзо и недостижно за конкурентите со извозено време „2.5“ до првото место и шампионска титула во класата на „Олд тајмери“.

„Кико-Тим“ (small version)

„Кико-Тим“ (small version)

На почеток настанот го отвори првиот човек на град Прилеп, г-дин Борче Јовчески, упатувајќи мотивирачки пораки до сите учесници, со надеж за уште по ефективна меѓуопштинска соработка со организацијата и се разбира повеќе учесници до година, па пред да го најави „Авто-слаломот“ за отворен, тој со мега-легендарниот автомобил беше почестен со возење еден круг околу тркачката патека.

– Од она што можеше нашата екипа да го забележи се само позитивни зборови, владееше беспрекорно добра атмосфера, максимум организација, без никакви посериозни проблеми. Од име на „Порта.мк“ упатуваме благодарност до организаторите за топлото добредојде на нашата екипа, отстапувајќи ги сите потребни агли, за настанот достојно да биде пренесен преку фотографија.

  • Прогласување на победниците:

Во прилог и официјалната мега-галерија преку нашиот објектив. Доколку ви треба некоја од фотографиите во голем формат, истите во наредните 7 дена ќе бидат достапни за јавноста, на следниот линк ТУКА:

Хороскоп

Хороскоп за среда (23 јули)

Објавено пред

на

ОВЕН

Не сте осамени, имате на кого да се потпрете и се обидувате да најдете најдобар можен начин да се вклучите во работата која за вас може да биде многу профитабилна. Имате проблем со некои Близнаци и не можете да најдете заеднички јазик со некоја Водолија. Трепението ќе ви биде повеќе од потребно.

БИК

Нема место за паника, ќе успеете да ги решите сите проблеми. Добрите односи со соработниците се исклучително важни за проектите, бидејќи сами ништо нема да постигнете. Се чувствувате одлично во друштво на некоја Риба, па затоа поминете повеќе време заедно.

БЛИЗНАЦИ

Некои пријатели ќе ве повикаат на заедничко патување, а вие ќе се двоумите. Не се откажувајте од можностите кои ви се нудат, можно е да ви се отворат нови врати за започнување на сопствен бизнис. Досадата лекувајте ја во друштво на саканите. Постапките од минатото ќе ве натераат повторно да размислите за вашите постапки.

РАК

Некој проблем од минатото ќе започне да ви ја разнишува сегашноста која едвај ја одржувате во нормално ниво. Можно е вашиот партнер да ве напушти поради ветените нешта кои никогаш не ги направивте. Имате проблем и со пријателите кои ве сметаат за несериозни. Некоја Девица ќе ви понуди помош, прифатете ја веднаш.

ЛАВ

Ќе се обидете да воспоставите контакт со некои лица кои на вас ви биле многу драги. Ви претстои добра соработка со некој Стрелец или Близнаци. Ќе се залагате за некои важни нешта, можеби нема да успеете, но не се разочарувајте во иднина ќе постојат уште шанси.

ДЕВИЦА

Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба затоа што таа почнува да се подобрува. Вашето здравје е повеќе од добро. Проблемите во љубовта ќе ви го одвлечат вниманието и ќе ви го одземат времето за извршување на бизнис обврските.

ВАГА

Иако се чувствувате добро во друштво со личноста која ги поттикнуа вашите амбиции, сепак прекумерното залагање можно е да ви пречи. Можни се некои поволни вести од некој кој живее и работи во странство. Ќе ви биде потребен некаков совет од некој Лав.

ШКОРПИЈА

Оптеретени сте со незавршените работи и она што се случило а не знаете како да го решите. Се плашите од загуба на контролата во ситуацијата во која можно е да загубите некој поради однесувањето. Можен е некаков договор со Стрелец или Риби.

СТРЕЛЕЦ

За да го поминете денот онака како што сакате потребно е да се вклучите во некои интересни проекти во кои ќе ви биде потребен странски јазик. Без оглед дали станува збор за краток или долг проект сепак работете максимално на него. Постои можност за голем профит.

ЈАРЕЦ

Премногу сте упорни иако помалку сте и несигурни и се обидувате на сите можни начини да му го наметнете на некој Бик вашиот план за заеднички проект. Бидете малку трпеливи во контактите со борбените знаци, особено со Бикот. Добро се чувствувате во друштво на лице кое е подеднакво амбициозно како и вие.

ВОДОЛИЈА

Еден од подобрите денови, особено за оние кои се подготвени за се да се договорат со соработниците и оние кои се како створени за разни деловни можности, вклучувајќи ја тука и можноста за премин на некое ново работно место или преземање на некои нови обврски. Добро се сложувате со некој Стрелец и со некој Рак кои во се ве поддржуваат.

РИБИ

Мечтаете за голем успех и поинаква работа од онаа која во моментов ја имате. Ова би можело да биде пријатен ден за вас. Енергијата на Марс и Меркур ве прави нервозни и нетрпеливи. Вашата амбиција е во прв план, не се согласувате со лица кој сакаат да доминираат во друштвото.

Прочитај повеќе...

Lifestyle

10 грешки што го расипуваат вашиот домашен сладолед – и како да ги избегнете

Објавено пред

на

Фото: Prchi Palwe @ unsplash

Правењето домашен сладолед дома може да биде задоволство, но често резултатот не е како што очекувате. Најчестите проблеми настануваат поради неколку едноставни грешки. Во продолжение ви ги прикажуваме 10-те најчести грешки и како да ги избегнете за секогаш да имате кремаст и вкусен сладолед.

1. Формирање на ледени кристали

. Проблемот настанува кога водата во смесата полека се замрзнува, што создава големи кристали од мраз
. Решение: Уверете се дека садот на машината за сладолед е целосно замрзнат. Користете стабилизатори како ¼ лажичка желатин или пектин на 500 мл база

2. Сладоледот е тврд како камен

. Причина: Премногу вода или недоволно масти и шеќер
. Решение: Додадете 1–2 лажици алкохол (вотка или рум) на 500 мл база, или користете повеќе павлака или жолчки од јајца за помека текстура

3. Сладоледот е мек и премногу течен

. Причина: Недоволно време на замрзнување, премногу шеќер или алкохол
. Решение: Смесата треба да биде изладена на најмалку 4°C пред мешање. Намалете ја содржината на шеќер за 10–20% доколку е потребно

4. Коагулирана (згрутчена) база

. Причина: Јајцата се загреваат пребрзо или на премногу висока температура
. Решение: Загрејте ја смесата на тивок оган со постојано мешање. Ако се згрутчи, процедете ја и ставете ја веднаш во фрижидер

5. Безвкусен сладолед

. Причина: Ниска температура го намалува вкусот, или вкусовите не се доволно развиени
. Решение: Користете квалитетни состојки и оставете ја основата во фрижидер од 4 до 24 часа пред мешање

6. Премногу замрзнат сладолед

. Причина: Изложеност на воздух што создава мраз на површината
. Решение: Чувајте го сладоледот во херметички затворен сад со пластична фолија притисната на површината

7. Нерамномерна распределба на додатоци

. Причина: Чоколадо, јатки или овошје се додадени прерано или се претешки
. Решение: Додајте ги во последните неколку минути од мешањето за рамномерно распоредување

8. Пресладок или преблаг сладолед

. Причина: Неточни мерења или игнорирање на ефектот на замрзнување врз вкусот
. Решение: Пробајте ја основата пред замрзнување и прилагодете го шеќерот. Запомнете: замрзнувањето ја намалува перцепцијата на сладост

9. Масна или мрсна текстура

. Причина: Прекумерно матење или премногу маснотии во рецепт
. Решение: Избегнувајте претерано мешање и одржете рамнотежа помеѓу маснотиите и водата

10. Проблеми при матење

. Причина: Топла смеса, недоволно замрзнат сад или преполн апарат
. Решение: Садот треба да биде темелно замрзнат, а основата добро изладена. Не го преполнувајте апаратот – наполнете го до две третини

Извор: B92

Прочитај повеќе...

Магазин

ChatGPT достигнува 2,5 милијарди дневни барања

Објавено пред

на

Фото: Solen Feyissa @ unsplash

Наглиот пораст на корисници претставува сериозна конкуренција за Google

ChatGPT секој ден прима над 2,5 милијарди барања, од кои 330 милиони доаѓаат од корисници во САД. На годишно ниво, ова значи над 912,5 милијарди пребарувања – бројка што го позиционира ChatGPT како една од најбрзо растечките дигитални платформи во светот.

Брз пораст на корисничката база
Во само неколку месеци, бројот на неделни корисници на ChatGPT порасна од 300 милиони (во декември 2024) на над 500 милиони (во март 2025). Овој раст покажува колку брзо генеративната вештачка интелигенција станува секојдневна алатка за милиони луѓе.

Google и понатаму води, но не и без конкуренција
Иако Google сè уште доминира со околу 5 трилиони пребарувања годишно, растот на ChatGPT претставува реална закана за неговото лидерство во светот на пребарувањето и информациите.

Нови алатки од OpenAI
OpenAI, компанијата зад ChatGPT, веќе развива веб-прелистувач со вештачка интелигенција, кој директно ќе се натпреварува со Google Chrome – објави tportal.hr. Дополнително, OpenAI го лансираше и ChatGPT Agent, алатка што може да извршува задачи на вашиот компјутер наместо вас, пишува Verge.

Останува да се види како ќе реагира Google, но едно е сигурно – AI веќе го менува начинот на кој пребаруваме и работиме со информации.

Извор: Vijesti

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија4 часа

УЈП со важно соопштение за авто-такси превозниците

Управата за јавни приходи истакна важно соопштение, кое гласи:

Македонија4 часа

Страшен билансот на македонските патишта, за два дена 1293 сообраќајни прекршоци, 305 за брзо возење

Во текот на првите два работни дена од оваа недела (21 и 22 јули 2025г.) во рамки на засилените сообраќајни...

Хороскоп17 часа

Хороскоп за среда (23 јули)

ОВЕН Не сте осамени, имате на кого да се потпрете и се обидувате да најдете најдобар можен начин да се...

Кичево1 ден

(ФОТО+ВИДЕО) Изгасен голем пожар во близина на с.Белица, ТППЕ и граѓаните спречија поголема катастрофа!

Предмалку штотуку беше ставен во контрола разбеснат пожар кој избувна во близина на с.Белица кичевско. По пријавата на граѓани, ТППЕ...

Lifestyle1 ден

10 грешки што го расипуваат вашиот домашен сладолед – и како да ги избегнете

Правењето домашен сладолед дома може да биде задоволство, но често резултатот не е како што очекувате. Најчестите проблеми настануваат поради...

Магазин1 ден

ChatGPT достигнува 2,5 милијарди дневни барања

Наглиот пораст на корисници претставува сериозна конкуренција за Google ChatGPT секој ден прима над 2,5 милијарди барања, од кои 330...

Магазин1 ден

Google откри како ќе изгледа Pixel 10 – нова камера и редизајн? (ВИДЕО)

Официјалното претставување е закажано за 20 август Google повторно ја следи својата традиција – со рано откривање на изгледот на...

Магазин1 ден

Дали Nokia се враќа на пазарот на паметни телефони?

• Легендарниот бренд Nokia нема целосно да се повлече од светот на мобилните телефони и сè уште има амбиции да...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за вторник (22 јули)

ОВЕН Важно е да ја оставите гордоста настрана и да и приоѓате на личност што ви се допаѓа долго време....

Кичево2 дена

На магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на с.Трапчин Дол се случила сообраќајна незгода, сообраќајот се одвива наизменично

Предмалку во близина на с.Трапчин Дол кичевско се случила сообраќајна незгода во која учествувале две патнички моторни возила. Од она...

НАЈЧИТАНИ