Македонија
Балканската дива Светлана Ражнатовиќ – Цеца со спектакуларен концерт во Аква-Парк Пробиштип, карти веќе од 4 јули

Ова лето, Аква Парк Пробиштип ќе го одбележи својот јубилеј – 10 години АКВА ПАРК ПРОБИШТИП, со спектакуларен концерт на најголемата балканска ѕвезда, дивата Светлана ЦЕЦА Ражнатовиќ.
Инаку Аква парк-от како што велат за себе, за прв пат ги отвори своите врати за посетители на 20 Август 2011 година и за кратко време успеа да стане актуелно собиралиште што ја редефинира колективната забавна содржина, урбано обележје што понуди одново заживување на градот Пробиштип кој со децении беше во мирување. 21 Август, Аква парк Пробиштип го прославува својот десетти роденден со концерт на балканската поп-фолк дива Цеца, а ќе настапат Јоце Панов и Ѓоко Јовиќ со Енерџи бенд.
– Најавуваме целовечерно музичко шоу со најголемите балкански хитови и многу изненадувања. Аква Парк Пробиштип, од своето спектакуларно отворање со Paul Van Dyk, организираше бројни настани, од водени лудории до чоколаден базен, пена парти и музички концерти и забави на најпопуларните балкански музички имиња од земјава и странство.
Аква паркот се простира во подножјето на Осоговските планини, на површина од 18 000 м2. Нуди широкиот спектар на атракции на вода надополнет со терен за одбојка, забавни содржини за најмладите, ресторани и барови за сечиј вкус, продавница за сувенири.
Билетите и резервациите ќе бидат пуштени во продажба од 4 Јули во 10ч. преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, White Horse Skopje и на билетарата на Аква парк-от.
Македонија
Поскапува бензинот и дизелот, ова е новата цена од полноќ!

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.07.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит.
Mалопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 71,00 ден/лит.
Извор: РКЕ
Македонија
Приведен малолетник од Куманово, сакал да запали бакарни кабли

На 13.07.2025 во 12.50 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода малолетник од Куманово, затоа што во место викано „Бавчи“ во Куманово бил затекнат при обид да запали бакарни кабли.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, истакна МВР.
Македонија
МВР викендов издаде 1711 платни налози дури 828 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописите

Во деновите од изминатиот викенд (12./13. 07.2025) во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги извршуваат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1711 издадени платни налози дури 828 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописите по однос на брзината на движење. Истовремено детектирани се 148 возачи што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, 80 возачи управувале под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 70 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитна кацига.
Покрај ова согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 184 прекршоци се изречени за недозволено, односно неправилно паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани уште 71 лице што не користеле сигурносен појас, 44 заради користење мобилен телефон при возење, четворица возачи минале на црвено светло, а прекршочни казни добиле и 11 пешаци.
По основ пак на Законот за возила, викендов 37 возила биле отстранети заради тоа што биле нерегистрирани, а девет возила заради техничка неисправност.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, истакна МВР.
-
Кичево8 часа
Кај кичевско Другово возач од гостиварско „летал“ со брзина од 114 км/ч, а дозволено е 50!
-
Кичево2 дена
(ВИДЕО) Денес во Кичево се одржа #11 мото-парада во чест на именденот на кичевската православна црква „Св.Петар и Павле“ – Вечна традиција!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (13 јули)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за понеделник (14 јули)
-
Хроника1 ден
МВР: Детали за грозоморното убиство во Прилеп на 13-то годишно дете, неговиот татко и самоубиството на сторителот
-
Кичево7 часа
Планинарското друштво „Ендорфин“ од Кичево во чест на Сашо Костадиноски го организира осми меморијален планинарски марш на планината „Голјак“
-
Македонија6 часа
Поскапува бензинот и дизелот, ова е новата цена од полноќ!
-
Македонија9 часа
МВР викендов издаде 1711 платни налози дури 828 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописите