Следете не

Мобилни уреди

Банирани 151 апликации од „Play Store“, доколку ги имате овие апликации веднаш избришете ги

Објавено пред

на

Без разлика кој уред го користите, мора да внимавате да не паднете во замката на измамата. Секоја е-пошта што ја добивате, текстуална порака или апликација што ќе ја преземете може да биде опасна, според Yahoo.

Ниту една недела не може да помине без нова закана, а последната по ред се однесува на собирање лажни Android апликации на Google play store.

Avast, софтверска компанија специјализирана за виртуелна безбедност, во последните недели предупредуваше за кампањата UltimaSMS. Според Avast, 151 апликација се дел од врвна СМС кампања. Овие лажни апликации за Android се „маскираат“ во легитимни алатки, од уредувачи на фотографии и филтри за камера до игри и скенери за QR-кодови.

Нивната намера е жртвите да се пријават за скапи СМС услуги. Сето ова може да се случи додека трепнеш. Пред да знаете, сте изгубиле пари што можеби нема да можете да ги вратите.

Ако ја инсталирате апликацијата UltimaSMS, таа веднаш ќе ја провери локацијата на вашиот телефон, за да „разбере“ кој јазик да го користите за измамата. кога ќе ја отворите апликацијата, ќе видите екран на вашиот јазик кој бара од вас да внесете телефонски број и/или адреса на е-пошта. Откако ќе ги дадете овие информации, апликацијата ве регистрира за премиум услуга за СМС што може да чини и до 40 фунти месечно. Во овој момент, апликациите ќе прикажат уште повеќе опции за претплата или едноставно ќе престанат да работат. И тогаш секоја недела ќе добивате сметка.

Ова се некои апликации кои се отстранети од „Play Store“ на Google:

Ultima Keyboard 3D Pro

VideoMixer Editor Pro

FX Animate Editor Pro

Battery Animation Charge 2021

Dynamic HD & 4K Wallpapers

RGB Neon HD Keyboard Background

AppLock X FREE

NewVision Camera

Ultra Camera HD

Wi-Fi Password Unlock

Wi-Fi Around: All Wi-Fi and Hotspots Unlock

Colorful Call Screen & Phone Flash

Waterdrinker Reminder

GT Sports Racing Online

Magic Fonts and Keyboard 2021

All Language Photo and Voice Translator Al

Crime City: Revenge

Reface Ultra

Projector HD/AR Video Editor

LivePhoto Animator

Ludo Masterpiece Online

Mobile Scanner Pro: PDF Scanner App, Scan to PDF

Magic Mix Cut – Super Video Editor

Future Scanner FREE 2021

Pro Video Downloader 2021

AmazeTranslate

Football Masters 2021

New Body Shape Editor

Call Voice Recording 2.0

Pro Tuber Ad Blocker for Video

Fitness Ultimate 2021

Wallpaper XYZ Pro

Извор: telegraf.rs

Мобилни уреди

Се чини дека 5000 mAh батерија на современите телефони не е доволна

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Во минатото, паметните телефони со батерија од 5000 mAh се сметаа за уреди со солидна издржливост. Но денес, ова веќе не е импресивен капацитет. Новите податоци од Counterpoint Research покажуваат дека во првиот квартал од 2025 година, дури 71% од сите смартфони имале батерија од најмалку 5000 mAh, а 10% од нив дури надминуваат 6000 mAh.

Овие високи капацитети, кои порано беа карактеристични за телефони од средната класа, сега стануваат стандард и кај премиум моделите. Очигледно е дека 5000 mAh сè повеќе се гледа како основа, додека етикетата „голема батерија“ сега се применува на уреди со 6000 mAh и повеќе.

Една од причините зошто порано беше тешко да се стават поголеми батерии беше тоа што тие зафаќаа многу простор, што влијаеше врз можноста да се сместат и други важни компоненти, како камери и системи за ладење. Дополнително, поголемите батерии можеа да го нарушат дизајнот и удобноста при користење, што е важно кај уредите од повисока класа.

Решение на овој предизвик се новите силициум-јаглеродни (Si-C) батерии, кои нудат повисока енергетска густина, заземаат помалку простор и се полнат побрзо од традиционалните литиум-јонски. Неколку производители, како Honor, OnePlus и realme, веќе почнаа да ги користат овие батерии во своите најнови уреди.

Модели како OnePlus 13 и realme GT 7 успеваат да понудат батерии над 6000 mAh, без да прават компромиси со дебелината и изгледот на телефонот.

Се чини дека иднината на смартфоните оди кон уреди кои ќе имаат издржливост за цел ден, без да се жртвува дизајнот. Благодарение на новите технологии, корисниците сега можат да очекуваат тенки телефони со батерии што траат значително подолго, пишуваат колегите од „benchmark.rs“

Прочитај повеќе...

Магазин

Google откри како ќе изгледа Pixel 10 – нова камера и редизајн? (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Фото: Samuel Angor @ unsplash

Официјалното претставување е закажано за 20 август

Google повторно ја следи својата традиција – со рано откривање на изгледот на барем еден од своите нови Pixel телефони. Овојпат, тоа се случува речиси еден месец пред официјалната премиера, закажана за 20 август.

На насловната страна на Google Store се појави кратко промотивно видео, кое ни дава прв поглед на она што се претпоставува дека е основниот Pixel 10. Видеото открива дизајн сличен на минатогодишниот Pixel 9, но со неколку значајни измени.

Кои се новитетите?

  • Нова сиво-сина боја, која му дава модерен и освежен изглед.

  • Редизајнирана задна страна – изгледа како површината на телефонот да “излегува” од рамката.

  • Трета камера – за првпат, и основниот модел можеби ќе добие телефото објектив.

Да потсетиме, Pixel 9 беше опремен само со широкоаголна и ултраширокаголна камера, додека телефото леќата беше ексклузивна за Pixel 9 Pro. Новите протечени информации сугерираат дека во 2025 година сите Pixel модели би можеле да имаат трикамерен систем.

Иако видеото не открива многу технички детали, се претпоставува дека Google ќе се фокусира на подобрувања под хаубата – како новиот чипсет Tensor – наместо на драматичен редизајн на уредот.

Сè ќе биде јасно на 20 август, кога Google ќе ги открие сите детали за новите Pixel 10 уреди.

Извор: B92

Прочитај повеќе...

Магазин

Дали е штетно батеријата да се полни неколку пати на ден?

Објавено пред

на

Фото: Kamil Feczko @ unsplash

Не, честото полнење на телефонот не е штетно – напротив, полнењето во пократки интервали може да помогне батеријата да трае подолго. Денешните паметни телефони користат литиум-јонски батерии, кои се дизајнирани да издржат ваков начин на полнење, за разлика од постарите технологии кои бараа целосно празнење и полнење.

Исидор Бухман, основач на „Cadex Electronics“, објаснува дека треба да се избегнува редовно полнење од 0% до 100%, освен ако батеријата не покажува проблеми како ненадејно исклучување иако е прикажано дека е наполнета. Во такви случаи, целосен циклус може да помогне во калибрација на сензорот за батерија.

Литиум-јонските батерии обично траат 2 до 3 години или околу 300 до 500 циклуси на полнење, по што нивниот капацитет се намалува за околу 20%. За разлика од претходните верувања, денес не е потребно батеријата целосно да се празни за да се зачува нејзиниот век. Всушност, повеќето производители, вклучувајќи го и Samsung, препорачуваат батеријата да се одржува над 50% секогаш кога е можно.

Препораки за оптимално полнење:

  • Полнете го телефонот кога ви одговара, без страв дека ќе ја оштетите батеријата.

  • Избегнувајте батеријата да паѓа под 20% колку што е можно поретко.

  • Не оставајте го телефонот долго време на полнач откако ќе се наполни до 100%.

  • Целосно празнење (до 0%) правете само повремено, доколку е потребно за калибрација.

Малите, повеќекратни полнења во текот на денот се безбедни и дури препорачливи. Она што треба да се избегнува се екстремите – редовно празнење до нула или долготрајно држење на полнач кога батеријата е целосно наполнета.

На овој начин, батеријата на вашиот телефон ќе трае подолго и ќе функционира поефикасно.

Извор: Benchmark

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп8 часа

Хороскоп за недела (10 август)

ОВЕН ЉУБОВ: Расположени сте за средба со личност која емотивно ве исполнува со убави мисли и позитивна енергија РАБОТА: Секогаш постои лесен...

Хроника13 часа

Трагедија на охридско езеро, жител на Бугарија при нуркање повеќе не излегол од водите на езерото

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т. (52) од Република Бугарија,...

Македонија17 часа

(ФОТО) Полиција од РЦ Запад, Франгово и Лабуништа запленија огревно дрво, безправно исечени, сторителите во бегство

На 08.08.2025 година во  14:30 часот, при контроли извршени кај месноста „Студенец“ во атарот на струшкото село Радолишта, полициски службеници...

Временска прогноза1 ден

Топлиот бран во Македонија ќе се задржи до следниот викенд

Територијата во Македонија се наоѓа под влијание на нов топол бран од Африка. Времето се до 15 август (петок) во...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (9 август)

ОВЕН Не сте осамени, имате на кого да се потпрете и се обидувате да најдете најдобар можен начин да се...

Кичево1 ден

(ВИДЕО) Во кичевското село Мидинци денеска беше осветен новиот Крст, симбол на надеж и љубовта Божја кон луѓето

Денес 08 август пред храмот „Св.Параскева“ позната како „Св.Петка“ во кичевското с.Мидинци се освети новиот Крст, симбол на нашата вера,...

Култура2 дена

Денеска се слави Преподобната маченичка Параскева, позната меѓународот како Св.Петка

Денес се одбележува споменот на Преподобната маченичка Параскева, која во народот е позната и како Света Петка. Таа е родена...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за петок (8 август)

ОВЕН Не се вознемирувајте премногу ако некој ве разочара утрово. Сочувството, разбирањето и општата помош што сте подготвени да им...

Македонија2 дена

РЦ Запад во координација со СВР Охрид санкционираа албански државјанки без регулиран престој

На 07.08.2025 во угостителски објект во струшкото село Велешта, Регионалниот центар Запад, полициски службеници од СВР Охрид, ОВР Струга, ПО...

Македонија3 дена

МВР изрече условна казна затвор и депортирање на германец поради говор на омраза, пред натпреварот Шкендија-Карабах

СВР Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка против државјанин на Германија за кривично дело...

НАЈЧИТАНИ