Кичево
Банкрот блуз-бенд заедно по 20 години во Кичево
По цели 20 години, култната македонска група „Банкрот блуз-бенд“ повторно ќе застане на концертен подиум во Кичево.
Настанот за паметење ќе се случи сабота (12.03.2022), во „Република 96250“ во Кичево, со почеток во 21:30 часот.
На сцената повторно ќе застанат Петар Ренџов, Сашо Гигов-Гиш и Игор Атанасовски-Харе.
– „Повелете, дојдете и бидете среќни со нас. Не затоа што сѐ наоколу е убаво,
туку затоа што можете убавината да ја пронајдете во искрениот блуз“ – порачуваат членовите на „Банкрот блуз-бенд“.
Резервации: 078-322-615
Кичево
(ФОТО) Кичево: Се работи во населба „Иванидол“, чекор по чекор до реализација на сите ветувања за подобар по квалитетен живот за сите граѓани
Веднаш по доаѓањето на новата локална самоуправа во Општина Кичево се отпочна со значителни чекори напред со нова енергија, нова визија и со цврста решеност да се работи заеднички без поделби, без разлики, со една единствена цел, подобар и подостоинствен живот за секој сограѓанин. Се исполнуваат дадените ветувања, а првиот доказ за тоа е започнатата реконструкција на ул. „Тренко Тасески“ во би рекле длавобко заборавената населба „Иванидол“, на должина од околу 800 метри. Инаку да потсетиме оваа населба беше застапена и во предизборните проекти на градоначалникот кој ја доби најголемата доверба од кичевчани.
Со нови тротоари, современи дренажни канали и целосно асфалтирање, оваа улица ќе добие модерен и функционален лик што одговара на стандардите на модерното урбано живеење. Подобрената безбедност, поквалитетната проодност и полесното секојдневно функционирање ќе бидат директен бенефит за сите жители од овој дел на градот.
– Со заедничка сила, со взаемна доверба и со постојана мотивација можеме многу. И ќе успееме. Кичево ќе биде пример за развој, за единство и за искрено работење во интерес на народот, ова е само почеток, стоиме зад проектите што ги ветивме и истите ќе се реализираат, чекор по чекор, со транспарентност и посветеност. Заедно ќе го градиме Кичево, Кичево кое обединува, Кичево во кое секој граѓанин има место и перспектива – за Порта.мк истакнаа од кабинетот на новиот градоначалник Д-р Александар Јовановски во текот на вчерашниот ден.
За сите новости и проекти кои следуваат, може да се најдат на официјалниот веб сајт од Општина Кичево – ТУКА
Кичево
„ЕВН КЕЦ Кичево“ најави прекин на електрична енергија на овие локации, работите на терен се планирани за вторник и четврток
Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа 18.11 и 20.11 – вторник и четврток, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата и објектите на следните места и села од град Кичево:
Кичево
ОВР Кичево лиши од слобода жител на струшко, кај с.Другово „летал“ со 107 км/ч, на место каде дозволено е 50 км/ч максимална брзина
На 11.11.2025 во 12:22 часот на во с.Другово, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(38) од с.Велешта, струшко. При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час во населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 50 километри на час, инфомираше МВР.
-
Кичево1 ден„ЕВН КЕЦ Кичево“ најави прекин на електрична енергија на овие локации, работите на терен се планирани за вторник и четврток
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (17 ноември)
-
Временска прогноза2 денаПопоски: Доаѓаат обилни врнежи од дожд кои ќе предизвикаат поплави, ќе има засилен ветер, западниот дел од државата ќе наврнат до 200 литри/м³ дожд
-
Хороскоп13 часаХороскоп за вторник (18 ноември)
-
Спорт2 дена(ФОТО) У17: Русија поуспешна од Македонија во вториот контролен меч, одигран денес во Струмица
-
Кичево2 часа(ФОТО) Кичево: Се работи во населба „Иванидол“, чекор по чекор до реализација на сите ветувања за подобар по квалитетен живот за сите граѓани
-
Македонија22 часаПоскапи нафтени деривати од ноќеска, ова е новата цена за источен литар
-
Македонија1 денНелегално ја преминал границата „Ќафасан“, потоа превезувал огревно дрво без таблици и без документација



