Автомобили
Bentley го враќа класичното купе со V8 мотор и погон на задни тркала
Bentley не се откажува од електрификацијата, но реши дека октанските адути сè уште имаат свое место.
Supersports повторно се враќа
Производителот потврди дека подготвува нова, поекстремна верзија на Continental GT, која најверојатно ќе ја носи ознаката Supersports.
Моделот ќе добие:
-
редизајнирана каросерија,
-
поагресивен стил,
-
мерки за намалување на масата.
За разлика од хибридниот погон со 4×4, овој автомобил ќе користи рафиниран битурбо V8 мотор кој ја испраќа моќноста само на задните тркала.
Првиот тизер видео-клип веќе откри дел од изгледот и препознатливиот звук на моторот. Бентли ја придружи премиерата со порака:
„Враќањето на легендарното име во семејството Бентли е неизбежно, 100 години по неговото прво претставување. Ова ќе биде редок автомобил, подготвен за перформанси.“
Агресивен и динамичен дизајн
Моделот е инспириран од прототипите забележани од „шпионски“ фотографи, но сериската верзија изгледа уште порадикално:
-
преден браник со огромни отвори за воздух и истакнат сплитер,
-
страничен профил со црни алуминиумски тркала,
-
заден фиксен спојлер, дополнителни аеролинии и масивен дифузер со четири издувни цевки.
Моќ и перформанси
Иако официјалните бројки сè уште не се објавени, се очекува:
-
4,0-литарски V8 битурбо мотор со околу 650 КС,
-
тежина намалена на околу 2.000 кг,
-
задниот погон и суспензијата да понудат поостро и поигриво возачко искуство.
Иако е послаб од GT Speed PHEV (770 КС) и претходниот Supersports W12 (710 КС), фокусот е ставен на чистото уживање во возењето, а не на „трката со коњски сили“.
Цена и ексклузивност
-
ќе се произведува во ограничен број примероци,
-
цената ќе биде значително повисока од Continental GT Speed (280.000 €),
-
се очекува новиот Supersports да чини над 300.000 €.
Извор: Index
Автомобили
(ВИДЕО) „Tuning Car Show“ во Прилеп доби нова димензија со видеата на тимот од „Autodonia“
Традиционалниот „Tuning Car Show“ во Прилеп дефинитивно е еден од најпрестижните манифестации за сите љубители на автомобилизмот. На 11-ти октомври традиционално се одржа и овогоднинешното издание под покровителство на Општина Прилеп и останатите спонзори.
Вообичаено забележителни се многу видеографи, доста компании кои овој настан знаат и умеат да го пренесат, но токму нас, впечатлив пренос на овој настан ни остави „Autodonia“. Неуморните дечки на чело со Nenad Kaevik. Дечкото е специјализиран за изработка на визуелно импресивни и високо функционални дигитални решенија. Вистински љубеник на автомобилизмот кој успева на секој битен настан да биде прв.
Во оваа прилика од нашиот медиум упатуваме честитка за успешна работа, а вие не чекате уште веднаш посетете го неговиот бизнис инстаграм профил ТУКА – верувајте има што да видите, за повеќе информации за неговата работа и портфолио погледнете ТУКА
Промо видео од „Tuning Car Show“ – Прилеп:
Автомобили
Volvo го прекинува производството на моделот V90 — последниот примерок оди во музеј
По девет години и речиси 250.000 произведени примероци, Volvo официјално го прекина производството на моделите V90 и V90 Cross Country. Со тоа, уште еден од најелегантните каравани на пазарот заминува во историјата.
Класата на каравани веќе подолго време полека исчезнува, заменета со SUV модели кои доминираат во продажбата. Според порталот Carscoops, шведскиот производител Volvo Cars го стави крајот на производството на V90 и неговата надградена верзија V90 Cross Country по речиси една деценија на пазарот. Иако оваа одлука беше најавувана веќе неколку години, за многу љубители на класичните каравани ова е тажен момент.
Volvo го лансираше V90 во 2016 година, а дизајнот доби суптилно освежување во 2020 година. И денес, моделот изгледа модерно и префинето, со типичен скандинавски стил. Во текот на својот животен циклус, V90 понуди богата палета на мотори — од 2.0-литарски турбодизел со 148 коњски сили, до турбополнет и компресорски бензинец со 316 КС, па сè до plug-in хибрид со импресивни 455 КС.
Вкупно беа произведени околу 250.000 примероци, а последниот V90 нема да биде ставен во продажба. Наместо тоа, Volvo го додаде во својата колекција Heritage, каде ќе биде изложен во музејот „Светот на Volvo“ (World of Volvo) во Гетеборг. Таму ќе стои рамо до рамо со легендарни модели како Volvo 145, Volvo 960 и Amazon P220.
Судбината на V90 беше неизвесна веќе подолго време. Кон средината на 2023 година, Volvo објави дека ќе ја прекине продажбата на моделите V90, S90, S60 и V60 на британскиот пазар, во рамките на транзицијата кон SUV возила. Сепак, помалку од една година подоцна, поради зголемената побарувачка, компанијата повторно ги врати V60 и V90 во продажба во Велика Британија.
Со престанокот на производството на V90, моделот V60 останува единствениот караван во понудата на Volvo. Но, бидејќи сегашната генерација е на пазарот од 2018 година, не е сигурно колку долго ќе опстои. Се шпекулира дека Volvo би можел целосно да се збогува со караваните по моделската 2026 година, завршувајќи една славна ера што го направи брендот светски препознатлив.
Извор: BUG
Автомобили
(ФОТО) Кичево и Бојоски денеска со високо трето место на „авто слалом“ во Прилеп по повод 11-ти Октомври
Нашиот кичевчанец Кристијан Бојоски го освои високото трето место во класа над 1600 cм³, и четврто место во друга класа на „Авто слалом“ трката денес по повод 11-ти Октомври традиционално во Прилеп – во организација на Авто мото клуб „Автомото Класика“ – Прилеп

Кристијан Бојоски (трето место)
Повеќе фотографии од овој настан може да download-ирате во продолжение ТУКА, во следните чекори „View content“ > Download (icon). Во оваа прилика им благодариме за официјалната покана до Порта.мк на „Автомото Класика“, се гледаме до година.
И на крај пред претставување на галеријата, оваа прилика ја користиме да го поздравиме со топло добредојде во тимот „Авто шлеп“ – Лони Кичево кој од денес на сите интернационални и домашни натпреварувања ќе го вози модифицираното возило на Кристијан Бојоски!
Мал дел фотографии:
-
Кичево10 часаВчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
-
Кичево2 денаУтре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
-
Хороскоп1 денХороскоп за сабота (25 октомври)
-
Спорт4 часаФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско
-
Македонија1 денВисоки претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар
-
Македонија2 денаВо недела наутро започнува зимското сметање на време, со тоа што стрелките се враќаат еден час поназад
-
Македонија2 денаАМСМ: Поради излетано тешко товарно возило, патот Скопје-Куманово кај Хиподром (обиколница) е во прекин
-
Временска прогноза12 часаОд утре доаѓа бура од дождови во западниот регион од Македонија










