Следете не

Македонија

Бензините остануваат со иста цена, додека дизелот поскапува

Објавено пред

на

©porta.mk

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.08.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ 1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.08.2024 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,50 ден/лит.

Македонија

(ФОТО) СВР Охрид реализираше едукативно-превентивна кампања „Не пиј кога возиш“, додека ОВР Кичево ја спроведе „Паркирај совесно, паркирај одговорно” за сите учесниците во сообраќајот

Објавено пред

на

ФОТО: Министерство за внатрешни работи

Изминатиов викенд, Отсекот за превенција при СВР Охрид, на подрачјето на Охрид, ја реализираше едукативно-превентивната кампања – „Не пиј кога возиш“. Целта на кампањата е насочена кон подигнување на степенот на безбедносна култура и на свеста кај граѓаните за зголемена внимателност и будност кај сите учесници во сообраќајот а пред се кај возачите на моторни и други возила што треба да придонесе за повисока безбедност во сообраќајот.

Притоа, полициските службеници од Отсекот за превенција, во соработка со полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид и со Републичкиот совет за безбедност на сообраќај на патиштата, на повеќе пунктови во градот и во приградските населби, на возачите на моторни возила и другите учесници во сообраќајот, низ непосредна комуникација им укажуваа на доследно придржување кон правилата и прописите во сообраќајот, почитување на поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сигнализација, исклучиво придржување кон дозволената брзина на движење со моторни возила и некористење мобилни телефони во текот на возењето.

Посебно беше посочено дека, управување моторно возило под дејство на алкохол нема да биде толерирано и дека законските санкции, во такви случаи, ќе бидат доследно и неселективно применувани. На возачите на моторни возила, им беа поделени летоци и друг едукативен материјал со низа практични совети кои водат кон јакнење на личната, но и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Истовремено и полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата при ОВР Кичево, на подрачје на Кичево ја спроведоа едукативно-превентивната кампања „Паркирај совесно, паркирај одговорно”. Полициските службеници во непосредните контакти со возачите на моторни возила како учесници во сообраќајот, укажуваа на потребата и законската обврска за одговорно придржување до законските одредби за безбедност во сообраќајот. Воедно, на возачите им беа делени едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП, известува Министерството за внатрешни работи.

Прочитај повеќе...

Македонија

Од ноќеска цената на дизел и бензин горивата се намалува

Објавено пред

на

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.01.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 72,00 ден/лит, известува РКЕ.

Прочитај повеќе...

Македонија

(ВИДЕО) МВР: Сузбиена меѓународна криминална група инволвирана во фалсификување пари

Објавено пред

на

На 02.01.2025 реализирана е меѓународна истрага координирана од страна на ЕУРОПОЛ, македонската и српската полиција, а под раководство на надлежните јавни обвинителства, при што сузбиена е организирана криминална група инволвирана во извршување на кривично дело фалсификување пари, која делувала на териториите на повеќе држави.

Во периодот од крајот на 2023 година до февруари 2025 година на територијата на Република Македонија и на Република Србија формирана е организирана криминална група, составена од македонски и српски државјани, која имала за цел изработка и пуштање во оптек на фалсификувани пари. Во стан на подрачје на Скопје, по претходно направени специјални машини со гравирани плочи кои имитирале сигурносни знаци на пари, биле изработувани лажни пари во различни апоени. Вака изработените лажни пари организираната криминална група ги пуштала во оптек во платниот промет на Република Македонија и Република Србија, а голем дел од нив завршувале и во платниот промет на Австрија, Германија, Романија, Словенија, Хрватска и Косово.

Во рамки на акцијата на територија на Република Македонија, врз основа на претходно обезбедени наредби од Основен кривичен суд, извршени се претреси на повеќе локации на подрачје на Скопје, Велес и Прилеп кај правни и физички лица, при што лишени од слобода се 10 лица (девет лица од Скопје и едно лице од Велес). При извршените претреси пронајдени и одземени се предмети и парични средства кои ќе бидат предмет на вештачење и тоа: околу 500.000 евра, 25.000 американски долари, 500 швајцарски франци, 1.800 израелски шекели, 500 хрватски куни, 10.000 албански леки, 1.000 шведски круни и 25.000 рубљи, CNC машина за изработка на калапи, калапи, жигови и валјаци со кои се изработувале фалсификуваните пари, копии од делови од банкноти, три пиштоли, една пушка, 100 парчиња куршуми калибар 9 мм, 40 патрони калибар 12 мм, кесе исполнето со бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, повеќе телефонски апарати, СИМ картички, УСБ и лаптопи.

Во рамки на акцијата спроведена во Република Србија лишени од слобода се шест лица, членови на организираната криминална група, при што пронајдени и одземени се околу 153.700 евра.

Активностите ќе продолжат и понатаму во рамки на отворената меѓународна истрага и во текот на денешниот ден од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал ќе биде поднесена кривична пријава против шест македонски и двајца српски државјани.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево3 часа

„Супра Психолошкиот Центар“ во соработка со кичевската ПЗУ „Супра Медика“ организира бесплатно пријавување на луѓе за поддршка на болни од малигни заболувања

„Супра Психолошки Центар“ во соработка со ПЗУ „Супра Медика“ од Кичево, организира бесплатно вклучување на луѓе кои боледуваат од малигни...

Магазин3 часа

„DeepSeek“ може да биде забранета во САД

Според предвидувањата на извршниот директор на ARM, апликацијата DeepSeek би можела да стане подеднакво популарна во САД како и TikTok....

Магазин3 часа

YouTube – Две децении доминација во интернет видеото

YouTube минатата година достигна повеќе од 2,5 милијарди гледачи ширум светот, а бројот на претплатници на неговите музички и премиум...

Lifestyle3 часа

Прополис и топол пијалок – природен начин за чистење на белите дробови и синусите

Прополисот е природен производ со антибактериски, антивирусни и антигабични својства, кој помага во борбата против настинки, бронхитис и респираторни проблеми....

Lifestyle3 часа

Како да се спречи губењето на колаген? 6 едноставни навики за поздрав изглед

Колагенот е одговорен за младешкиот изглед на кожата, но неговата количина се намалува со возраста. Еве како можете да го...

Магазин3 часа

Протече цената на Nintendo Switch 2 – фановите задоволни

Иако Nintendo Switch 2 беше официјално најавен претходно оваа година, потенцијалните купувачи сè уште не знаат колку ќе чини новата...

Магазин4 часа

ChatGPT повеќе не бара најавување за пребарување

OpenAI објави дека ChatGPT сега може да се користи за пребарување без потреба од најавување. Оваа промена му овозможува на...

Кичево5 часа

Полициски службеници од ОВР Кичево одржаа едукативни работилници во ООУ „Санде Штерјоски“, на тема „Булинг и сајбер булинг“

Во понеделникот на 10.02.2025 г. полициски службеници од ОВР Кичево, пред околу 50 ученици од деветто одделение во основното општинско...

Временска прогноза5 часа

Доаѓа снежен бран на високите места, најпрво ќе резултира со дожд со умерен интензитет

Во следните часови насекаде во нашата Република Македонија ќе имаме релативно ладно време, а повремено ќе дува и ветер од...

Кичево15 часа

Вечерва тешка сообраќајка се случила кај с.Колибари кичевско, бил прегазен пешак

Пред нешто повеќе од половина час се случила сообраќајна несреќа на регионалниот пат во близина на с.Колибари кичевско, на раскрсницата,...

НАЈЧИТАНИ