Следете не

Спорт

Без забелешки за судиите од првата македонска фудбалска лига, додека во ВМФЛ има погрешна проценка на главниот судија на мечот „ФК Детонит“ против „ФК Осогово“

Објавено пред

на

©porta.mk ©ФФМ

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 11. коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФК Работнички – ФК Вардар одигран на 22.10.2023 година, анализирана е ситуацијата од 76 минута.

Главен судија: Игор Стојчевски. Помошни судии: Дејан Димитријевиќ и Дарко Јовчевски.

76. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за гостинската екипа при резултат 0:0)

После центрирана топка во шеснаесетникот на домашната екипа, играч на гостинската екипа со глава биеше кон голот на домаќините, по ударот кон голот топката удри во раката, па во глава на противнички играч, главниот судија со кратка задршка досуди пенал за гостинската екипа.

Исправна одлука на главниот судија што досуди пенал за гостинската екипа, бидејќи топката го удри играчот на домашните во раката па главата (иако беше тешка за проценка, раката на  играчот од одбраната во опишаната акција беше апсолутно во неприродна положба, високо подигната над главата и близу до главата)

Главниот судија беше одлично поставен и имаше јасна прегледност на ситуацијата, затоа судиската комисија по разгледување на ситуацијата (која е многу тешка за проценка, дали топката прво удира во рака па глава или обратно) останува со одлуката на главниот судија пресудена во тој момент, бидејќи главниот судија имаше најдобар видик и беше одлично поставен.

На натпреварот  ФК Шкендија – ФК Брера А.П одигран на 22.10.2023 година, анализирана е ситуацијата од 26. минута.

Главен судија: Димитар Пилешков. Помошни судии: Христијан Џонов и Мартин Петковски .

26. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за гостинската екипа при резултат 0:0)

Играч на гостинската екипа во шеснаесетникот на домаќините ја имаше топката во посед, потоа си даде долг фор (топката излезе надвор од теренот), но во моментот кога си ја додаде топката во фор, голманот на домашната екипа направи минимален контакт над ногата на противникот, а тој контакт играчот на гостите сакаше да го искористи да изнуди пенал.

Исправна одлука на главниот судија, досуден индиректен слободен удар за домашната екипа и доделен жолт картон за гостинскиот играч (симулација за пенал).

На натпреварот ФК Силекс – ФК Тиквеш одигран на 22.10.2023 година, анализирана е ситуацијата од 61. минута.

Главен судија: Марјан Младеновски. Помошни судии: Дејан Костадинов и Бранко Путилин.

61. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за гостинската екипа екипа при резултат  0:0)

Играч на гостинската екипа упати долга топка кон соиграч во шеснаесетникот на домашната екипа и странично од голот, на топката тргнаа голманот на домаќините и противнички играч, играчот на гостите прв стигна до топката, ја удри и потоа почна да паѓа (сакајки да изнуди пенал) и потоа при падот дојде до минимален коткат со рацете на голманот.

Исправна  одлука на главниот судија, досуди индиректен слободен удар за екипата на домаќините и додели жолт картон за играчот на гостите поради симулација за да изнуди пенал.

На натпреварот ФК Шкупи – ФК Брегалница одигран на 22.10.2023 година, анализирана е ситуацијата од 31. минута.

Главен судија:Влатко Илиоски. Помошни судии: Зоран Јанкулоски и Мартин Дејаноски.

31. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за гостинската екипа при резултат 1:0 )

Играч на гостите прими топка странично во шеснаесетникот на домашната екипа, во моментот кога сакаше да помине противнички играч, противничкиот играч направи недозволен старт (газење) на ногата на гостинскиот играч.

Исправна одлука на главниот судија што досуди пенал за гостинската екипа за недозволен старт (газење).

Главниот судија беше идеално поставен, близу ситуацијата и имаше јасен преглед.

На натпреварот ФК Македонија Ѓ.П – ФК Струга Трим Лум одигран на 22.10.2023, анализирана е ситуацијата од 42. минута.

Главен судија:Стојан Трпчевски. Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов.

42. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (несигнализирано офсајд позиција на гостински играч, постигнат регуларен гол при резултат 0:1)

Играч на гостинската екипа додаде топка до свој соиграч во шеснаесетникот на домашната екипа, соиграчот ја прими топката и постигна гол.

Исправна одлука на првиот помошен судија што дозволи играта да продолжи и да се постигне гол, бидејки играчот на гостите што постигна гол во моментот на додавање на топката од својот соиграч се наоѓаше во дозволена позиција (во линија со претпоследниот играч од одбраната на домаќините).

На натпреварот ФК Гостивар – ФК Воска одигран на 22.10.2023 годинаиако немаше спорни ситуации за судиска анализа, судиската комисија не е задоволна од менаџирањето на главниот судија со крајот на натпреварот.

Судиска анализа за 9. коло од ВТОРА МФЛ за сезона 23/24

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 9. коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  ФК Саса – ФК Беласица одигран на 21.10.2023 година, анализирана е ситуацијата  од 45+2 минута.

Главен судија: Бењамин Керими. Помошни судии: Дарко Видиниќ и Александар Ѓурковски.

45+2 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за гостинската екипа и доделен ЦРВЕН картон за домашен играч)

Играч од екипата на гостите прими топка од свој соиграч во шеснаесетникот на домашната екипа, во моментот кога ја прими топката се наоѓаше сам пред голманот на домашната екипа и во очигледна шанса за гол, пред да шутне кон голот на домашната екипа беше влечен за тело од претпоследниот играч од одбраната на домашните и спречен во акцијата.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на гостите и доделен ЦРВЕН картон за играчот на домашната екипа поради недозволен старт (влечење) и спречување очигледна шанса за гол.

На натпреварот ФК Арсими – ФК Пелистер одигран на 21.10.2023 година, анализирана е ситуацијата од 90+2 минута.

Главен судија: Крумислав Ѓорѓиев. Помошни судии: Александар Гигов и Роберт Црвенов.

90+2 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (сигнализирано офсајд позиција и поништен гол за домашната екипа при резултат 1:1)

Играч на домашната екипа прими топка од свој соиграч надвор од шеснаесетникотна гостинската екипа, од кога ја прими топката, шутна кон голот на гостинската екипа и постигна гол.

Исправна  одлука на првиот помошен судија, сигнализираше недозволена офсајд позиција за домашниот играч и голот беше поништен, бидејќи играчот во моментот кога му беше додадена топката од својот соиграч се наоѓаше позади претпоследниот играч од гостинската екипа.

На натпреварот  ФК Вардар Неготино – ФК Тетекс одигран на 21.10.2023 година, анализирани се ситуациите од 26. и 59. минута.

Главен судија: Владимир Ѓорѓиевски. Помошни судии: Владимир Митревски и Дарко Василевски.

26. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за гостинската екипа при резултат 0:0)

Играч на гостинската екипа прими топка од свој соиграч во шеснаесетникот на домашната екипа, до него имаше два противнички играчи и едниот од нив минимално го турна играчот на гостите, по што истиот од тој контакт падна, сакајќи да изнуди пенал.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи контактот беше минимален и недоволен за да се досуди пенал.

59. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за домашната екипа при резултат 0:0)

Играч на домашната екипа беше во посед на топката странично во шеснаесетникот на гостинската екипа, гостинскиот играч кој трчаше паралелно со него и минимално со тело направи контакт со играчот на домашните, при што играчот на домашните падна.

Исправна проценка на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки контактот беше минимален и недоволен за пенал.

На натпреварот  ФК Детонит – ФК Осогово одигран на 21.10.2023 година, анализирана е ситуацијата од 44. минута.

Главен судија: Јордан Јовановски. Помошни судии: Иван Танев и Кирил Манчев.

44. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за домашната екипа при резултат 0:0)

Играч на домашните центрираше топка во шеснаесетникот на гостинската екипа, играч на гостинската екипа ја одби топката до играч на домашните, истиот шутна кон голот на гостите и противнички играч ја блокираше топката со рацете прилепени до телото, главниот судија ја прекина играта и досуди пенал за домашната екипа.

Погрешна одлука на главниот судија што досуди пенал за домашната екипа, бидејки играчот на гостинската екипа коректно го блокираше шутот, односно рацете му беа прилепени до телото и немаше неприродна положба на рацете, ниту зголемен волумен.

Иако главниот судија е добро поставен и има јасна прегледност, донесе погрешна одлука.

На натпреварот  ФК Новаци – ФК Охрид одигран на 21.10.2023 година, анализирана е ситуацијата од 23. минута.

Главен судија: Христијан Божиновски. Помошни судии:Борис Трајков и Марјан Смилкоски.

23. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за домашната екипа при резултат 1:1)

Играч на домашните додаде топка до свој соиграч во шеснаесетникот на гостинската екипа, играчот ја прими топката и во тој момент играч од екипата на гостите му ја изби топката и потоа дојде до минимален контакт со ногата на играчот на домаќините.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи играчот на гостите прв ја удри топката и отпосле дојде до минимален контакт.

Главниот судија беше близу ситуацијата и имаше одлична прегледност.

На останатите натпревари од ВТОРА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа, за медиумите истакна ФФМ.

Спорт

Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар

Објавено пред

на

На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.

По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Дополнително:

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град

Објавено пред

на

©porta.mk

Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра, што на крајот им донесе заслужен триумф против респектабилниот противник. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати, но победничкиот погодок беше постигнат во самиот финиш од средбата.

Македонскиот тим поведе уште во 2. минута преку Драган Петков, а предноста беше зголемена во 23. минута кога Стефан Стојаноски се запиша во листата на стрелци.

Во вториот дел, турската репрезентација ги искористи пропустите во македонската одбрана и со головите на Ајаз Озбугуту во 51. и Нојан Озкан во 60. минута го израмни резултатот.

Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Павел Димоски во судиското продолжение постигна гол за голема радост и конечни 3:2 за Македонија. Момчето кое потекнува од Кичево и своите почетоци ги имаше токму во нашиот клуб „ФК Кичево“ уште еднаш покажа што значи труд, дисциплина и желба за победа. Браво Павел, нашиот град и „ФК Кичево“ се горди на тебе и твоите другарчиња кои не претставувате во право светло!

Во продолжение може да го погледнете маестралниот гол на нашиот кичевчанец, кликнете ТУКА

– Еден помалку познат факт за нашите читатели е тоа што, вториот постигнат мајсторски гол, е дело на Стефан Стојаноски играч на „Академија ФФМ“ исто така момче од Кичево моментално неговиот матичен клуб е  неговите родители и блиска фамилија се сите од Кичево.

Значи и Стефан и Павел ги заслужуваат сите почести за денешната победа против Турција, БРАВО дечки, само НАПРЕД!

Број 7, Стефан Стојаноски

Број 7, Стефан Стојаноски

Состав на Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.

Состав на Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.

Целиот меч преку официјналниот канал на ФФМ, може да го проследите во продолжение:

Прочитај повеќе...

Спорт

Во просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември

Објавено пред

на

©porta.mk

Комисијата за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација, во состав на Масар Омерагиќ претседател на ФФМ, Горан Пандев директор на Национални репрезентации, Николче Новески раководител на скаутинг-службата на ФФМ, Агим Ибраими член на Управниот одбор на ФФМ и Марјан Стојковски потпретседател на ФФМ (присутен online), денеска одржа работен состанок.

На средбата разгледана била актуелната состојба во националниот тим, потребите за претстојниот квалификациски циклус и профилот на тренер кој е неопходен за унапредување на конкурентноста и организацијата на најдобрата македонска селекција.

Членовите на Комисијата според ФФМ дебатираа на конструктивна дискусија заснована врз стручни параметри, систем на работа, долгорочна стратегија, модел на развој на играчите и стремеж кон резултатска стабилност. Во процесот на избор посебен акцент бил истакнат на потребата од тренер кој добро ги познава домашните фудбалски токови, го разбира потенцијалот на македонските фудбалери и може да внесе јасна тактичка визија и дисциплина во репрезентацијата.

Комисијата ќе го достави својот предлог македонски стратег кој, според направените анализи, ги исполнува утврдените критериуми. Конечната одлука ќе ја донесе Управниот одбор на ФФМ, најдоцна до 25 декември.

Фудбалската федерација на Македонија останува посветена на професионален и транспарентен процес, со цел изборот на новиот селектор да обезбеди квалитетна и стабилна работа на македонската А-репрезентација.

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп6 часа

Хороскоп за вторник (16 декември)

ОВЕН Направете планови за работа што ќе бара вистински професионалци, веројатно луѓе постари од вас. Без разлика на кој пол...

Македонија13 часа

Од ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 2,00 ден/лит, во...

Скопје16 часа

(ФОТО) Успешно реализиран првиот четиридневен „Startup Revolution AI Summit“ во Скопје со над 1200 учесници од регионот и пошироко

Четиридневниот Startup Revolution AI Summit, одржан од 27 до 30 ноември 2025 година, го претвори Скопје во најголемиот собирен простор...

Кичево16 часа

ТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда

На 14.12.2025 во 20:45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека настанал пожар во зграда на улица „Маршал Тито“ во...

Фото: Steven Ungermann @ unsplash Фото: Steven Ungermann @ unsplash
Lifestyle17 часа

Идеално решение за мувла во бањата: експертски совети за ефикасна превенција

Мувлата во бањата е чест проблем со кој се соочуваат речиси сите домаќинства. Сепак, со неколку едноставни и практични мерки...

Фото: Taylor Beach @ unsplash Фото: Taylor Beach @ unsplash
Lifestyle17 часа

Патник споделува трикови за паметно пакување: „Носете ги најтешките предмети врз себе“

Паметното пакување може значително да ви заштеди простор, тежина и стрес при патување. Искусни патници советуваат дека со неколку едноставни...

ФОТО: Levart_Photographer @ Unsplash.com ФОТО: Levart_Photographer @ Unsplash.com
Магазин17 часа

Disney инвестира 1 милијарда долари во OpenAI и ги отвора своите легендарни ликови за вештачка интелигенција

Компанијата Walt Disney објави дека инвестира 1 милијарда долари во OpenAI и потпишала тригодишен договор за лиценцирање, со кој корисниците...

Фото: William Hook @ unsplash Фото: William Hook @ unsplash
Магазин17 часа

По iOS 26.2, Apple оди чекор понатаму: 10 клучни функции доаѓаат со идните верзии на iOS

Протечени информации од внатрешниот програмски код на Apple откриваат амбициозни планови за идните верзии iOS 26.4, iOS 27 и iOS...

Фото: Laurenz Heymann @ unsplash Фото: Laurenz Heymann @ unsplash
Магазин17 часа

Apple ги објави најпопуларните апликации и игри за iPhone и iPad во 2025 година

Apple ја објави официјалната листа на најпреземаните апликации и игри за iPhone и iPad уредите за 2025 година, откривајќи кои...

На денешен ден20 часа

Времеплов: На денешен ден (15 декември)

На денешен ден 15 декември, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед...

НАЈЧИТАНИ